Посредник за вработување во државни фирми? WTF

  • Креатор на темата Креатор на темата musketarr
  • Време на започнување Време на започнување
А некој пријави во полиција? Или од многу коментирање на форумот заборавивте? musketarr Освен што отвори тема се јави во полиција или не ти текна некој друг чекаш да се јави?
Зошто не ја исклучуваш можноста дека некој има амин од погоре да прави вакви работи? И што ако пријавиш во полиција?
 
Зошто не ја исклучуваш можноста дека некој има амин од погоре да прави вакви работи? И што ако пријавиш во полиција?
Сега влегуваме во теории на заговор, нека пријави некој па да видиме дали Мвр ќе уапси некој и дали ќе реагира , ако не реагира и се заташка работава тогаш и јас би се согласил дека некој од погоре дава Амин. Инаку тој спомна и ЕВН а таа не државна компанија, значи не се само државни. Инаку според мене типот е преварант и чека овци што ќе му дадат пари, а според мене ако има будали што имаат вишок пари и дефицит мозок слободно нека идат кај типот да им ''среди работа''. Инаку ако се случуваше ова со амин од горе типот немаше да бара преку огласи жртви да се бламираат и да постои можност некој да видат што прават, туку ќе се договорија тајно а не преку огласи да нуди можност да посредување.
 
Абе Лионче се правиш ко да не живееш во Македонија :) Никоја будала не става јавно вакви работи без аманет ;) ама ајде еве пријави.
 
Абе Лионче се правиш ко да не живееш во Македонија :) Никоја будала не става јавно вакви работи без аманет ;) ама ајде еве пријави.

Всушност, во право е. Можно е да е некој преварант. Се знае, за вакви работи заседава штаб, а не се оди преку огласи. Олимпик Лион ако не знае, не знам кој. :D
 
Обично оној што пријавува, прв наебу+а.

Баба ми раскажуваше една „приказна“: фатиле двајца крадци и ги затвориле. Едниот украл две вреќи слама, другиот две вреќи пари. На крај оној што украл пари го пуштиле, а оној што украл слама го осудиле.
-Ама како така? -се бунел сламарот- па јас украдов, само две вреќи слама и ме затварате, а тој украде две вреќи пари, и него го пуштате.
-Е, му рекле- извини, ама судијата не јаде слама.
Наравоучението донесете си го сами.
 
Абе Лионче се правиш ко да не живееш во Македонија :)1. Никоја будала не става јавно вакви работи без аманет ;)2. ама ајде еве пријави.
1. Сакаш да кажеш сите криминалци и преваранти во Македонија чекаат аманает ако не добијат аманет ќе се вработат како нормални луѓе нема да прават криминал.:D
2.Јас не ја отворив темава ниту глумам загриженост што има некој овци што ќе му дадат на овој пари слобоодно нека даваат додека има овци ќе има волна. Инаку не е првпат во македонија да има афери со измамници кој посредуваат вработување во странство или тука. Само стара финта нова будала. Не викам дека такви посредници не постојат ама во принцип добар дел се преваранти.
 
abe rabotno mesto so 400 eura plata za edna godina ce si gi vratis parite. inaku sumava vazi i za partiskite vrabotuvanja kolku sto sum slusal muabeti...
 
Всушност, во право е. Можно е да е некој преварант. Се знае, за вакви работи заседава штаб, а не се оди преку огласи. Олимпик Лион ако не знае, не знам кој. :D
Абе ти ако во секој пост не ги :гомце: , овие од власта и ако не залепиш некоја партиска етикета може запек ќе добиеш. А нешто против овие отпорашите немам видено нешто да :гомце: . Ама да Biafranic Ливерпул Дпмне е неутрален:)
 
А некој пријави во полиција? Или од многу коментирање на форумот заборавивте? musketarr Освен што отвори тема се јави во полиција или не ти текна некој друг чекаш да се јави?
Јас не се јавив. Ти се јави или само се правиш џек на форумов од преголема желба да си различен од другите?
 
Јас не се јавив. Ти се јави или само се правиш џек на форумов од преголема желба да си различен од другите?
Знам дека не си се јавил не ни очекував ни од тебе ни од некој друг што солеше памет на темава. Јас не ја отворив темата и не глумам загриженост, па да се јавувам ако има овци нека ги шиша типот, ама не отварам теми како тебе и не глумам лажна загриженост. Ако за тебе е џек е некој што преку таквото му е од лажната загриженост и моралност и јадење бурек само, ти благодарам на комплиментот.
П.С А ти џек си што ја отвори темава?Хипотетички ако твојот дом или на соседот се опожари ќе отвараш тема или ќе се јавиш во противпожарна?Или ако те спука не дај боже инфаркт на тебе или некој близок ќе се јавиш во Брза помош или ќе отвараш теми на форум?
П.С.С Евн државна компанија(y):facepalm:
 
Се извинувам што те изнервирав, не сакам да се контрам. Поздрав
 
Обично оној што пријавува, прв наебу+а.

Баба ми раскажуваше една „приказна“: фатиле двајца крадци и ги затвориле. Едниот украл две вреќи слама, другиот две вреќи пари. На крај оној што украл пари го пуштиле, а оној што украл слама го осудиле.
-Ама како така? -се бунел сламарот- па јас украдов, само две вреќи слама и ме затварате, а тој украде две вреќи пари, и него го пуштате.
-Е, му рекле- извини, ама судијата не јаде слама.
Наравоучението донесете си го сами.
Не ми се свиѓа приказнава.
Единствено нешто што не учи е да бидеме покорни пред неправдата.
Паметен човек би ја продал сламата, би купил лимони, вложил во акции и платил снајпериста да го упуца судијата во глава :вонзем:

П.С Малите лопови се по затвори, големите седат во парламент ;)
 
И шо ви е толку чудно , не се од вчера продаваат работни места..
 
вреди за вакви работни места да му се јавите на посредникот :pos:

29149ba449c2.jpg
 
И шо ви е толку чудно , не се од вчера продаваат работни места..

Тоа дека го има, го има. Чудното е што некој може на оглас да стави такво нешто и наместо да биде казнет, се’ се сведува на сеир.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom