Последниот крик на Централниот регистар

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
Знае ли некој за ова човеци? Нели логично е по мејл да го пратиш кога веќе казнуваат за немање мејл? :)

Нашиве со логика се скарани. Мора директно таму да отидеш. Само прават гужва без врска.
 
Донеле на две на три 80 закони откако опозицијата и дуи излегоа од собрание , а народов никако да се побуни јебеш .

Оди вицот за агата и некој напатен наш го носел кркуш таму и на сред пат на агата му се приклецало, арно ама во соблекувањето на бечвите му паднал кубурот на нашиот напатен трпелив. Прашал агата за што е оваа работа, добил одговор за зло време. Е од тоа време по зло време да го ебам.
 
Не смее да се казнува за законот, пред тој да излезе во службен весник...
а тоа за 500 денари... за некоја фирма не дека е голема апра.. али не е кој знае колку многу...

Ако не е голема пара сите што имаат регистрирано фирма во мкд нека дојдат кај мене на врата и нека ми остават 500 денари. И еден денар да е мој е!
 
Донеле на две на три 80 закони откако опозицијата и дуи излегоа од собрание , а народов никако да се побуни јебеш .
Зашо да се буни народот? :Ѕ шо има спорно?
@ leandra Шо ке правиш ти со тој 1 денар? свои цели... барем така одат у државната каса...
 
Имаш ли своја фирма?
 
Не.. немам фирма што гласи на МОЕ име...

Јас имам и знам колку месечно и давам на државава. И знам колку нови давачки секој ден ни наметнуваат. А дали 500 денари се голема или мала пара плус од давачките кој ги имам, јас кажувам,бидејќи јас плаќам. Еден денар не давам за политиката која ми ја водат пред очи,ни еден. За секој денар ги колнам кој присилно ми го наметнуваат преку глупи закони. Па и кога ќе ми текне дека„раниме“ цитровци со наши пари ми доаѓа да се упукам у колено.
 
Од тебе зависи дали сакаш да ја држиш фирмата или не... ако не ти годи... ликвидирај ја фирмата.... а 500 еднократно се дават...
патем.. кога почна веќе... наведи ги тие глупи закони, и давачки за кои збориш....
 
Убаво реков,сите со 500 денари кај мене пред врата еднократно да ми ги дадете. Ќе ви изградам споменик во чест на гестот.
Безбедност при работа - елаборат (за канцеларисла работа)
Сите компјутери во канцеларија да имаат лиценциран софтвер.
Таксени марки на уплатница.
Потврда од суд за прекрошчна пријава на фирма,стечај и управител заедно со потврда од централен регистар за стечај и управител. (ефект два во еден)
Тековна сметка и решение не постаро од 30 дена.
Фирмарина,мтв и улично осветлување.
На овие ми текна досега.
 
Зашо да се буни народот? :Ѕ шо има спорно?
@ leandra Шо ке правиш ти со тој 1 денар? свои цели... барем така одат у државната каса...

Омг уште прашуваш, без расправија без ништо ги донеле , никој не знае што содржат тие закони, а денеска не раздени дека за регистрација на емаил , разни печати и што ти не фирмата 500 ден треба да плати, пред тоа беше ѓубрарина, хасап, даноци, ова она , документ за тоа овоа оноа и кога ќе се збере се на се испаѓа дека плаќаш 10 000 месечно само за кур ташак
 
Убаво реков,сите со 500 денари кај мене пред врата еднократно да ми ги дадете. Ќе ви изградам споменик во чест на гестот.
Безбедност при работа - елаборат (за канцеларисла работа)
Сите компјутери во канцеларија да имаат лиценциран софтвер.
Таксени марки на уплатница.
Потврда од суд за прекрошчна пријава на фирма,стечај и управител заедно со потврда од централен регистар за стечај и управител. (ефект два во еден)
Тековна сметка и решение не постаро од 30 дена.
Фирмарина,мтв и улично осветлување.
На овие ми текна досега.
*1 не гледам ништо лошо во употребата на заштитни средства, и прилагодувањето на работното место на физичките и психичките потреби.
*2 имаш COPYRIGHT Protection... казниво е секаде... имаш free лиценцниран софтвер од линукс
уплатиници отсекогаш имало... не се проблем до толку... тоа за потврдата од суд... без таа потврда неможеш да ставаш хипотеки и да обавуваш било какви договори...
мтв и улично осветлување се плаќа за сите регистрирани објекти, куки, фирми, кеафеани... не се двоиш ништо повеке од мене...

--- надополнето ---

Омг уште прашуваш, без расправија без ништо ги донеле , никој не знае што содржат тие закони, а денеска не раздени дека за регистрација на емаил , разни печати и што ти не фирмата 500 ден треба да плати, пред тоа беше ѓубрарина, хасап, даноци, ова она , документ за тоа овоа оноа и кога ќе се збере се на се испаѓа дека плаќаш 10 000 месечно само за кур ташак

Не збориме за законите...
Никој не ја отстрани опозицијата, сами излегоа... Доколку на сите им годи, не би требало да има расправа...
 
Знае ли некој за ова човеци? Нели логично е по мејл да го пратиш кога веќе казнуваат за немање мејл? :)
ne baraj logika- oti nema da ja pronajdesh
zatoa machenichki ke si se informirame eve vaka od forumi, od ti rekov- mi reche, koj chul-ne dochul ...zoshto nekomu mu bilo teshko da go informira narodecov
Јас имам и знам колку месечно и давам на државава. И знам колку нови давачки секој ден ни наметнуваат. А дали 500 денари се голема или мала пара плус од давачките кој ги имам, јас кажувам,бидејќи јас плаќам. Еден денар не давам за политиката која ми ја водат пред очи,ни еден. За секој денар ги колнам кој присилно ми го наметнуваат преку глупи закони. Па и кога ќе ми текне дека„раниме“ цитровци со наши пари ми доаѓа да се упукам у колено.
i sosema e vo pravo leandra - preku nokj smisluvaat zakonchinja -sekoj koj shto sonil-utroto bara da go nametne ko zakon
 
*1 не гледам ништо лошо во употребата на заштитни средства, и прилагодувањето на работното место на физичките и психичките потреби.
*2 имаш COPYRIGHT Protection... казниво е секаде... имаш free лиценцниран софтвер од линукс
уплатиници отсекогаш имало... не се проблем до толку... тоа за потврдата од суд... без таа потврда неможеш да ставаш хипотеки и да обавуваш било какви договори...
мтв и улично осветлување се плаќа за сите регистрирани објекти, куки, фирми, кеафеани... не се двоиш ништо повеке од мене...

*1 Ако веќе мислиш дека сум ретардирана или водиш инает тогаш е во ред. Елаборат за безбедност од 250 евра со назначени две фирми од кои мораш да бараш изработка во врска со безбедност на работно место во канцеларија е апсурдно. Во случај на земјотрес пикнете си ја главата меѓу нозе.
*2 Досега беше еден компјутер да има лиценциран што е и во ред. Секоја фирма по еден. Но идат избори на сите мора.
Уплатници имаше,чинеа 50 денари. Сега две од по 50 во банка чинат 160 денари.
Потврдата не е спорна,спорно е двојното барање на иста документација.И од суд и од централен регистар,судските чинат 1000 денари,од централен по 350 денари една.
МТВ плаќам и дома и во канцеларија. Се двојам по дупло плаќање од тебе.

Зелен картон и регистрација за еден шлепер чини 1800 евра. На ова да ги додадам кратерите по улиците,патарините по 240 денари во еден правец и нашите автопати за кој издвојуваме огромни средства во таканаречениот патен буџет се врв на приказната.Плаќаме најскап зелен картон,најскап додаток за патишта.На ова мораме да извадиме осигурување во транспорт на стоката бидејќи со нашиот зелен картон можеш само газот да си го избришеш. Една дозвола за транспорт чини 5 евра,принципот е следен :Уплаќаш на сметка колку дозволи бараш и одиш во министерство за транспорт. Кога ќе стасаш таму ти кажуваат дека убаво што си уплатил,ама ти следуваат две. Парите назад нема враќање. Ова се секојдневни трошоци. Ова е секојдневна голгота по нашите администрации и некој паметен овде ќе ми каже дека 500 денари бил еднократен трошок кој треба да го дадам на централен регистар. Као де бе ти за 500 ли циган се правиш.Каде се давачките за пензиско,здраствено,црвен крст месечно.Покачени нафти,сервиси,делови.
И за крај тие 500 денари се бесмислена давачка наметната од државата со сложена процедура од 5 листа. Само што им треба е електронска адреса да доставиме по електронски пат. Ама зошто да биде просто кога може да се слее уште некој милион за мудата на Александар.
 
Законов да си го стават на едно место...Леле што гужви ќе биде можам да замислам. А и добро кажаа погоре, зошто да не направам меил и само да им пратам како потврда? 500 денари ќе ме фати за само да отидам и да им дадам меил :tapp:
Ај па за месец април можеби ќе им текне и со мирц никнејм да не` обврзат :pos: Дури и ми се плаче на моменти колку обожаваат да се занимаваат со бирократски глупости.
 
А бе шо фирма е то без имејл.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom