La Vie en Rose или во оригинал на француски, La Môme. Филмот е биографски за животот на Edith Piaf и е исклучително добар, ме воодушеви.
- неверојатна глума, со каква страст е доловена Piaf и нејзината музика, уффф, останав без зборови, дефинитивно за Оскар
- одлична камера, многу добра фотографија и сцени, внимавање на детаљи, светлина, на моменти филмот носи еден мал шмек токму од тоа старо време, како низ магла да се гледа.
- секој чест за монтажата, btw, во филмот е застапен оригиналниот глас на Piaf што се однесува на музичкиот дел.
- но, најмногу мисе допадна како е раскажана приказната. Не оди хронолошки, туку скока постојано помеѓу детство, младост, зрелост, старост, и сето тоа е така добро испреплетено, да ниту во еден момент не те остава збунет.
Филмов е дефинитивно ремек дело, ептен ми го направи меракот.
