Поскапуваат автобуските билети на ЈСП

  • Креатор на темата Креатор на темата edinchez
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 август 2008
Мислења
87
Поени од реакции
46
Локација
Скопје
poskapuvaat-biletite-na-jsp-63050.jpg

Советот на Град Скопје на седницата што заврши доцна синоќа, одлучи цената на билетите за автобускиот превоз на ЈСП Скопје да се зголеми за 5 денари. Цената на билетите со 10 возења ќе биде зголемена за 20 денари.
Како што информираат од Град Скопје, билетите во градската зона поскапуваат за 5 денари, поточно цената на купен билет вон возило (билетара) од 25 денари се зголемува на 30, а билетите купени во возило од 30 се зголемуваат на 35 денари. Цената на билетите за приградските линии се изедначува на 35 денари, додека билетот за 10 возење се менува од 230 на 250 денари за градските и од 280 на 300 денари за приградските линии.
Дополнително, Советот донесе одлука со која на 39 општини ќе им бидат донирани 40 од старите автобуси на ЈСП - Скопје
 
Студентските месечни билети се катастрофа.
Бев минатат година во Белград и се зачудив како тоа студентски месечен билет е 900 динари = 9 евра = 540 денара.
Кај нас е дупло поскапо (1050) иако Белград има 10 пати посреден јавен превоз и дупло поголем стандард.
 
Оваа вест само дополнително ми го зголемува револтот кон ЈСП. Па добро бре, дали се они нормални!? Пензионерите ко лешинари се возат мувте, а јас ќе им плаќам за тоа? Плус, зошто во таа нова цена за слободните карти не ги вклучат и ноќните линии? НАмерно е ова направено... Прво град Скопје ги крена цените за такси до небо, а сега (зошто нели принуден си да се возиш со бус), ти ја поскапува и картата... Тоа се треба да се запали бре.... :mad:
 
барем да важеа за ноќни
Чекај бе малце...плаќаш месечна слободна, а не ти важи за ноќни линии/приградски превоз...? o.O
Не сум влегол скоро 2 години во автобус, ама во секоја нормална држава јавниот превоз е достапен за сите и има опции каде карти со симболична цена (за нив во европа) важи за цел јавен превоз. Па мислев накај европа одиме, а не накај геријатрија, јебо вас старски к*р.
 
Епа велосипед.... Кога во Холандија во зима возат, зошто да не и Скопје, купете најисплатливо е ;) ;) ;)
Jamis%20Diablo.jpg


bike22.jpg

Ова треба да биде иднината на Наше Скопје. :)
Дали си ти нормален кажи ми?
Од школо сум од 7 ипол,станував у 6 20 и со автобус коа идам..Коа треба да станувам ја насабајле за да идам у школо,во 5 сабајле можеби? И после да бидам способен за у школо?после 5 извозени километри?Нека фатат министриве со точак да одат а не со мерцедеси..Јесда ја не плаќам али муабетов што го збориш нема логика.
Уствари коа ке размислам,нека ја направат државава како холандија,па не точак туку пешки ке идам низ град.Ова муабетов за точаците е од луѓе што возат мерџовци па се курчат да возиме точаци а не ни пробале да возат низ град ..
Возење со точак до центар и назад ти е ултимејт сурвајвл..
 
Епа велосипед.... Кога во Холандија во зима возат, зошто да не и Скопје, купете најисплатливо е ;) ;) ;)

Ова треба да биде иднината на Наше Скопје. :)

И да сакаш со точак не можеш затоа што тротоарите се претворени во паркинзи а со секое спуштање на коловозот се изложуваш на ненормална опасност.
 
Дали си ти нормален кажи ми?
Од школо сум од 7 ипол,станував у 6 20 и со автобус коа идам..Коа треба да станувам ја насабајле за да идам у школо,во 5 сабајле можеби? И после да бидам способен за у школо?после 5 извозени километри?Нека фатат министриве со точак да одат а не со мерцедеси..Јесда ја не плаќам али муабетов што го збориш нема логика.
Уствари коа ке размислам,нека ја направат државава како холандија,па не точак туку пешки ке идам низ град.Ова муабетов за точаците е од луѓе што возат мерџовци па се курчат да возиме точаци а не ни пробале да возат низ град ..
Возење со точак до центар и назад ти е ултимејт сурвајвл..

Од Ѓорче до Центар идам пешки и назад, секојдневно сум на релација Ѓорче- Карпош и Ѓорче-Козле.
Со велосипед идам од Ѓорче до Маџари за 60 минути. А и џабе ти е не разбирам што се жалиш, кога си средношколец , а загрозени се оние што се на работа со слободните и оние што се враќаат доцна навечер, таксито скапо е се немам качено децении.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom