Порака на еден злоставуван средношколец

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 ноември 2010
Мислења
738
Поени од реакции
750
Еден американски тинејџер кој врсниците го злоставувале уште од градинка, дури размислувал и да се самоубие, снимил една емотивна видео порака која допрела до многумина и станала симбол за борбите против насилството меѓу младите.

img56941495.jpg


Емануел Перон од Отава на прв поглед е обично момче како и многу други. Меѓутоа тој крие голема тајна која го довела на чекор до самоубиство.

Имено, Емануел со години психички и физички го злоставувале другите деца, а како реакција на преживеаното насилство, ја снимил оваа видео порака 'Мојот живот, моја тајна' и ја поставил на Јутуб.

Ова 16-годишно момче сакало да им прати порака на сите оние кои се наоѓаат во истата ситуација како и тој, но и на надлежните институции, за да се искорени насилството помеѓу младите.

Приказната ја започнал со насмевка.

"Тоа го гледате по прв пат после толку многу време", напишал Емануел и продолжил да опишува како бил малтретиран.

Овој храбар чекор на несреќното момче наишол на позитивини реакции и веќе му се јавиле повеќе од 80 лица кои се нашле во слична ситуација и сакале да му помогнат.

На интернет се појавиле многу такви слични видеа на кои адолесцентите на истиот начин ги кажуваат своите искуства.

"Не смееме да изгубиме надеж. Заедно можеме да го стопираме малтретирањето. Ако ве злоставуваат врсниците, не се срамете. Сакам да ви помогнам", така го завршил тинејџерот своето видео.

 
Го „злоставувале“ во градинка, основно, средно, на улица... Се прашувам што го прави детево магнет за насилство.
Јас разбирам дека „мир, среќа, дружење, помош, љубов“ е убав сон, ама тука некаде измеѓу - постои и реалниот свет. А во него, некогаш треба да му го пукнеш носот на некој, па дури потоа да станеш најдобар пријател со истиот. Верувам дека повеќето од постарите членови (кои не потекнуваат од времето на Покемон и Телетабиси) ќе се согласат дека најдобрите пријателства во училиште настануваат откако ќе се избоксираш со најголемиот „крвник“. Јеп - True story.

Слика која најдобро ја објаснува ситуацијата:
16333-872010-400-278.jpg
 
ili toa ili pak kako studentot od Japan pred edno 4 godini koga pravdata si ja zema vo svoi race pa pocna da tepa se zivo po univerzitetot
 
Го „злоставувале“ во градинка, основно, средно, на улица... Се прашувам што го прави детево магнет за насилство.
Јас разбирам дека „мир, среќа, дружење, помош, љубов“ е убав сон, ама тука некаде измеѓу - постои и реалниот свет. А во него, некогаш треба да му го пукнеш носот на некој, па дури потоа да станеш најдобар пријател со истиот. Верувам дека повеќето од постарите членови (кои не потекнуваат од времето на Покемон и Телетабиси) ќе се согласат дека најдобрите пријателства во училиште настануваат откако ќе се избоксираш со најголемиот „крвник“. Јеп - True story.

Слика која најдобро ја објаснува ситуацијата:
takov slucaj vo detstvoto imal i mike tyson se dodeka ne pocnal da trenira boks pa site da begaat od nego :cautious:
 
Јас мислам дека го малтертирале оти премногу е добар по "нашки" глуп, поради тоа што не се пресметувал физички им чутел на сите и секако дека ќе го тепаат, неколку хиени ќе го задеваат нон стоп од страна си гледаат други манги на некој си регион/провинција и тие ќе почнат да го малтретираат.
Не ми кажувајте овде вака така со тепање ова она , едноставно има луѓе кои се КАВГАЏИИ само за тепање мислат друго ништо.
А тоа што го малтертирале од мал навистина ми е жал и храбар потег направил со видеово(y)
 
Дечкото како и повеќето бил злоставуван во најранливиот период на еден човек и тоа сериозно влијае врз психата на еден тинејџер.
Сум бил сведок а може да се каже и жртва на вакво злоставување, но за среќа брзо кренав глава (уште во основно) и станав безстрашно копиле на кое не му беше воопшто гајле. На таков начин стекнав и докажани пријатели но сепак последиците се чувствуваат.
 
Секој што ќе му стави лајк на постот на Eјсид е badass... :cool:
Да се знае.
 
Интересно видео :)
и кај нас е присутно тоа и ништо не се превзема.. сум била сведок на многу такви малтретирања а како мала и самата го имам искусено тоа во еден период од животот..

и на форумов има насилници и сеирџии коишто мислат дека се многу паметни и дека со тоа што некој друг исмеваат дека се нешто посебно во очите на другите.. истото се случува и во реалноста. Кај машките е позачестено тоа.. не викам дека и девојчињата не го прават тоа.. али машките одат до крајности.

Личностите коишто малтретираат послаби од нив (особи за кои сметаат дека се на пониско ниво) се многу искомплексирани и болни особи според мене. За ти да малтретираш некого .. треба и самиот да си малтретиран од некој друг ..родител,постар брат итн.. таквите искрено се за жалење, затоа што немаат чуства и не знаат како да остават добар впечаток кај другите луѓе освен со таквото однесување.. малтретирање на други особи со цел докажување...
Само што со тоа докажуваат колку се они трули во себе.. колку само не знаат да ценат и колку се исплашени од светот и од тоа да ги покажат своите чуства.
Они длабоко во себе се исплашени и постојано се на штрек за тоа што мислат другите .. дека како што дома се аутсајдери дека и надвор во друштвото ќе бидат ако не се прават фраери и ако не малтретираат.

Треба да се стави крај на ваквото малтретирање.. точно..
затоа треба сите ние коишто сме сведоци на такво нешто да реагираме и да му помогнеме на тој човек. Насилниците обично се во чопори и така се посилни.. затоа што сите знаеме дека ако е само еден човек тој не може ништо да направи... тоа докажува колкави кукавици се таквите.. затоа кога ќе видите некој во таква ситуација најдобро е да застанете од негова страна неколку души и да му вратите со иста мера на тој насилник.. па дури и вас да ви се случува тоа можете и сам да се спротиставите... насилниците тоа не го очекуваат.. они не се навикнати нив да им одваќа човек со иста мера... затоа и не напаѓаат особи коишто немаат влакна на јазикот...
верувајте не е тешко да се најдат слабостите... доволно е само малку да го анализирате човек и ќе сватите колку е он уствари ранлив... и дека сето тоа што на прв поглед го гледате е само маска.
 
Го „злоставувале“ во градинка, основно, средно, на улица... Се прашувам што го прави детево магнет за насилство.
Јас разбирам дека „мир, среќа, дружење, помош, љубов“ е убав сон, ама тука некаде измеѓу - постои и реалниот свет. А во него, некогаш треба да му го пукнеш носот на некој, па дури потоа да станеш најдобар пријател со истиот. Верувам дека повеќето од постарите членови (кои не потекнуваат од времето на Покемон и Телетабиси) ќе се согласат дека најдобрите пријателства во училиште настануваат откако ќе се избоксираш со најголемиот „крвник“. Јеп - True story.

Слика која најдобро ја објаснува ситуацијата:
16333-872010-400-278.jpg
До некаде и си во право,ама нели има мекушлаи деца во примеров овај чим го малтретирале ете попуштал едноставно... Зарем морало толку насилство?
И што да прави кога не може/сака да се тепа ? Секако дека ќе побара помош, на школо не им е гајле на професорите и надлежните битно е на час да нема ништо 2-3 чекори излези од школото , двајцата од класот "најјакиот" и "најслабиот" се разбира се прај јак покрај тој НАЈјакиот ти идат те нашибуваат и така оди тоа...
 
-Господине, вашето дете денес се степа со три други деца. Оваа не е прв пат и ако продолжи така, ќе мора да го отпишеме од оваа градинка...
-Па машко е, како тоа очекувате да не се степа?

Воспитувачките ни ги сјебуваат децата уште од старт. Ги тераат да се однесуваат како девојчиња и никогаш да не научат сами да се бранат. Фали кукли да им дадат да играат со нив и да пеат песнички.
 
Го „злоставувале“ во градинка, основно, средно, на улица... Се прашувам што го прави детево магнет за насилство.
Јас разбирам дека „мир, среќа, дружење, помош, љубов“ е убав сон, ама тука некаде измеѓу - постои и реалниот свет. А во него, некогаш треба да му го пукнеш носот на некој, па дури потоа да станеш најдобар пријател со истиот. Верувам дека повеќето од постарите членови (кои не потекнуваат од времето на Покемон и Телетабиси) ќе се согласат дека најдобрите пријателства во училиште настануваат откако ќе се избоксираш со најголемиот „крвник“. Јеп - True story.
Супер да беше толку едноставна ситуацијата.
Во период кога се бориме против училишното насилство малку е лицемерно да препорачуваш да вратат на насилството со насилство. Не секогаш ситуацијата завршува тука. Некогаш завршува вака.

Можеби ќе речете дека има разлика на овие насилства и злоставувањето, и има, насилствата се логична последица на твојата препорака за решавање на злоставувањето.
 
Сељаци имало и ќе има.Дечково треба да земе пример од овој па да види дали некој ќе го закача.
И покрупново дете било малтретирано ама ете еден ден му дошло преку глава од тоа и видете што му направи на кепецов.
 
Ако ќутиш цел живот ќе те газат ако покажеш заби ќе те почитуваат. Јебига така било од секогаш, еднаш е доволно да покажеш заби и нема веќе да те чепкаат а тоа почиња уште у основно. Ако го преќутиш цело основно онда отиде јабана.
Битно е да се спротиставел на некој макар и изел ќутек ама одма ќе било гледан со поинакви очи.
Знам како беше ја коа учев у луѓето се такви уште од мали, нема некој што не јадел ќутек ко мал, ама ги има оние што никогаш не вратиле ко мали е тие стануваат токму како дечково на клипот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom