Порака до бившите

  • Креатор на темата Креатор на темата Ganimed
  • Време на започнување Време на започнување
Му пишав дека и покрај се дека го сакам и секогаш ќе бидам тука за него. Без разлика,а и според мене никогаш не можете да мрзите некоја личност која некогаш сте ја сакале. Глупо и мизерно ми е тоа од секоја гледна точка. Ако некогаш сте имале чуства тогаш така да си знаете.
 
Саат време го држам телефонот у рака,ама ај заеби...подобро е тука,можеби некогаш по некоја случајност ќе прочиташ па ќе сфатиш..Среќен роденден
 
Најверојатно немам ништо посебно да ти кажам,сето она што требаше да биде кажано,беше кажано.Многу добро знаеш дека постојат два датуми во годината од кои сега едниот е за брзо време на кој ќе се видиме,со или без наша воља барем така ќе биде уште некоја година.
Го разлистував календарот па се сетив,верувај нема друга посебна причина зошто би се сетила на тебе сепак помина долг период.
Колку што добро се сеќавам последниот пат кога се видовме пред околу 2 месеци имавме доста добар разговор најголем дел за твојата ракометарска кариера и тогаш увидов иако тоа беше една од причините зошто се одлучивме да прекинеме ние сепак никогаш не сме се мразеле.Отсекогаш знаеше дека од мене ќе добиваш најдобронамерни совети без разлика што и да се случи меѓу нас.Покрај солидниот разговор за првпат се уверив дека навистина те имам преболено,тоа било тогаш и никогаш повеќе,затоа што немам камен срце пак да поминувам низ се исто да се докажувам и сама себе да се обвинувам.Мислам дека добро ме процени,имавме една шанса,ја искористивме и завршивме.
Ти си сепак добар човек,знај дека никогаш за ништо нема да те обвинувам во врска со мене и тебе,нели ''нас'' не постои веќе,неможам целата вина да ја префрлам на тебе,во врска бевме двајца, и не чуствувам вина и не се каам поради донесените одлуки,се ослободив од минатото,сега сме овде во сегашноста.
Деновите си поминуваат,за брзо време ќе се видиме моја стара преболена љубов,имај убав и долг живот :)
 
Ти благодарам многу шо си замина од мојов живот, конечно можам да живеам мирно.
 
Секој ден сакам да ти пишам. Секој ден собирам храброст. Да ја поминам препреката наречена гордост што секогаш стои пред тебе. Секој ден сакам да ти пишам и да те прашам до кај си со кошарката. Секој ден сакам да заборавиш на егото и да напрајме еден муабет зошто не праиш ништо со кошарката. Ти си одличен играч и кошарката ти е прва љубов. Секој ден сакам да ти го пишам овоа, сакам да знаиш дека има некој таму шо те подржува. Знам во какво неквалитетно опкружување си, знам колку е тешко да сакаш да си ги оствариш целите кога никој не ти ги кажува тие зборови - јас верувам во тебе.

Секој ден сакам да ти пишам. Секој ден не можам. Ми бега храброста кога се работи за тебе. Или можеби затоа што знам дека нема да го цениш тоа. Или можеби затоа што научив да се сакам себеси и да бидам опкружена само со такви луѓе, а ти не ме сакаше.

Секој ден сакам да ти пишам. Да те потсетам на твојата вредност. Секој ден не можам. Се надевам дека некогаш ќе го прочиташ ова и ќе се пронајдеш.
 
Знаеме и двајцата дека се разделивме за глупост. Не викам не, ми фалиш иако не знаев да те ценам кога те имав. Сменет сум сега ноо... Има ли потреба? Ти, хммм... Кој ли знае што правиш, а да ти пишам сепак немам храбрст. Кога сакам да ти пишама едноставно низ глава ми се вртат разни работи. Може веќе сакаш некој друг, може едноставно не сакаш да ме видиш иако беше толку добра спрема мене. И тука се откажувам. Се надевам еден ден ќе соберам храброст и ќе ти напишам неколку реченици и ќе излеземе и... Времето кое го поминавме разделени ќе покаже дали може да се поправи тоа што јас згрешив... Дали ти ќе бидеш спремна да ме прифатиш ваков каков што сум сега, а не како што бев.
 
Наместо среќен роденден...

Ти текнува како ѕвездите светеа само за нас?
Ти бев мил, а сега само непознат лик.
Денес, без мене славиш роденден.
Славиш. Но прими честитки.

Ти посакувам среќа полни џебови.
Да не бидеш опкружена со несреќи и лаги.
Да ги достигнеш целите во животот.
И да не ги заборавиш пријателите.

bitch-black-and-white-quotes-rabbit-Favim.com-804105.gif
 
Не постојат бифши куде мене јас имам способност на намерна амнезија или бришење на одреден дел од животот шу поминал де ауф ауф мјауууу агрр
 
Мислев оти сѐ имам фрлено од тебе. Кога го видов шпилот карти и кога ми текна...
Ете ги во контејнер, нека ги најде циганот и нека ги гнаси дома со децата.

Арно што куртулив од тебе, ќе заглавев со тебе во МК. Ебате животот што ќе беше. Златен свет...
 
Мислев оти сѐ имам фрлено од тебе. Кога го видов шпилот карти и кога ми текна...
Ете ги во контејнер, нека ги најде циганот и нека ги гнаси дома со децата.

Арно што куртулив од тебе, ќе заглавев со тебе во МК. Ебате животот што ќе беше. Златен свет...
прав хипстерски муабет честитам примен си во мизерна еуропа
 
Очигледно уште не си свесен колку ме потресе со тоа "Мислиш дека и после 30 години нема да се потресам кога ќе те видам?"
После многу време си дозволив малку за размислам за нас и сфатив дека премногу научив од тебе. Ме сретна во многу лош период од животот, и ми покажа една многу поубава страна од него. Многу време помина, ама нема да лажам, кога те видов и јас се скочанив.
Ти не ме примети а немав ни храброст да ти пријдам... И од време на време знам да отворам некој стар разговор со тебе и ќе почнам да се сеќавам на се. Жал ми е што тогаш јас не го барав тоа што ти го бараше и се надевам дека стварно ќе најдеш некоја со ист тип на чувства како тебе. Искрено ти посакувам среќен живот, ретко се наоѓа човек како тебе. Не им дозволувај на луѓето да те искористуваат, држи се, се ќе биде во ред.
И намали со дрогата те молам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom