Помош

  • Креатор на темата Креатор на темата formen
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 јули 2011
Мислења
45
Поени од реакции
5
Возраст
38
Здраво на сите, наскоро ќе почнам повторно да играм, Карактерот ми е моментално 80 лвл (шабан :P)

Во минатото имам исчистено многу од содржината меѓу кои:

Vanila: MC - ONY - ZG - AQ20 - BWL
TBC: Kara-ZA - SSC - TK - BT - SWP (целосно пред да излезе WOTLK) - Hand of A'dal + Champion of the Naaru.
WOTLK: NAXX10/25 - ULD25 - EOE 10/25 - SART 10/25 (3drakes 10/25) - TOC10/25 - ICC25.

Поентата ми беше, би сакал некој да ми препорача добар сервер, во минатото на времето такви беа - Kazzak - Grim Batol - Sylvanas etc... незнам моментално какви се статусите на серверите, година ипол пауза не е мал период :D

Ако некој би сакал исто така да ми помогне да се опремам колку толку нека пише тука.
 
Фала другар ама не сум заинтересиран за приватни сервери, само оригиналот.
 
Јас некое време веќе не играм, ама можам да ти го препорачам Тарен Мил ако те интересира средно кон густо населен сервер со многу ПвЕ гилдови. Исто има и доста македонски играчи, најголемиот дел преселени на времето од Скалкрашер, ако тоа ти значи нешто.
Дури квалитетот на понудата од ПвЕ гилдови е таква да можеш како јас што направив, да најдеш гилд со специфично твои потреби. Јас на пример бев во релативно горна класа гилд што рејда само 2 пати неделно и нема поголеми проблеми со отсуства. Ова го велам пошто на времето сум бил и во гилд што за таков прогрес имал 4 раиди неделно... иако друга беше тогаш тежината на играта. Се зависи што ти треба тебе. Мислам дека има и добар гилд што рејда наутро (барем летово имаше), згодно за некои луѓе.

Од аспект ПвП серверот не е многу лош, но нема многу добри гилдови а јас лично мака мачев да најдам асални и озбилни луѓе за редовно играње ПвП, арени и ратирани БГ... што накрај ме изнервира доволно да престанам да играм.
Фактот што играта ја направија пре-едноставна, без посебен контент за хард кор играчите исто допринесе за одлуката. Само да се разбереме, иста инстанца во „хард кор„ мод не е тоа за што зборам.
Сакам инстанца како BWL на почетокот од WOW, каде и добрите гилдови вајпаа со месеци на првиот бос. Каде секој мораше да знае да си одигра перфектно својот дел. И каде играта не се сведуваше на спамување АоЕ во 66% од фајтовите по раид инстанците.

Сега нивото на тежина на фајтовите во хај енд раидите е таква да тапчовците кои не можеа ни да припарат во средно тежок фајт како во Молтен Кор на времето, сега си ги рејдаат па дури и чистат сите хај енд раиди, можеби минус последните босови. Сите фајтови, кои и онака се лесни, по месец два Близард ги прави уште полесни и со тоа достапни на скоро целата ВОВ популација плус ретардираните.

Некогаш кога ќе видеше некој во Огримар со фул Т2 сет значеше дека гледаш некој што знае да игра, сега било кое бате може да носи хај енд опрема. Дури за не многу голема сума голд има гилдови што ќе те опремат од глава до пети... патетика, ама Близард не го боли ич таквото пошто си прави пари...

Забегав, ама одамна сакав да напишам нешто за ова. :)
 
wowprogress.com

тука имаш интересни факти околу серверите и прогрес на нив :)
 
Да ја знам страницава одамна, ама јас би сакал да играм некаде каде што има и Македонци, а не да бидам сам :) а тука нема такво инфо колку наши играат и каде :P

φαλα сепак :)
 
ima makedonci na sylvanas posto jas tamu igram i znam nekoi luge baska ima nakedonski guild :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom