Помош за купување на нов автомобил

  • Креатор на темата Креатор на темата nikola2004mkd
  • Време на започнување Време на започнување
На ибицата единствена маана и е 3 цилиндричниот мотор. Има 1.2 бензинец со 3 цилиндри кој се вградува во Поло. Инаку има солиден дизајн и внатрешност.

P.S. Види ја и Мазда 2 и 3. Незнам како се движат цените, ама 3-ката е доста добра.

Истиот мотор го има и Фабиата. 1,2 со 3 клипа е истиот мотор што се вградува и во Ибицата, и Фабиата и Полото.
Сега разбрав дека Фабиата била правена на старата платформа, додека новата Ибица била правена на нова платформа која истовремено ќе се користела и за ново Поло кое пак требало да се појави при крајот на оваа година.

Ја видов и Мазда 2 но некако изгледа премногу мала и барем за мене има неубава внатрешност. Делува некако ефтино. Но за возни својства била прва лига, а и не трошела многу во град. Разговарав и со дилерите во Мазда и во овој момент имале некоја акција од 400 евра попуст или алуминиумски бандажи, зависно што сакаш повеќе.
 
Те лажат. Фабиа е на новата платформа таа што ќе биде на Поло :smir:
 
За колку би ми се зголемил изборот доколку одлучам да потрошам плус 1000 евра. Значи доколку буџетот би ми бил 10,500 евра.
ете, или колтот, или мислам дека основната верзија на корсата е толку, можеби до кај 10,700 МАКС(corsa essentia). со три врати.
јас ја возам корсата и сум презадоволен до сега. 1.2 мотор со 80 коња, 4 клипа.
edit-еве, сеа видов ценовник од авто куќа. 1.0 со 3 клипа, есентија со 3 врати е 9,985 евра, ама не ти препорачувам со 3 клипа.
а 1.2, есентија со 3 врати е 10,795, а доплата за 5 врати е 450 еура. :S
поскупо малце, ама вреди. =) твое е да одлучиш.
 
Фиестата и понатаму ти останува BEST BUY:helou:
 
За фиестата Блоб и Декстерче имаат, бензиски модели, тие ке ти објаснат за потрошувачката.

На ибицата единствена маана и е 3 цилиндричниот мотор. Има 1.2 бензинец со 3 цилиндри кој се вградува во Поло. Инаку има солиден дизајн и внатрешност.

За колтот, сум немал прилика да се возам, ниту сум видел некој во живо.... Ниту ме интересирало такво возило, некако ми делуваат одбивно и грдо :nesum:. Јбг тоа е мое мислење, ако ти се бендисува земај.

P.S. Види ја и Мазда 2 и 3. Незнам како се движат цените, ама 3-ката е доста добра.
Мазда3 1.4 14.800 evra
Мотор:1400cc
Моќност:84 КС
0-100 км/ч:14.5 s
Макс брзина:169
Потрошувачка:6,7
Опрема:ABS, 6 воздушни перничиња, мануелен клима уред, електрика на прозори (само) напред, централна брава(без далечинско), радио со CD.
Ова ти е најефтина варијанта

Истиот мотор го има и Фабиата. 1,2 со 3 клипа е истиот мотор што се вградува и во Ибицата, и Фабиата и Полото.
Сега разбрав дека Фабиата била правена на старата платформа, додека новата Ибица била правена на нова платформа која истовремено ќе се користела и за ново Поло кое пак требало да се појави при крајот на оваа година.

Ја видов и Мазда 2 но некако изгледа премногу мала и барем за мене има неубава внатрешност. Делува некако ефтино. Но за возни својства била прва лига, а и не трошела многу во град. Разговарав и со дилерите во Мазда и во овој момент имале некоја акција од 400 евра попуст или алуминиумски бандажи, зависно што сакаш повеќе.
За 10.500 и ова ти е недостижно:tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom