Помош, софтверски проблеми и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Sase91
  • Време на започнување Време на започнување
Абе земав еден компјутер од едно другарче ко демек да го оправиме ама некако тешко...Имено компјутерот си работи си работи,и одеднаш ке се рестартира и ке се упали пак.После се рестартира на се пократок период и престанува да се пали и прави како да бутира од двд-режачот и нејќе да покрене.Никаде не дига температура,се движи околу 45-50 степени,сите делови се фабрички(5-6 години) и до сега немало таков проблем.Сега несака ни да се упали,извадена е батеријата,изваден е рамот,графичката,се е исчистено ама несака.Пробав и да го форматирам ама и така несака,се рестартира најверојатно има некој хардверски проблем ама што може да е?

А да и иако се е стегнато кога не пали ке го протресеш онака мушки и се пали!!!!!!!!

Исклучи го цд ромот скроз (од матична, кабелот што иде у неа) и пробај пак.
 
Може ли малку помош ? :)
Кога ќе го пуштам компјутеров лета,не кочи и ништо не му е. Е сеа по неколку минути почнува да кочи и кога ќе фатам со ракава на куќиштено целот е вжештено. Што можи да е проблемот ?
 
Да отвориш куќиштето и да го провериш кулерот? Штом загрева нема од што друго да е... гарант не врти.
 
DVD Rom

Имам Sony DVD RW DRU-190A ром,во поcледно време место DVD Rom стои CD Rom и не ми ги отвора DVD цедиња
 
Имам Sony DVD RW DRU-190A ром,во поcледно време место DVD Rom стои CD Rom и не ми ги отвора DVD цедиња
и мене така ми правеше,кога го однесов на поправка ми рекоа дека не вреди да се прави, кога нов е 1000 ден :D

--- надополнето ---

дали ако го зголемам Windows Experience index-ot ќе ми се забрза компјутерот, односно дали ќе имам некое добро од тоа или нема врска??
 
дали ако го зголемам Windows Experience index-ot ќе ми се забрза компјутерот, односно дали ќе имам некое добро од тоа или нема врска??
Зависи како планираш да го смениш индексот. :)
 
ааа да,да... заборавив да кажам тоа. Ако ги наместам сам бројките, како што сакам, ќе има некоја "бенефиција" тогаш? :D
 
ааа да,да... заборавив да кажам тоа. Ако ги наместам сам бројките, како што сакам, ќе има некоја "бенефиција" тогаш? :D

Да, ќе лажеш мали дечиња :)
 
:):) фала на одговорот :):)
 
дали ако го зголемам Windows Experience index-ot ќе ми се забрза компјутерот, односно дали ќе имам некое добро од тоа или нема врска??
Ќе крениш левел. :)

(инаку, тој индекс зависи од хардверот. рачно не ни можи да се менува... освен со некоја бескорисна финта.)
 
Ај кажете некоја програма за заклучување на папки???
 
Имав спуштено програма со ова име го заклучив фолдерот и после никако не се отвораше не ми прифајчаше лозинка хахах, па сега незнам дали да ја спуштам дане ми се случи повторно истото.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom