Не знам баш точно за што мислиш но еве некои работи кои многумина не ги знаат:
- Големината на меморијата производителите не ја рачунаат *1000 (туку *1024) со тоа се добива помал капацитет во GB отколку што ти кажуваат при купување...
- Друга работа ти е SWAP меморијата која се алоцира при форматирање на дискот (мислам дека во 7-цата има и отпосле да се промени). Оваа меморија се користи како виртуелна меморија, кога меморијата од рамот е искористена целосно....
Не знам дали претходно си имал ХР (каде стандардно ги прикажува само имињата на партициите) и сега кога си ставил 7-ца си ја приметил разликата зошто директно на партициите ти пишува колку имаш искористено и колку преостанато.
Но од погоре напишаното разбрав дека наеднаш ти ги снемало.
(По моја логика ако е ваков случајот: Или некој ти се чепка во компјутерот-мало дете што не знае каде штрака, па има алоцирано повеќе SWAP меморија, или пак пак некој штрака и става негови работи па ги крие(hidden) - па коге ќе селектираш се и properties не ти ги смета скриените работи)....