Помош - сакам да градам!

  • Креатор на темата Креатор на темата santo
  • Време на започнување Време на започнување
Дали кај нас се изработуваат епоксидни/полиуретански подови за станови/куќи и доколку се изработуваат, колку отприлика се цените за м2? Некоја фирма во Скопје?
 
Дали кај нас се изработуваат епоксидни/полиуретански подови за станови/куќи и доколку се изработуваат, колку отприлика се цените за м2? Некоја фирма во Скопје?
Види овде

http://www.kema-on.net/mk/vsebina/produkti/po-produktnih-skupinah/epoksidni-premazi-in-malte/15525

http://www.investa.com.mk/епоксидни-системи-референтна-листа

https://www.tikkurila.mk/boi_za_dek...disuva_e_na_podovi_so_proizvodot_betolux_akva

https://www.pazar3.mk/Оглас/Се-продава/Скопjе/Центар/БИЗНИС-И-РАБОТА/Услуги/Занаетчии/EPOKSIDNI-industriski-podovi-PVC-podovi/2120029
https://www.youtube.com/watch?v=ALuff3s7EZw

Инаку јас на поткровјето истово го имам направено со поликолор (повеќе бои) на 1кг поликолор ставав 1 литро вода а може и 2 литра

За под од од смола цената е поскапа од местење,стругање и лакиране на најквалитетниот паркет
 
Цврста градба (бетон-цигла) плочки, обичен паркет. Влага ова у 300 еу/м2?
Реална е цената за таа градба. Ама сепак ќе повторам, се зависи од материјалите и квалитетот на работната рака. На пример не е исто да ти стават цигла од Младост и цигла од некоја непозната фирма.
 
За под од од смола цената е поскапа од местење,стругање и лакиране на најквалитетниот паркет

Добро, вистина е нешто поскапо, но сум видел дрвени (а и други видови) подови со цени кои се астрономски за наши услови. Како и да е, освен цената, она што (најверојатно) прави со извесно разочарување да го избегнам овој под е дополнителната подготовка на подлогата, што чини и трае ++, како и, според моето мислење, недоволната понуда и искуство кога станува збор изведби по куќи и станови. Лично не познавам никој кој дома има епоксиден или полиуретански под, кој би препорачал некој изведувач со добра „историја“, а не приучени. Секако, има установи (млекари, болници, фабрики за лекови, училишта, градинки за деца и сл.) со епоксидни подови, ама ретко домашни живелишта.

Инаку, наводно се работи за под кој многу лесно се одржува, кој е многу траен и издржлив (иако тука има различни мислења, што веројатно зависи од тоа колку и какви епоксидни слоеви има подот, колку е дебел и сл.), кој не е студен, а чиј изглед може најразновидно да се обликува по желба, во зависност од креативноста и финансиските можности.
cc.jpg
Epoxy-51.jpg
62e7bfae92d3392986c6243f0192cc1d.jpg
3d-epoxy-flooring-for-bathroom-with-earth-planet-and-space-theme.jpg
 
Ова последново незнам дали воопшто е вистинско, повеќе ми личи на компјутерски обработено. Но во тој случај да е вистинско, тешко дека кај нас некој ќе ти направи нешто вакво:D
 
Ова последново незнам дали воопшто е вистинско, повеќе ми личи на компјутерски обработено. Но во тој случај да е вистинско, тешко дека кај нас некој ќе ти направи нешто вакво:D

Последното можеби и не е. Но затоа претходните три се. И фино изгледаат. Инаку, тридимензионални цртежи кај епоксидните подови не се никаква реткост. Јас не ни сакам нешто такво да имам на подот, а доколку има кај нас некој што изработува нешто слично тогаш цената би била ужасно висока.
 
Ова последново незнам дали воопшто е вистинско, повеќе ми личи на компјутерски обработено. Но во тој случај да е вистинско, тешко дека кај нас некој ќе ти направи нешто вакво:D
вистинско е и со аирбуш уметник го изработува
 
Може ли некој да ми каже ориентационо цена за матеирјали за следново:
Приземје: Основа 44м2 со висина 255цм.
Поткровје: 44м2 со најниска точка на висина 165цм на горна плоча од монти.
Кров: некаде +-120м2 (лим или ќерамида) + кровна конструкција.
+ Темели и цокле со тоа што таа квадратура е 60м2 со 80цм длабина.
Значи затворена карабина без прозорци и врати.
Фала однапред.

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
 
Цената за карабина се движи од 75 - 150 евра од квадрат. Се зависи колку се става/прави, каква е работната рака и какви се материјалите со кои се гради.
 
Здраво
Сакаме да направиме пренамена на тераса во соба и каква дозвола и документи се потребни икаде треба да се обратам.
Дали има некоеј да ми препорача некое проектно биро за оваа работа.
 
Здраво на сите, пошто сум нов овде, би сакал да ги прашам поискусните од мене поврзано со оваа тема, кога би решил да срушам стара куќа од 80 квадрата, и кога би градел преку фирма нова на истото место, со некои 90 квадрати, карабина заедно со кров, колку би ме чинело? Слушам разни цени, и всушност дали целокупните цени кои се зборуваат за со карабина, дали во сето тоа спаѓа и кров, ви благодарам.
 
Најточна цена ќе ти каже тој кој ќе ти ја прави куќата. Имаш тука доста математики, каде е куќата, шо материјали, дали 1 спрат од 90 или 2 по 45 дали визби ќе има....
Инаку карабина претпоставува изидано и покриено со кров. Немаш малтер немаш подови плочки санитарија прозорци врати електрика водовод...... сето тоа после накнадно си ставаш.
Ова е типична карабина:
-Kuka-karabina-od-300m2-vo-Ohrid.jpeg
 
Здраво на сите, пошто сум нов овде, би сакал да ги прашам поискусните од мене поврзано со оваа тема, кога би решил да срушам стара куќа од 80 квадрата, и кога би градел преку фирма нова на истото место, со некои 90 квадрати, карабина заедно со кров, колку би ме чинело? Слушам разни цени, и всушност дали целокупните цени кои се зборуваат за со карабина, дали во сето тоа спаѓа и кров, ви благодарам.
Цената за карабина оди од 75 евра до квадрат, па се до 150 евра од квадрат. Се зависи од квалитетот на фирмата што гради, од квалитетот на материјалите кои се вградуваат, како и од она што се планира да се изгради. Цената за рушење на старата куќа и расчистување на отпадот не спаѓа во оваа цена. Затоа би било најдобро да ги прашаш фирмите кои ќе ги контактираш каква цена би ти понудиле за рушење стара куќа, чистење отпад и градење карабина.
 
Едно прашање, ми понудија наместо топчеста изолација да се стави само на надворешните зидови, да се стави испод темелите низ цела кука. дали тоа е можно и дали е стандард?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom