Помош - сакам да градам!

  • Креатор на темата Креатор на темата santo
  • Време на започнување Време на започнување
Зависи колку м2 сакаш! За 100 м2 40к се доволни и за клуч на рака! Те лажат за одење во висина, губиш на степениште! Ако си приватен инвеститор, па на мал плац дигнеш 5 ката и продаваш, тоа е друга математика, за свои потреби јок!
Друже мислев за 2 кат да бидат од надвор степениците значи 2 влеза.. Ќе се добие на простор што се вели.. Иначе да толку околу 100м2..
Велат дека повеќе одело материјал во должина него ли во висина затоа прашав.. Иначе за сопствени семејни потреби не за продажба :)
 
Степениците исто фаќаат место и чинат пари, не држи математиката.
 
Како може да се реши проблем со гласна музика со јаки басови која се пренесува на горните спратови? Посебно сметаат басовите (бум бум бум, високите фреквенции не се ни слушаат многу ниту пречат) кои не само што се слушаат повеќе туку и од нив се пренесуваат вибрациите во станот. Изолација со долниот дел (под нас) каде е музиката нема, само бетонска плоча и ламинат (кај нас). Гледав бас трапови и некои слични изолации, но некако се многу скапи по квадрат, а не само што не сум сигурен дали ќе ги апсорбираат вибрациите туку се работи за поголема просторија па тоа е и поголемо вложување без да го знам резултатот. Башка мора да убдувам некого да му ставам вакви чудовишни бас трапови на ѕид. Ај на страна да ја тргнеме површината. Дали има поефтини и ефикасни варијанти за вакви проблеми?
Втора варијанта е уште поскапа и понепрактична. Кај мене да го извадам ламинатот, да ставам звучна изолација (која повторно не знам дали и колку ќе ги гуши вибрациите) со висина од 3-4 цм, да ставам врз неа пак ламинат.
 
Има еден лек се вика време(или вие ќе отапите на басот или со возраста доле нема да пуштаат таква музика), инаку нема начин ефикасно да се спасиш од тоа, треба целата просторија да е изолирана долу, па да има ефект!
 
Како може да се реши проблем со гласна музика со јаки басови која се пренесува на горните спратови? Посебно сметаат басовите (бум бум бум, високите фреквенции не се ни слушаат многу ниту пречат) кои не само што се слушаат повеќе туку и од нив се пренесуваат вибрациите во станот. Изолација со долниот дел (под нас) каде е музиката нема, само бетонска плоча и ламинат (кај нас). Гледав бас трапови и некои слични изолации, но некако се многу скапи по квадрат, а не само што не сум сигурен дали ќе ги апсорбираат вибрациите туку се работи за поголема просторија па тоа е и поголемо вложување без да го знам резултатот. Башка мора да убдувам некого да му ставам вакви чудовишни бас трапови на ѕид. Ај на страна да ја тргнеме површината. Дали има поефтини и ефикасни варијанти за вакви проблеми?
Втора варијанта е уште поскапа и понепрактична. Кај мене да го извадам ламинатот, да ставам звучна изолација (која повторно не знам дали и колку ќе ги гуши вибрациите) со висина од 3-4 цм, да ставам врз неа пак ламинат.
,,,dijamantski gips karton plochi a pomegju niv tervol i plus potenok stiropor,zafakja okolu 6-7cm. debelina,sega za sega uspeshno se pokazha ,a za ponataka ke pokazhe vremeto,,,
,,,okolu 30 do 45 evra od kvadrat,,,
 
Степениците исто фаќаат место и чинат пари, не држи математиката.
Исто е ама не е исто,
трошиш за плоча одоздола, ѕидот е ист, потоа трошиш за плоча одозгора, ако ја има оти може да помине без тоа ако не планира да ја дига нагоре, иако е пожелно да има плоча, ако прави на спрат мора да има една плоча, потоа со или без плоча и покривот да си знаеш дека е пак двојно поголем кој исто така чини пари.
Здраво дечки..

Ај тие што граделе куќа или што имаат познавање околу тоа да дадат мислење..
Сакам да градам куќа е сега прво и основно која е поевтина варијанта дали да одам во ширина и должина на 1 кат или пак да одам на 2 спрата да биде куќата? Некој ме советуваа дека во висина би заштедил 15 до 20 %..
Дали 40.000 евра би стигнале за дигање на куќата, за врати, прозори, купатила, ламинат и други останати неопходни работи??
Би ви благодарен за секој совет што би ми го дале..
Во ширина баш и не можеш да одиш колку сакаш, треба спрема ДУП да гледаш колку е максимумот, можеби е двокуќа незнам,
викаш на два влеза, дали се работи за браќа, ако е така и имате можност за двокуќа направете по еден спрат па во иднина некогаш ќе кренете нагоре, ако е за едно семејство тогаш прави на два спрата.

40000 евра се доволни за 200 квадрати (по 100 квадрати) кога ја би ја правел, дури и би ми останал кусур, ако ти ја прави фирма немам поим колку би било, сепак според проектот (кој мислам дека го немаш) ќе можеш многу детално да пресметаш колку би те коштал материјалот, врати, прозорци и сл.
 
Здраво дечки.

Преговарам за еден плац (се води како нива) кој се наоѓа во вонградска зона. Во општина Гази Баба моментално не можам да добијам информации зошто делот за урбанизам нема да работи наредни 2-3 недели поради некој заразен од корона, па си реков тука да прашам и плус за искуство доколку има некој. Во тој предел има 3 куќи кои се постојано живеалиште и околу 10 кои служат како викендици. Од тоа што разбрав, тој дел не е влезен во ДУП-от на општината, но дел од куќите кои се таму се легализирани. Прво што ми иде на ум е дека можеби биле дивоградби, па потоа ги легализирале со проектот кој постоеше за легализација по 1е м2.

Ме интересира дали доколку го купам плацот има шанси да добијам дозвола за градба. Да речеме и дека навистина не е влезен во ДУП-от (кога ќе проработи секторот ќе одам и ќе побарам документ), дали постои шанса да се додаде и потоа да добијам дозвола, исто и колку би траел тој процец отприлика?

Би ви бил благодарен за било кој совет од вас. Поздрав
 
Најдобро ти е да почекаш и да видиш дали има урбанистички план, општ акт или што и да е за парцелата. Ако вадиш Извод од план, ќе ги имаш сите информации. Види овде да не има нешто дури чекаш http://www.gazibaba.gov.mk/business/index.php/mk-mk/urbanizam/urbanisticki-planovi. А за шансата да се додаде, подобро барај друг плац, процедурата е долга и скапа.

Поздрав
 
Луѓе,не знам во која тема да прашам,преместете го мислењето во соодветната тема.

Моите две прашања се следните:

1. Дали во Скопје можам да најдам,сега не знам како е точниот назив,ајде нека биде смола,што служи за формирање на маса заеднички со дрвото.
Смола,лак,лепак,што и да е точниот назив.

2. Дали имате некои солуции за средување на плочки во WC,ќе ме фати многу скапо да ги менувам сите плочки,а немам ни многу слободно време на располагање,па ми кажуваа дека имало боја за плочки,што била одлична за тие намени.
Е сега,како оди целата постапка околу таа работа ?
 
За плочките не знам, ама за смолата, верувам дека бараш епоксидна смола. Не знам каде ја има, прогуглај
 
Луѓе,не знам во која тема да прашам,преместете го мислењето во соодветната тема.

Моите две прашања се следните:

1. Дали во Скопје можам да најдам,сега не знам како е точниот назив,ајде нека биде смола,што служи за формирање на маса заеднички со дрвото.
Смола,лак,лепак,што и да е точниот назив.

2. Дали имате некои солуции за средување на плочки во WC,ќе ме фати многу скапо да ги менувам сите плочки,а немам ни многу слободно време на располагање,па ми кажуваа дека имало боја за плочки,што била одлична за тие намени.
Е сега,како оди целата постапка околу таа работа ?
Epoksidna smola
 
Здраво дечки,
Сакам да ја реновирам дома собата, па решив едната страна од собата да ја правам со гитер цигла, нешто наллик на ова(прва слика),
Но Проблемот е во тоа што ќе ми ја намали и така веќе малата соба, дебелината на циглите прави проблем, па барам ако има цигла ко првата слика, со дебелина на цигла од втората слика.
Некој да знае кај можам да најдам такви тенки цигли, што нема да зафатат многу простор?
 
Не сакам нешто вакво, ми крши филм ептен.
Сакам да биде иѕидано.
 
Здраво друштво
Дали некој знае колку се комуналии на m2 кај Санте плус - Ѓорче?
Дали доколку на постоечки стара куќа од 100 m2 се сруши може да се изгради исто толкава квадратура но во друга форма?
И дали за истите треба да платам комуналии како воопшто да немало куќа?
Благодарам однапред.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom