Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Веројатно имаш 32bit os..
Каков оперативен систем имаш?
Да. Windows 7 (ако нешто значи и оваа информација).
Јас им кажав надградете го колку што може и ова го добив. Треба да се бунам што не е 64? Може да се среди тоа дополнително?

П.с. не се разбирам многу па може испаѓа дека прашувам глупости, али тоа е...:pipi:
 
Да. Windows 7 (ако нешто значи и оваа информација). Може да се среди тоа дополнително?
Да треба да се инсталира нов 64bit оперативен систем,
можеш да провериш

  • Click the Start button
    4f6cbd09-148c-4dd8-b1f2-48f232a2fd33_818.jpg
    , right-click Computer, and then click Properties.
    • If "64-bit Operating System" is listed next to System type, you’re running the 64-bit version of Windows Vista or Windows 7.

    • If "32-bit Operating System" is listed next to System type, you’re running the 32-bit version of Windows Vista or Windows 7.
 
Да треба да се инсталира нов 64bit оперативен систем

Проверив пак. Да 32 е.
Значи јас треба сега да форматирам компјутер за да се преинсталира windows со 64 и ќе ми се отворат 5те гига рам, така? Тоа е се?

- дополнително прашање: дали знае некој каде најевтино би ме коштало тоа задоволство, зашто претходни форматирања ми ги праеле другари,а веќе незгодно ми е да ги барам нив пак?
 
Пиши ПП
 
samsung galaxy ace 2 i8160 network unlock code :D
Постои ли можност да се користи на друга СИМ картица за џабе или ќе кошта ова, па да земам да го фрлам. :)
 
Имам проблем со екстерен хард диск 2.5, коа го приклучам на компјутер или телевизор свете и дава знак титка, како и порано, (се работи за WD). Кога го поврзам на компјутер не го отвара ама го регистрира го имаи у дивајс и скенерс, дава знак дека има нешто приклучено при ставање на усб, ама никако да отворе?

Некој со сличен проблем или да знае?
 
Десен клик на My Computer > Manage, па Disk Management. Десен клик на дискот/партицијата и Change Drive Letters and Paths, па Add.

Имам проблем со екстерен хард диск 2.5, коа го приклучам на компјутер или телевизор свете и дава знак титка, како и порано, (се работи за WD). Кога го поврзам на компјутер не го отвара ама го регистрира го имаи у дивајс и скенерс, дава знак дека има нешто приклучено при ставање на усб, ама никако да отворе?

Некој со сличен проблем или да знае?

Sent from my LG-D855 using Tapatalk
 
Купив од Сет безжичен маус, ама еве по некое време почна да ме зеза. Па морам да го отворам, да ја поместувам батеријата и тогаш проработува. И по 10 минути пак истото.

Што е проблемот, батерија или често се случува ова со овие мауси?
 
Е ова ти е кога женско сака да биде к*рац и пол. Смени батерии, не ги користи фабричките :D
 
Здраво дечки ме треба мислење од некој кој малце повеќе се разбира од Хардвер.
Пред 2 месеци ми се зезна матичната на лаптопот, и го однесав на сервис и ми го средија, односно некој дел бил одлемен и човекот го залемил. Сега лапотпот си работи се најнормално без никакви проблеми. Ама тој ми рече дека одлемувањето се случило заради прегревање и ладење, така што со тек на време тој дел на матичната добил некакво изреметување на неговата првична положба и така се случило одлемувањето, исто така ми кажа да не сум играл игри (иако многу ретко играв), и да не сум уклучувал програми кои можат да му ја зголемат работната температура. Така да ме интересира што вие мислите, дали проблемот се случил од прегревање, и дали можи повторно да се случи, или мислите дека тоа се случило од сосема друг проблем?
 
Дечки, имам проблем со wireless-от на лап топот -> често се дисконектира односно три-четири пати во 2 минути. Некогаш си е се во ред ама некогаш не можиш да отвориш ништо. На смартфоните се си е во ред, на десктоп компјутерот се е во ред, значи се јавив и во ОНЕ и се е во ред и од таму. Да не треба некакви подесувања на лап топот да направам?
 
Смени драјвер и намести да не го гаси адаптерот (wifi) во power management. На десен клик го имаш ова.
 
Да не има некаква врска што ми се исклучени абдејтите на Виндоусот?
 
Здраво дечки ме треба мислење од некој кој малце повеќе се разбира од Хардвер.
Пред 2 месеци ми се зезна матичната на лаптопот, и го однесав на сервис и ми го средија, односно некој дел бил одлемен и човекот го залемил. Сега лапотпот си работи се најнормално без никакви проблеми. Ама тој ми рече дека одлемувањето се случило заради прегревање и ладење, така што со тек на време тој дел на матичната добил некакво изреметување на неговата првична положба и така се случило одлемувањето, исто така ми кажа да не сум играл игри (иако многу ретко играв), и да не сум уклучувал програми кои можат да му ја зголемат работната температура. Така да ме интересира што вие мислите, дали проблемот се случил од прегревање, и дали можи повторно да се случи, или мислите дека тоа се случило од сосема друг проблем?

Поради наложената промената на калајот од 2006 согласно RoHS да не смее да содржи олово, калајот веќе не е толку издржлив на температурни промени. Од загревање/ладење се формираат микропукнатини во лемовите и се губи контактот помеѓу чипот и водовите. Решение е процес на т.н. reballing, односно бидејќи повеќето чипови/интегрирани кола се залемени во BGA (ball grid array) техника, се грее и одлемува чипот, се нанесуваат нови топчиња калај и повторно се залемува.

Некои за да заштедат само го греат чипот лжсо heat gun и со тоа го топат калајот, со што повторно се воспоставува контактот. Ама бидејќи калајот е истиот, многу е веројатно да се повтори дефектот по некое време. Решение трајно, па и нема...

Sent from my LG-D855 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom