Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Кај да го проверам тоа. Инаку го отворив капачето според клипов:)
--- надополнето: 4 октомври 2013 во 11:32 ---
Едит: Точно Грин Верзија е сеа видов внатре
--- надополнето: 4 октомври 2013 во 12:53 ---
Сеа ХДД регенератор ми вика Disk Problem-Seek Failure
Вади се што можеш од дискот на друг диск, овој изгледа е пред испуштање душа.
 
Здраво, ми се расипа десното копче од тач-падот, лаптопот е марка Асус к32-е, дали некој знае колку се движи цената на копчето, дали може да се смени само тоа, или да се купува цел тач-пад и која цена е ....фала
 
Иам лаптоп acer aspire e1-571G, со процесор i5 2.5 Ghz со turbo boost до 3.1 GHz. Е сеа, прв пат зеам лап топ, прв пат се среќавам со turbo boost, и ме интересира шо е фората со тоа? Има некои side effects на ова, ќар? Или да остаам, да не чепкам ништо?

Чисто информативно.
 
@Др.-АГАН
Накратко - ако има потреба и ако сите услови се задоволени* - се зголемува фреквенцијата ( *пример - не е ептен загреан било кој дел од процесорот / да не се надмине TDP лимитот: интегрирана графичка и процесорот имаат заеднички TDP лимит. Кај некои модели може да се зголеми фреквенцијата дури и ако официјалниот TDP лимит е надминат под услов да е процесорот доволно ладен ).
Ќар - екстра перформанси.
side effects - ако не го чистиш кулерот од прашина - со време Turbo Boost-от ќе се пали поретко или ич нема да се пали.
 
Екстерниот што ми се сјеба сеа кога го поврзувам преку сата на матичната не крева виндовсот воопшто а кога ќе пробам преку усб кабел ми вика USB not recognized. Како да пристапам до ХДД за да го скенирам на CMD
 
хитно е
 
@Beck's
Како мислиш не крева Windows-от воопшто? Што се дешава поточно? Почнува да се учитува па се кочи, не почнува уопште или нешто трето?
Дали дискот е детектиран во BIOS-от ?

Ако те разбрав добро ( не почнува уопште - invalid boot device или некој сличен error ), а дискот Е детектиран во BIOS-от - тогаш провери во BIOS-от од кој диск ти е одбрано да бутира.
* Пример има опција First boot device : HDD, после побарај уште една опција Hard Disk Boot Priority и таму намести да бутира од дискот на кој ти е инсталиран оперативниот систем.

* Овие опции можат да се најдат и под други имиња, не се исти кај сите плочи, ама најчесто се под некое слично име - ќе се снајдеш.
 
дечки ај мала помош, денес некако на тастатурава од лаптопот не ми работи ентерот добро, некогаш фаќа некогаш не. Кога фаќа си е најОК, али на моменти знае и по 3-4 пати да кликнам за да се зададе командата. Лаптопот е старт 18 месеци, се работи за АСУС К53S. Дали е можно да е сјебана нешто тастатурава или може и од нешто ѓубре да има засобрано?
 
Сјебан е скроз, се слуша Зукот на смртта што се вика http://www.youtube.com/watch?v=XwYSdD4fyRU . За да ги вратам податоците ми кажаа дека треба некој процедура која е скупа да се врши, па затоа некој од Скопје да ми каже дали има таму вакво место што вршат ваква процедура или некој од вас кој имал слично искуство. Е сеа дали процедурава ми е последна можност за враќање на податоците?
--- надополнето: 9 октомври 2013 во 20:24 ---
http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=305667

Најдов еден, сеа колку е веродостоен :)
--- надополнето: 9 октомври 2013 во 20:27 ---
http://www.sistrum.mk/ или овој
 
Старите дискови до пред 5-6 години можеа да им се менува електроника па да се извадат податоците.
Овој твојов е нов диск на самиот диск има сериски број кој треба да биде упарен со биосот од електрониката на дискот. Тешко некој неофицијален сервис во мк тоа да го направи.
Џабе ќе си го губиш времето со мк фирми, ти треба официјален од WD.... Освен тоа ако го дадеш на некој што на среќа нешто му успеало, може само да го дооштети.

Единствено во мк ако имаш познат во мвр....
 
@Beck's
Еве фирма што се бави со таа дејност од Србија - http://www.helpdisc.rs/cenovnik - чисто да знаеш одприлика колку би чинело.

Македонска фирма со цени за вакви услуги - не можев да најдем ништо конкретно освен оваа стара акција на групер : http://grouper.mk/skopje/deal/nitro-spasuvanje-podatoci
Код:
Нитро Компјутери работат на спасување на Вашите вредни податоци од расипан хард диск по супер цена!
Ако Ви се расипал хард дискот, а на него имате вредни податоци, слики, музика, не се разочарувајте. Ќе се обидеме да ги извадиме сите Ваши податоци дури и ако хард дискот е механички оштетен или има проблем со електрониката.

Не сум чул за овој сервис до сега - ама нема никаква штета у тоа да ги контактираш ( има адреса и телефонски број на линкот ).
 
Ми вратија на емаил овие од Нитро и да вршеа враќање на податоци по цена од 3600ден. Значи вреди :) Фала
 
Ми вратија на емаил овие од Нитро и да вршеа враќање на податоци по цена од 3600ден. Значи вреди :) Фала
Еве една мала тајна од тие што враќаат податоци. Во случај да не успее да ги врати, намерно го дооштетуваат дискот за да не изгубат углед дека неуспеале да повратат податоци и ако некоја друга фирма проба да ги враќа исто така да не успее. Затоа не би ти советувал да одиш кај анонимуси ако имаш битни податоци.
 
Има логика твоево, ај ќе почекам да видам дал ќе најдам некој овластен сервисер макар и надвор од МК
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom