Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
сакам да зеам екстерен хард од 1ТБ, глеам цените се од 3500 па до 7000, некој совет... што е највредно според парите да се земе
 
@Мезнаеш - 450W некое кинеско no-name напојување ( Delux, Hantol, Glacial Tech , MS ) или 450W квалитетно напојување ( Chieftech , Cooler Master , Corsair )?
Мада може и да не е до напојувањето, кажи на кои фреквенции ја ставаш картата и температури достигнува. Кажи и од која марка ти е графичката ( Sapphire , ASUS .. )
Мислам дека напојувањето ми е Gembird не сум сигурен пошто целата конфигурација ми е од Anhoch и го немам сеуште јас физички отворено пошто ми е под гаранција , али сум сигурен дека напојувањето не ми е од тие no name фирми.
Графичката ми е Sapphire...фрекфенциите ги зголемувам малце за по отприлике 100+ (неможам точно да ти кажам пошто не сум на тој компјутер) , а температурата е во нормала .... под полна оптеретеност е одприлике 64-5 степени
 
Мислам дека напојувањето те зеза, да не ме сватиш погрешно.. За нормална работа си е ок, но за оверклок не .
 
Мислам дека напојувањето те зеза, да не ме сватиш погрешно.. За нормална работа си е ок, но за оверклок не .
Да да и ја мислев така...пошто и за оваа графичка минимумот за да работи е 450 W....да не можеш да ми дадеш предлог за некое подобро напојување само да не биде многу скапо XD
 
сакам да зеам екстерен хард од 1ТБ, глеам цените се од 3500 па до 7000, некој совет... што е највредно според парите да се земе

Ваков

Да да и ја мислев така...пошто и за оваа графичка минимумот за да работи е 450 W....да не можеш да ми дадеш предлог за некое подобро напојување само да не биде многу скапо XD

Види, реално твоето напојување дава 250-300W. Би ти го препорачал ова напојување, доколку цената не е проблем. Но верувај дека ке ти се исплати.
 
Ваков

Види, реално твоето напојување дава 250-300W. Би ти го препорачал ова напојување, доколку цената не е проблем. Но верувај дека ке ти се исплати.
Не , мислам дека е true power моето и кошта околу 3к + така да би требало да зеам некое 500 W +
 
Ај вака и ја да прашам нешо...
Со буџет од некои 35к почнав да терам некој филм за составување нешто ``гејмерско``(ептен е во мода зборчево у последно време)
Е сеа ко шо гледав ценовникот на анхоч

CPU: i5 2500k quad core 3.3 ghz -11k
GPU: ATI PCX 6870 1 GB DDR5 -10k
HDD: 500 GB Western Digital -2k
RAM: 4gb Kingston DDR3 -1,6k

до тука испаѓа 25 да заокружеме
знам дека треба ми напојување и матична фала богу али не сум се начитал до толку, глеам дека се именувани по портовите за процесорот и рамот али ептен фаворизитате некои фирми шо ги нема у ценовнико па ај реков да прашам и за тоа и за ова досеа да чујам мислење...

Ај да чујам да предложете напајање и матична до 10к, ако може нормално, а ако не кажвајте на шо да кратиме x)

а патем воа ќе иде на 19 инчен монитор кој се има расипано само еднаш за 3 години и не планирам да го мењам
 
Вака
Ми требаат итно звучници за пц и не мора да се скапи-до 400 денари. Гледав нешто на интернет од амц, нико, еми и тнт.... Има избор ама јас не се разбирам многу многу за звучници.
Па дајте некој предлог-што побрзо-толку подобро :) утре сабајле треба да ги земам :)

И друго битно прашање: Дали има некој звучници на кои напојувањето им е преку усб? Како стојат со глас?
 
Ај вака и ја да прашам нешо...
Со буџет од некои 35к почнав да терам некој филм за составување нешто ``гејмерско``(ептен е во мода зборчево у последно време)
Е сеа ко шо гледав ценовникот на анхоч

CPU: i5 2500k quad core 3.3 ghz -11k
GPU: ATI PCX 6870 1 GB DDR5 -10k
HDD: 500 GB Western Digital -2k
RAM: 4gb Kingston DDR3 -1,6k

до тука испаѓа 25 да заокружеме
знам дека треба ми напојување и матична фала богу али не сум се начитал до толку, глеам дека се именувани по портовите за процесорот и рамот али ептен фаворизитате некои фирми шо ги нема у ценовнико па ај реков да прашам и за тоа и за ова досеа да чујам мислење...

Ај да чујам да предложете напајање и матична до 10к, ако може нормално, а ако не кажвајте на шо да кратиме x)

а патем воа ќе иде на 19 инчен монитор кој се има расипано само еднаш за 3 години и не планирам да го мењам

Еве едно компјутерче под 35к , само со i3-2100.

captur1312372039.jpg


A еве како би изгледало ако ставеме i5-2500K во твоето старо кукиште и стар режач со 500GB диск.

21312372259.jpg
 
Ми рокна кај напојувањето кај кулерот зошто го сменив тоа чудото црвено од 230 на 115, ват хепнд анд ват ту ду??
 
тоа го правеше додека работи пц то или? Ај пробај врати си го како што беше и пробај пак.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom