Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
mene slicno 2003-ta
si pushtiv internet preku 56k modem
so telefonskiot kabel
internetot ne bese ptt
po logika i kako shto prassav mi rekoa le gi plakjas samo impulsite , i po 1mesec pojdov si go plativ internetot
odam da go platam fiksniot ,i shto ka vidam,, mi zasmetale od nivniot internet , plus impulsi plus taksa ...wtf
 
Имам чуден проблем со лап топот, конкретно со полнењето на истиот. Ми прави проблеми за полнење ама чудно затоа што не реагира при мрдање на кабелот од полначот туку едноставно или полни или неполни. Не е како на некои телефони пример да полни под одреден агол или да се изместува ако го мрдниш телефонот. Дали е можно да се работи за некој софтверски проблем?
 
Конкретно каков проблем со полнењето имаш? Споро полни, не полни, прекинува сам од себе да полни? Можеш да пробаш со друг полнач, ако го имаш поодамна лаптоп от може и батеријата да е веќе отидена.

Sent from my Redmi Note 9 Pro using Tapatalk
 
Не полни воопшто. Пробувам после еден саат полни. И да го мрдам, нема гајле,си полни. Инаку стар е 6 години.
 
За трошење трошиме 3-4 ијади
Проблемот сега што бараат 500 евра за струјомер што сменија
дека како што спомнав нашиот затајувал струја
ТОА СЕ ГЛУПОСТИ КРАЖБА

Ах мамето нивно да му го ебам, мене ми го сменија статот така, и сега плаќам помалце, мојот сат претходно надземал, оти мене не ми вратија 500 еур. Се откостив од сметки до 18.000 денари во зима.
 
Не полни воопшто. Пробувам после еден саат полни. И да го мрдам, нема гајле,си полни. Инаку стар е 6 години.
Хмм мене ми личи ко батеријата да се преиспразнува. Кога батеријата е преиспразнета (под 0%) во моментот кога ќе го приклучиш полначот она почнува да се полни но сеуште не добиваш индикација на лаптоп от (не свети сијаличката за полнење). Тек после некое време кога ќе дојде на 0% се пали индикаторот за полнење. Јас сум 97% сигурен дека батеријата е отидена. Купи нова и види дали ќе се среди проблемот. Прашај таму каде што ќе ја купиш дека првично ти е за тестирање и доколку не е до неа проблемот колкав е рекламацискиот период за да евентуално ја вратиш назад.

Доколку не е до батеријата проблемот ондах или е полначот или колото за полнење на плоча на лаптоп от.

Sent from my Redmi Note 9 Pro using Tapatalk
 
Од ЕВН доајѓаат и ни го менуваат струјомерот
( на 10 год се менувал )
И по една недела ни стига сметка 500 ЕВРА
зошто прашуваме ЗОШТО ни рекоа дека струјомерот ни затајувал струја
а плаќаме 3-4000 денари месечно ПОМОШ ИДЕИ ...

Извинете можеби не е темата таа тука но неможев да најдам таква тема
ви благодарам
Да, струјомерот го менуваат на 10 год. Најубаво е сам да запишуваш состојба пожелно штом помине инкасаторот.
Два параметри ти се битни
Висока/скапа тарифа - 1.8.1 (шифрата на самиот струјомер)
Ниска/ефтина тарифа - 1.8.2
Ако не ти се чита убаво светни со блиц или батерија.
Шифрите се менуваат автоматски на 5/6 секунди.

Ако приметиш разлика во состојбата јави им се одма (на фактурата и на веб сајтот имаш број за грижа на корисници) и кажи им ја твојата реална состојба. Ќе ти направат корекција и ќе ти пуштат нова фактура.

Законски ЕВН има обврска да го чита саатот еднаш во годината. Останатите месеци има право паушално да пишува состојба. Затоа најубаво е да си проверуваш сам секој месец и доколку има драстична разлика да им алармираш веднаш.

Е сега ова е официјалниот начин како функционира ЕВН.

Кој нив ги контролира како они ги баждарат струјомерите, колку тие функционираат ко што треба, појма немам. Пријател купи мерач за потрошени киловати му покажа многу помалку. Се јави во ЕВН му се скинале од смеење. Не признаваат ништо друго освен нивното.
И јас знам за ситуации кај што луѓе имале драстични разлики во потрошња откако им го смениле струјомерот.

Фала за советот
Проблемот мене ми е што тие си го сменија струјомерот и
после 2-3 недели покрај редовната сметка
ми лупаат 500 евра ДЕКА СТАРИОТ СТРУЈОМЕР
МИ ЗАТАЈУВАЛ СТРУЈА
Е значи по логика МОЖЕА И МОЖАТ 5000 евра
да ме ебнат
 
Користев зоом пред некој ден и добар дел од состанокот на некој од уклучените им шуштеше микрофонот. Сега што и да пуштам музика филм звукот не е чист на лаптопо се слуша крчење. Може да се среди оваа ?
 
Хард дискот на десктопо компјутерот се расипа (проблем со главата). Сервисерот ми кажа дека неможел да ги префрли документите што се на него бидејќи после 1 минута макс престанувал со работа. На ХД имам документи кои ми се важни и ми требаат. Има ли некој начин да се копираат од ХД ?
 
Овие поправаат ако му има спас, ама и скапичок е сервисот на ваква работа, земи си троа повеќе пари со тебе.
 
Хард дискот на десктопо компјутерот се расипа (проблем со главата). Сервисерот ми кажа дека неможел да ги префрли документите што се на него бидејќи после 1 минута макс престанувал со работа. На ХД имам документи кои ми се важни и ми требаат. Има ли некој начин да се копираат од ХД ?
Па има методи да се "одглави" главата на дискот, да се бекапира и дискот слободно да заврши во отпад.
Сепак многу зависи и сервисерот колку е квалитетен....дискот еднаш веќе е чепкан....проблем....сега и да најдеш врвен сервисер може операцијата да не биде успешна.
Во поголем дел од случаи каде што ќе се блокира глава, заглави игла или рикне електроника.....успешно се изведуваат интервенциите.
Крајно дискот во комора и многу пари со тебе во џеб....тогаш сигурно ќе биде ок.
 
Важни документи за просечен корисник постојат се додека не ја слушне цената од Систрум.
Наеднаш документите ќе станат па и не толку важни.
 
Луѓе имам проблем со екранот. Знае рандом да се изгаси и изгуби сигнал, па покажува HDMI па Analog. Дали гледам филм или играм или што било се гаси и морам да го рестартам компјутерот за да функционира пак. После рестартот се е нормално ама ми се гаси кога ке му текне. Го сменив HDMI кабелот и пак иста приказна. Пуштив дијагностика на ПЦ и ги видов драјверите, нема никаков проблем. Јас искрено веќе не знам што да правам. Може ли помош
 
Пуштив дијагностика на ПЦ и ги видов драјверите
Убај беа?
Пошо објаснувањево ти е полу глупо и немаш доволно информации (дали компјутерот работи и дали се свети и дали све брмчи како претходно и кои ти се компонентите и дали ти се купени на старо/на ново, колку се стари), не можам со сигурност да кажам дали е графичка или монитор така да барај пријател да ти позајми графичка прво да знаеш дали е таа или пробај го на интегрирана ама пошо ти ги овертинкуваш работите пошо си @OverthinkingMan очигледно ги оувертинкна и деталите за компонените па не знаеме дали имаш интегрирана на процесоро или не дај боже матичната (не дај боже зш веќе интегрирани на матична скоро и да нема што значит ти е стар компјутеро и што значи фрлај в канта).
а не е лошо и кабело за струја да пробаш да го смениш за мониторо
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom