Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Пресметав и доаѓа дека ми троши околу 300W...
Фала за помошта, 90% сум сигурен дека проблемот ми е до напојувањето, ќе го сменам денојве (ко ќе ми текнит колку кабли имам за сменвење косава ми се креват:))
 
Ми треба помош од Круша ако знае. Имам графичка ATI Radeon 9800 SE. Кога ја купував ми рекоа дека од таа графичка (ATI Radeon 9800) има осакатена верзија како мојата (ЅЕ), нормална верзија (обична) и најјака верзија (PRO). Ја земав таа првата најслабата зошто беше најевтина и ми рекоа дека имало некое програмче (ваљда се оверклокува со тоа прграмче) со кое се подесувало 8 pipelines наместо 4 и со тоа се добиваат перформансите од Pro верзијата. Всушност иста е графичката во трите верзии само во првите две нешто било заклучено и со овој програм се отклучувало тоа.
Е сега ако може некој што знае да ми помогне и да ми објасни нешто повеќе. Треба после ова да добијам доста подобри перформанси. Може ли нешто да се расипе ако го направам ова. Како ќе знам дали е се во ред после ова. Ми рекоа напонот да сум го мерел. Што уште да направам?
Поздрав
 
Прво и основно дали графичката ти има 256bit мемориски интерфејс? Mеморијата треба да ти биде во форма на буквата "L". ЗАшто има две верзии на 9800SE една со 128bit мемориски интерфејс и една со 256bit мемориски интерфејс. Мислам дека и таа со 128bit мемориски интерфејс може да се модува во 9800PRO т.е. да се итклучаат сите цевководи, но перформансите ќе ти бидат доста послаби. Истотака има повеќе верзии на R350 VPU. Една верзија е која сите 8 цевководи и работат како што треба, друга е кога некои се оштетени од останатите 4 и трета е кога сите останати 4 се оштетени. Па ако ја модуваш првата ќе ти работи одлично, ако ја модуваш втората може да имаш мали или големи артифакти и точки на екранот во зависност од тоа колку се оштетени останатите цевководи и ако ја имаш третата мислам дека воопшто во виндовс нема да можеш да влезеш. За жал архитектурата на R350 е таква што ќе работи со 4 или со 8 цевководи, неможе едни да се отклучаат ,а други не. Истотака какво ти е ладењето на картичката? Ако ти е слабо може да се прегрее. Најубаво пиши го точниот модел и готово
 
Како да видам најточно што модел и што ладење имам на графичката? 90% сум сигурен дека ми е 128 bit, ама подобро би било да проверам некако. Има ли некој програм со кој би можел се ова да го проверам?
 
Најубаво и најточно е да го отвориш компјутерт, да ја извадиш картичката и да видиш каков е распоредот на меморијата, моделот на графичката и дали е со stock кулер од ати или фирмата има ставено друг кулер. Ако не сакаш или не можеш да го направиш тоа види на кутијата од графичката или сметката/гаранцијата. А за тоа дали е 128 или 256 и битна и колку цевководи (pipelines) има можеш да видиш и со програмот Everest. За симињање ќе најдеш линк во темата „Натпревар“. Еве ти слика:



Или со програмот ATI-Tool Кој ти е добар и за оверклокување, има скенер за артифакти и плус ти кажува колку цевководи ти се моментално активни. Еве слика и од него:



Сепак најубаво види ја овака и кажи го моделот да го видам ладењето.
 
Имаш ли МСН да се разбереме подобро?
 
untitled4aq1.jpg


Што да правам???
 
Има еден многу лесен Soft-Mod. Ги симињаш Omega драјверите од http://www.omegadrivers.net/ ќе те праша каква инсталација сакаш и има да бираш дали нормална, мод за 9550 и компанија и за 9800SE. Ќе го избереш последново и готово. Само пак ќе ти речам може ладењето да ти е слабо и не дај боже да ти прегрее графичката, а може и добро да си работи. Истотака додатните цевководи може да се оштетени и да имаш проблеми. Ако се случи ова само избриши ги драјверите и готово. МСН не користам, ама можеме и вака и да се разбереме. ЈА отидов јас во школо, па кажи што си направил
 
Совети за добар звук се бараат

Сум сретнал компјутери со секакви звучки. Сепак сакам да откријам најдобри можни звучници за компјутер. Мислам дека сараунд е најдобро, но еве да ги видам мислењата на другите. Порано имав 5.1 Creative звучници а сега имам исто само 2.1. За игрите се добри а со сараунд музиката која веќе се прави можно е да почне да се купува само сараунд звучници од народот.
 
А колку пари си спремен да дадеш за ова задоволство. Добар избор би ти биле Creative I-Trigue 5600
 
Најдобрите сараунд звучници за ПЦ се Klipsch ProMedia Ultra 5.1. Дават најквалитетен звук за музика, а не како другите Creative или Logitech кои се наштелувани за само за игри. Само незнам дали може да се најдам у МК. Цената на интернет им е испод 300$.
 
Абе искрено најквалитетен звук се добвиа ако компјутерот го врзиш за појачало (тоа може да биде и со сараунд), a после на појачалото стави какви сакаш звучки ;). E сега проблем е каква звучна картичка имаш на PC, поновиве матични имаат солидни звучни картички вградено што ќе те задоволат 100%, ама ако сакаш нешто поквалитетно ќе треба да одвојш некое евро, јас би ти ја препорачал Sound Blaster X-Fi Elite Pro ;)
 
Kakov Soundblaster. Ili Terratec ili M-Audio. Soundblaster e samo shminka i e napraven samo za igri. Za muzika (slusanje ili pravenje) samo Terratec ili M-Audio.
 
Вака, имам 512 рам сакам да купам уште една 512-ка, можно е да се јават конфликти ако се од различни произведители?
Оваа што ја имам сега е:
512MB DDR SDRAM, PC3200(200MHz) 64bit
 
Сакаш да ги користиш во Dual-Channel? Не би требало да има никаков конфликт само стави ги да работат на тајмизните на поспориот рам и готово.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom