Помош: Ботови / Роботи со бомбардирање од посети

  • Креатор на темата Креатор на темата ^^GoRiLLaZ^^
  • Време на започнување Време на започнување

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.795
Поени од реакции
8.071
Веб-сајт
www.wjungle.net
Дечки, имам еден проблем кој долго време се обидувам да го средам... користам Wordpress и ми доаѓаат директни посети на сајтот во 'search'-от. Моментално ми е исклучен search-от и некако се обидувам да го смирам процесорот.

Но доколку го оставам да работи нормално, веднаш ме бомбардираат со такви посети и ми оди CPU-то на 100%

b391ebd5041fc3ed1f936d0803eff06e.png

Искуства со ова? И што би било решението?
Благодарам :)
 
Провери да не имаш дупки во...:
- ВП инсталацијата / админ делот
- ВП тема / теми
- плагини
- дополнително додаден код на веб страната
- малициозен / сомнителен код од рекламите кои ги користиш на страната

Можеби и некои конкуренти те фатиле на пик.

Соодветен ли ти е хостингот (процесорска моќ, меморија, проток, простор, итн...) за веб трафикот кој го добиваш / очекуваш?

Ако не се снајдеш, контактирај ме преку приватна порака.
Ќе се обидам да ти го отстранам проблемот.
 
Последно уредено:

Пробано и со свежо нов Wordpress без никакви фајлови, оригинални фајлови и датабаза. Веднаш крева CPU, на празен сајт.

Дефинитивно е соодветен, и менував некој хостинзи баш поради тоа. Еве и една статистика за месец Јануари 2018 што е сосема нереална:

09fc064e534727ac3fd6e393f6d9955e.png
 
WP theme - користиш оригинална, ажурирана тема, или некоја стара и нулирана?

Хостингот ти е од Cloudflare (free или платен)?
 
WP theme - користиш оригинална, ажурирана тема, или некоја стара и нулирана?

Хостингот ти е од Cloudflare (free или платен)?
Тема официјална од Wordpress.org

Платен хостинг, и тоа на повеќе места истиот проблем (платени). Моментално сите search url се ставени на redirect, и добивам над 8 милиони посети месечно, што бројката воопшто не е реална:

dd8ad2c7515d69885e545ff2f85656e5.png

Како што реков, официјален wordpress, празна датабаза (само поврзана со wp), веднаш доаѓаат такви посети. Како што гледате има над 1милион посети од Internet Explorer.
 
Џабе префрлаш се од еден на друг хостинг. Во WP ти е проблемот ти инсталираш нов wp со нова база но бекап фајловите пак ги копираш. Провери си со еден обичен фајл во wp 300 глупости се прават

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Добар е советот од @k3b.

Можеби проблемите доаѓаат од самите ВП фајлови (pages, posts, слики, инсталациони фајлови, итн...), кои ги "прикачуваш" на новокреираниот блог / база.
 
BTW, мислам дека "сомнителните посети" ти доаѓаат од хостинг провајдерот.

Е, сега, дали е тоа интерна работа (погрешни хостинг сетинзи, WP...) или е конкуренцијата која исто така е на Cloudflare - треба самиот да утврдиш.
 
Џабе префрлаш се од еден на друг хостинг. Во WP ти е проблемот ти инсталираш нов wp со нова база но бекап фајловите пак ги копираш. Провери си со еден обичен фајл во wp 300 глупости се прават

Sent from my iPhone using Tapatalk
Имам пробано на истиот WP што сега е моментално но на друг домен, тој не прави проблем и таму е сосема океј.

Instaliraj Wordfence Security plugin
Пробано, бетер е.
 
Провери што се си инсталирал и што имаш на блогот, процесорот оди на 100% ако има coin miners.
 
Не се разбирам многу во wordpress, но зарем не мислите дека сајтот може да биде таргет на DOS напади ?
Ако сајтот е обичен сајт за вести, напад врз search-от е секогаш најоптимален бидејќи ако search-от низ вести не е добро испрограмиран и не се користат соодветни индекси, пребарувањата низ податоците може да троши многу ресурси.
Не сфаќам каков малициозен код во самата веб апликација би можел да предизвика вакво нешто, освен ако корисникот не инсталирал некаков софтвер за boost на посети на сајт (кој најверојатно не е free).
 
Во случајов многу работи можат да бидат причината за проблемот.

Спомнати се и напади погоре (конкуренција, фаќање на пик...).

Затоа, се земаат во предвид сите можни причинители, и се елиминираат еден по еден.

Се надевам дека форумџијата ќе го реши проблемот, и тука ќе сподели каде била "дупката" (како помош за некого кој би се сретнал со исто / слично нешто во иднина).
 
Последно уредено:
Провери што се си инсталирал и што имаш на блогот, процесорот оди на 100% ако има coin miners.
Нема ништо брат, како што реков на друг домен... со бекап со све, целиот сајт си работи нормално.

Не се разбирам многу во wordpress, но зарем не мислите дека сајтот може да биде таргет на DOS напади ?
Ако сајтот е обичен сајт за вести, напад врз search-от е секогаш најоптимален бидејќи ако search-от низ вести не е добро испрограмиран и не се користат соодветни индекси, пребарувањата низ податоците може да троши многу ресурси.
Не сфаќам каков малициозен код во самата веб апликација би можел да предизвика вакво нешто, освен ако корисникот не инсталирал некаков софтвер за boost на посети на сајт (кој најверојатно не е free).
И мене повеќе ми личи на такво нешто, DDOS напади. Немам инаку ништо инсталирано boost за посети и слични срања.

Ако ништо друго, некако да се блокират барем Internet Explorer корисниците, од таму идат најмногу... барем да се намали колку-толку. Или трето решение, challenge page со captcha пред пристап до сајтот? Како да се направат тие?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom