Помош - „бенигно“ ткиво?

  • Креатор на темата Креатор на темата ~2A
  • Време на започнување Време на започнување
Шаринган, иди препиши ја тука дијагнозата или ако можеш тоа целото што е на дното од листот, кај што докторот пишува што е пронајдено...
И ќе ти кажеме најточно...
 
Штом е бенигно а тоа се утврдува после извршена биопсија , препорачливо е да не се отстранува туку да се изнајдат други начини.

Масното ткиво, беше откријано пред 2 години и беше направена биопсијата, и докторите рекоја доколку расте, а со денешните резултати изгледа како поголемо, ќе треба да биде извршена операција за отстранување.

За ден два, очекувам да одиме пак на лекар како второ мислење па ќе ви кажам што е како е.
 
само без плашење. што и да е,ќе биде извадено брзо и без компликации :)
 
Сеа не знам колку се работи за истото, иначе и јас имав масно ткиво ама го имав од раѓање, како мал кога ме однеле на преглед докторите рекле само да се набљудува дали расте. И како што растев јас и тоа растеше нормално, после на 14 годишна возраст направив уште едно испитување и докторите кажаа дека може да се оперира ако сакаме и да се отстрани без проблем. Одма закажавме, за две недели имавме термин.
Операцијата сама по себе не беше страшна, помина само со локална анестезија и траеше отприка 45 минути. Локална анестезија имав сигурно ради тоа што ми беше полесно достапно местото, на слепоочницата, од веѓата косо нагоре-наназад пола во косата пола надвор (не знам како се вика тој дел правилно).

Ако е исто како моето не би требало да има никаков проблем.
 
Масното ткиво се наоѓа кај белите дробови.

Мислев за истиот состав/структура/вид на масно ткиво.
Ако е истото не е страшно да се извади и после тоа нема да има никакви проблеми. Бар еве после 8 години сум немал ништо.
 
Јас вадев бемка на глава во Пластична Хирургија ... ми земаа 1500 денари со сини картони пред една година ..... мала операција беше,ми ја правеа свесен .... го прават ласерски ти ја горат бемката и коренот ако има останато ... ако сакате ќе ви пратам и слики пред и после операција ?! иначе не е опасно ако е бенигна бемката ... опасноста е ако те фати инфекција после долго крварење ако е скината,поткината бемката ... без грижи .... ;) иначе за слики ако сакате ќе ви пратам ... :D PG-13 ....
 
Денеска само што не извести докторката (второ мислење каде што побаравме), дека нема потреба да се прави операција, и дека не било штетно ништо дури можеби и не било на белите дробови (само во близина тука негде).

Само ни препорача доколку сакала мајками да направи магнетна резонанца..
 
ај вака јас да ти кажам,само не ме земај здраво за готово. ако притиска некаде,посебно, ако мајка ти има потешкотии во дишење или некаква болка (притисок во форма на тапа болка) нека го извади. а, ако само се покажало на снимка, но не прави никаков проблем...оставете го и само следете ситуација
 
Порано велеше дека има болки, при голем напор или нервоза. Како и да е нејзина одлука е дали ќе го извади или не, не сакам да се мешам во тоа..
 
Не знам како да и го побарам ливчето за точно да видам што пишува. Не ми е некако згодно да ја прашам....

јас ќе ти најдам директно од клиники мислење,ама морам да ја имам точната дијагноза. се друго ќе биде погодување. кога ќе можеш, тогаш :)
 
Не знам како да и го побарам ливчето за точно да видам што пишува. Не ми е некако згодно да ја прашам....

нема што да ти е незгодно, вакви работи не се за криење. ќе и кажеш дека сакаш ти лично да се распрашаш дека можат да ти помогнат со уште едно мислење, ништо страшно
 
Back
На врв Bottom