Некои од најинтересните и најретки видови на желки.
Mary River turtle - желка чијшто оклоп е често обраснат со зелена мов, чија намена не е докрај разјаснета, инаку имала жлезди во форма на жабри кај клоаката, преку кои дишела.
Прегледај го приврзокот 241593
Mata mata - овој вид кој населува истечни води и мочуришта, се храни по принцип на вшмукување (вакуум со низок притисок) на пленот, исфрлајќи ја нанапред главата и ширум отворајќи ја устата, а пленот го проголтува цел, бидејќи неговата вилица не е конструирана за џвакање.
Прегледај го приврзокот 241598
Yangtze giant softshell turtle - најзагрозениот вид на листава, во светов постојат само уште четири примероци, како резултат на нивното ловење и губењето на нивниот природен хабитат. Инаку, Кинезите на оклопот му припишуваат чудотворни медицински својства.
Прегледај го приврзокот 241597
Smooth softshell turtle - ендемска е за Северна Америка.
Прегледај го приврзокот 241595
Galapagos tortoise - со животен век кој во дивината може да достигне и до 100 години, а еден примерок во Австралиската зоолошка градина доживеал 170 години. Тежината на најтешкиот регистриран примерок изнесувала над 400 килограми, а должината 1,87 метри. Овој вид кој е ендемичен за Галапагос е најтешкиот меѓу желките.
Прегледај го приврзокот 241596
Cycloderma (aubryi) - ендемски вид, својствен за Централна Африка.
Прегледај го приврзокот 241599
Spiny turtle - вид кој населува потоци и води во прашуми.
Прегледај го приврзокот 241605
Alligator snapping turtle - ги населуваат водите на Југоисточна Америка, строго се карниворни, знаат да бидат и мршојади, во внатрешноста на устата имаат мамка во форма на црв, со која го привлекуваат пленот, кој откако ќе влезе во устата, го заробуваат со јако и брзо затварање на вилицата. Се претпоставува дека можат да доживеат животен век и до 200 години, а најтешкиот примерок е уловен во Канзас и тежел 183 килограми.
Прегледај го приврзокот 241606
Radiated tortoise - специфични за Мадагаскар, со животен век кој надминувал и над 180 години.
Прегледај го приврзокот 241604
Black pond turtle - ендемски вид кој се среќава во Јужна Азија.
Прегледај го приврзокот 241603
Ова Мата Мата го имаше во аквариумот во Будимпешта. Ставено беше во 500л аквариум и ни мрда ни трепка.
