Помалку познати Македонски војводи - но не и помалку важни за Македонското дело

Знае ли некој за Тодор Саев ?

Тоа наjдов во бугарската вики:Саев е роден в 1872 година в Белица, тогава в Османската империја. Учи в роднија си град, после в Сјар и в б'лгарската столица Софија. Учи в австро-унгарското Морско училиште в Триест, което зав'ршва в 1894 година и служи в б'лгарскија флот. В 1900 година напуска военната служба и влиза в'в В'рховнија македоно-одрински комитет. По време на Горноджумајското в'стание в 1902 година е војвода на чета и се сражава при селата Железница, Лешко и Белица. През февруари 1902 година отново навлиза с чета в Горноджумајско. При сражение с турски војски е тежко ранен крај село Цапарево и умира от раните си на 28 март 1903 година.

Името на Тодор Саев носи улица в Софија.
 
Меѓу селата Куклица и Пендаќ, триилјадна турска војска и жандармерија ја опколи четата од 13 борци на македонскиот војвода Атанас Бабата (А. Димитров). Се разви жестока борба. Кога ја привршија муницијата борците ја изгореа архивата на четата, ги искршија пушките и револверите, извикувајќи „Да живее слободна Македонија“ и се самоубија, следејќи го примерот на својот славен војвода. Атанас Бабата е еден од првите членови на ТМОРО (1897-1905). Работеше во повеќе од 16 реони, а беше раководител на околу 40 борбени акции. За време на Илинденското востание од 1903 година дејствуваше во Кратовско. Атанас Бабата е роден во село Санитово, Пазарџиско, во 1875 година.
447px-AtanasDimitroffBGrevolutionary.jpg
 
Ковачев најостро ќе реагира и против братоубиствата помеѓу Македонците во организацијата. Во името на “Штипската колонија во Софија“ на 28 Февруари 1923 год., тој упатил писмо-декларација до Тодор Александров, апелирајќи “да престанат еднаш засекогаш прогонувањата и братоубиствата меѓу нашите сограѓани“,посочувајќи ги примерите со Стојан Мишев и Ване Арсов,притоа укажувајќи му на Александров дека “ние треба нашите заеднички и сложни усилби да ги насочиме за спасување на нашата Татковина од нејзините денешни поробувачи“.

Dali si imal moznost da go vidish pismoto-deklaracijata.
 
Ичко Боjчев-Горноџумаjски воjвода:
portret.jpg

"Шуми Вардар, буjно пени
и огледа својте води.
Клета мајка грозно стени
и оплаква своите беди..."

И песната за Ичко коjа се пее во Пиринскиот дел на Македонија:

"Што ми е мило, мамо, и драго,
да ги гледам, мамо, комитите,
како носат, мамо, каните,
како носат, мамо, перелините,
како носат, мамо, патроните,
как носат, мамо, револверите..."
 
Христо Чернопеев
Chernopeev.jpg

Христо Чернопеев (роден како Черњо Пеев) e бугарин по националност, роден во 1868 година во с. Дерманци, Ловешко (Бугарија). До 1899 год. бил како подофицер во бугарската армија, и потоа се вклучува во македонско-одринското ослободително движење. Во прво време е војвода во Кукушко. По завршувањето на аферата „Мис Елен Стоун“, учествува во борбата против четите на ген. Иван Цончев.

По неуспехот на Илинденското востание е раководител на Струмичкиот револуционерен округ. Во времето на Младотурската револуција (1908 година), учествува на бојното поле заедно со Јане Сандански во борба против тиранскиот режим на османлиската власт. Заедно со Ј.Сандански ја формираат Народната федеративна партија во Солун во 1909 година. Кон крајот на 1909 година минува во нелегалност и во 1911 год. е вклучен во ЦК на обновената ВМОРО, заедно со П. Чаулев и Тодор Александров.

Учествува во Балканската војна. После Балканските војни бил избран за пратеник во Народното Собрание на Бугарија во 1913 година. По време на Првата светска војна е поставен како офицер на фронтот каде и загинува како офицер на бугарската армија на 6 ноември 1915 година, кај Криволак.
 
не сум го видел, ама ако го имаш, бујрум :smir:

Imeto STOJAN MISHEV ne mi se vklopuva vo pismoto-deklaracijata.
A eve zoshto:
Roden e vo Shtip,zavrshuva pedagoshko uchilishte vo Skopje i nekolku godini raboti kako uchitel.
Stanuva komita,a mnogu brgu i VMRO vski, VOJVODA.
Za vreme na prvata svetska vojna e BUGARSKI OKOLISKI NACHALNIK vo KUMANOVO.
Zaradi finansiski malverzacii i nekorekten odnos kon naselenieto kako ADMINISTRATOR, e predupreden lichno od TODOR ALEKSANDROV .
Po zavrshuvanje na vojnata ja menuva stranata i stanuva VOJVODA i PREDSEDNIK "ODBORA ZA BORBU PROTIV BUGARSKIH BANDI",za teritorijata na Kumanovsko,Shtipsko i Strumichko.
1924g Stojan Mishev e ubien od KIRO MISHEV GLIGOROV zaradi osveta-Stojan mu go ubil celoto semejstvo.
Inaku Stojan Mishev e tatko na Nada GLIGOROVA-zenata na nashiot prv predsedatel.
ps.ako si vo moznost proveri dali vo orginalot stoi imeto na Stojan Mishev.
 

Васил Чекаларов е македонски револуционер .
Чекаларов е роден вo 1874 година вo костурското село Смрдеш - Егејска Македонија . Станува член на ВМРО и во 1901 и 1902 година два пати заминува во Грција каде создава канали за купување на оружје од Лариса и Атина. Добар пријател и соборец на Лазар Поптрајков
За време на Илинденското востание август 1903 г. тој е раководител на организацијата во Костурско.
Убиен е 1903 во борба со грчки војски покрај селото Бел камен (денес Дросопиги). Главата му е пресечена од грците и разнесувана по улиците на Лерин, за да се создаде страв кај македонското население.
hb_12.jpg

hb_14.jpg

DSC04532.jpg
 
Bravo!, . Ama edna popravka, Vasil Cakalarov e ubien od grcite prez 1913 po vtorata Balkanska vojna, dejstval v tilot na grcite cac svojta ceta.
Pozdrav:smir:
 
Ова сликањево на нашиве Војводи е тактички скроз погрешно. Па уште и ќе ги славиме Манаки браќата.
 
ДНЕВНИКОТ НА ВОЈВОДАТА ВАСИЛ ЧАКАЛАРОВ


Eден од најголемите борци за слобода на Македонија, прочуениот костурски војвода Васил Чакаларов, за идните поколенија оставил потресен и мошне знашаен документ: својот Дневник што го водел речиси непрекинато во текот на две години, почнувајќи од 3 јули 1901 до 30 август 1903 година, период исполнет со херојски и трагични, катастрофални настани за македонскиот народ. Војводата својот дневник го водел на мали тетратки и со шифрирано писмо...

dnevnikotnavojvodata.jpg


Песна за Чекаларов


Vasil_Chakalarov.jpg


Бој се почна во клисура,
Чекаларот бре,
жив фатете го, обесете го
тоа бесно куче сардисајте го.

Македонка мома жнијаше,
Чекаларов бре,
на кусото јачменче,
Чекаларов бре.

Оздола иде Бахтијар Паша,
со триесет илјади,
Чекаларов је со триста момчиња.

Бахтијар Паша викаше:
„уџум кардашла“,
Чекаларов викаше:
„ура момчиња“.

Жив фатете го, обесете го
тоа бесно куче сардисајте го.
Однесете го горе в' Смилево
кај комитетот море македонски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom