Полн фрижидер и полн џеб

  • Креатор на темата Креатор на темата SK-92
  • Време на започнување Време на започнување
убаво ти кажаа, заследи ја Шумеча на Инстаграм или лајкни и ја страната на ФБ, девојчето ептен го бива и прави и повеќе од солидни јадења од буквално остатоци од фрижидерот.

Како, под кое име може да ја најдеме?
 
Мал придонес иако со рецептите на Шумеча не си може.
https://www.themediterraneandish.com/tabouli-salad/ - ова се прави за нецели 30 мин. Немора да ги имаш сите намирници. Јас последно му ставив домат, краставица, лук, кромид и лиметка, чили немав. Супер е башка можеш на страна да си направиш месо па дури и да измешаш на пр. пилешко. Може и студено да се јаде! Супер е.
 
Може да биде проблем, но затоа можеш да си направиш некаков план, на пример јас имам план што праам во текот на 2 недели, со алтернативи... На пример: вторник: можам да јадам
1.пастрмка/лосос со ориз/киноа, или алтернатива ако се брзам,
2. салата од туна/сардина/ослич од конзерва, со ориз/киноа и наут/црвен грав/грашок.
Таквиот план ти дава отприлика некаква идеја што ти треба за тој ден, али треба да си го направиш и со алтернативи, за да не ти здосади.

Секогаш во оброкот треба да имаш нешто што ти нуди протеини и масти (месо, риба, авокадо, јајца), а од јаглехидрати најдобро е да бираш нешто што има повеќе протеини (грав, леќа, наут), или ако е житарица, барем да е интегрална житарица (пр интегрален наместо бел ориз).

Може и не е најдобра идеја да се избегнува салатата, освен заради хранливите микро состојки, ќе те држи најаден подолго време заради обемот што го има и заради растителните влакна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom