Многу смешно, дури и трсгично е да се гледа клипот на Груевски пред идење каде што убаво кажува кои се точките што Заев планира и ќе биде насочен да ги оствари.
Дури и Латас стварите што ги најавуваше 2016/17та, се испостави дека во следниот период ќе бидат остварени.
Да се разбереме, тоа се гној од луѓе… Ама штом они денес можат да кажат “I told you so”, довчерашни началниче кримоси, сфаќаш колку сме мртва држава и опШество.
Сите до еден проба да ги оствари црпково.
1) Договор до Грција - остварен, дадено далеку повеќе од што треба. Глумеа поголем папа од папата, и мислеа дека некој го боли цеф за нас и нашиот европски просперитет.
епилог: ни го зачукаа со се мадиња.
2) Договор со Бугарија, со активно премолчување и поддржување на ставот декс они биле “администратори” паднати од марс. И тука дадено повеќе од што треба.
епилог: (ќе) ни го зачукаа(т) со се јајца.
3) Двојазичност. Денес институциите се окупирани од Албанци. Не дека имам проблем нешто ептен со поставување на брачава по институции… Ама еден бре, еден да се погодеше, најискрено. Све се неспособни апаши. Не дека нашиве не се. Заклучок: Дадено мнооогу повеќе од што реално треба.
епилог: исто како претходните 2 точки.
4) Марихуана. Иако ја скроз поддржувам легализација без оглед кој е на власт и ќе ги јаде политичките поени од ова. Го оствари гоа, си формираше кланот му фабрики, виде дека тоа не е пичкин дим да се експортира по сериозни држави, и прејде на локалниот пазар, кој тотално е под негова контрола. Дозволи да влезат некои странски компании кои ќе го прават извозот, бидејќи го имаат know-how-от, за разлика од него, кој мислеше дека тоа се чушки, френки и корнишони. Проба да вметне сеопшта легализација, за да најде “легален” начин тоа да го шитка, ама не му успеа.
Заклучок: делумно остварено.
5) Истополови бракови, воздигнување на маргинализирани заедници и личности, базирани на сексуална определба. Ова е единственото нешто што не успеа. Веројатно најмалку битно од све на листава. Се обидоа преку реформите на тиранот по име Мила Царовска и муабетите за Родител 1 и Родител 2 да го протнат и ова… Не им успеа. И тоа поради короната, трулиот образовен систем кој НЕ ФУНКЦИОНИРАШЕ 1.5-2 години. Иначе да не беа во толкава сеопшта криза внатре во државата и ова ќе поминеше.
Заклучок: Неостварено.
Искрено, ми се гади поради фактот што еден човек како НГ и Латас, шлајм на општеството и македонската историја, сакале ние да признаеме или не, однапред знаеја и споделија што имаат во план овие дегенерици да направат. И, горе-доле, испаднаа во право. Срамота е што народот тек после сфаќа што се реалните планови на секоја власт. Срамота е што народот е континуирано лажан од злобни, малициозни и шлајм-особи.
Кратката меморија, апатијата и лесното пренасочување на вниманието со “ископување на скандали еднаш неделно” е огромен проблем.
На Македонија и треба една изборна единица, и тоа веднаш. Реформи во избирачкиот систем.
Она мене што ме плаши е големата можност за формирање на “широка коалиција”. Нешто што е неминовно со евидентниот пад на сдс и етаблирањето на Левица. Да се потсетиме во Германија 2006/7 како настана “Гранд Коалицион” и како Меркел се вивна во историјата. Имено, нивната Левица (die Linke) во тој период не можеше да се договори со СДП (социјал демократите) и зелените… Нешто исто ми мириса дека ќе се случи и овде. Многу слично сценарио како во Германија. Ко пто гледате, никој не сака да коалицира со Левица освен ВМРО. Левица е континуирано потенцирана како дезинтегративен и радикален фактор во државава. Континуиран scapegoat. И евидентно е дека на следните парламентарни избори ќе имаат барем 7 пратеници. Во некоја дисбалансирана ситуација, која е доста возможна, исто како во Германија, Левица може да биде “изговорот” за формирање на широка коалиција.
Исти вакви примери има во повеќе држави - Чешка, Полска, Италија и тн…