... сега гледам Трамполино отвара нов “фронт“ во Аргентина смета Кинезите ќе се повлечат, ај да видиме?
Не би било изненадување.
Лудакот не помина добро на локалните избори во Буенос Аирес кои се одржаа во мај 2025, неговата партија освои најмногу гласови, но заврши со само 11 (ЕДИНАЕСЕТ) советнички места во градскиот совет, додека перонистите кои му се заколнати душмани освоија 10 (ДЕСЕТ) советнички места во градскиот совет.
Далеку полошо поминаа Лудакот и неговата партија во регионалните избори за парламентот на провинцијата Буенос Аирес, кои се одржаа на 7 септември 2025, на кои ај што перонистите освоија повеќе гласови од Лудакот и неговата партија, туку и за секое ново пратеничко место кое перонистите го освоија, Лудакот и неговата партија изгубија два пати повеќе пратенички места: за 2 (ДВЕ) новоосвоени пратенички места во Сенатот на провинцијата Буенос Аирес од страна на перонистите, Лудакот и неговата партија изгубија 4 (ЧЕТИРИ) постоечки пратенички места во Сенатот, за 4 (ЧЕТИРИ) новоосвоени пратенички места во претставничкиот дом на провинцијата Буенос Аирес од страна на перонистите, Лудакот и неговата партија изгубија 11 (ЕДИНАЕСЕТ) постоечки места во претставничкиот дом.
Но вистинскиот тест доаѓа на 26 октомври 2025, кога треба да се одржат редовните парламентарни избори во Аргентина, на кои ќе се бираат половина од пратениците во аргентинскиот претсетавнички дом и третина од пратениците во аргентинскиот Сенат.
Ако таму Лудакот и неговата партија изгубат, тоа на дебело ќе им ги помати сметките.