Политички активизам: Прирачник за почетници

  • Креатор на темата Креатор на темата Raziel
  • Време на започнување Време на започнување

Дали овој прирачник ви беше од помош


  • Вкупно гласачи
    23
Не бе за другиве зборев. Тие се на диета десет години и затоа пискаат и врискаат по форумиве.
 
Ни е гајле за другите, битно е ние да се гостиме со специјалитети.
Замара и изгладнуе ова возење со аутобуси, наваму натаму низ Македонија.
барем ти знаеш
 
Е како сега ти кажуваш како е, а јас сум знаел? Малку нема логика.
 
Замара и изгладнуе ова возење со аутобуси, наваму натаму низ Македонија.
барем ти знаеш
Затоа ќе си земеш кола. Додуша овие избори малце сјебаа Америте, падна цената на горивото, не се појавува голема разлика. Ама во секој случај за некој ручек плус ќе излезе.
 
11 ликови кои ги среќаваш на партиски митинг


1. Хардкор партијци

Од месечината се гледаат само Кинескиот ѕид (не се гледа од месечината ама ајде) и партиските хардкор активисти. Нивното цело постоење е врзано со паријата. На митинг носат капа од партијата маица од партијата со беџеви од партијата, пантолони во боја на пратијата, а жалат што нивната партија не прави чевли со логото на партијата. Кога одат на одмор носат знаме од партијата па се сликаат со него на плажа.

2. Ептен млади сили

Родителите немале каде да ги остават кога оделе на партиски состаноци па ги земале со нив. Сега се средно и одат на митинзи каде што со 3 пива се прават камен пијани. Немаат појма зошто се за партијата.

3. Позери

Луѓе се втор ешалон на локално ниво. Метросексуалци и шмизли кои само се сликаат во првите редови и користат минимум 16 хаштази. На кавер им е нивната слика со претседателот на партијата кога бил во штабот во нивната општина. Единствена цел им е да влезат на работа во државно и да го цицаат буџетот до смрт.

4. Збунети

90% од луѓето на митинг. Некој им ветил дека ќе им се случи нешто добро/лошо ако се или не се на митинг. Обично гледаат по соседните фасади, плафонот со загубен поглед и без никаков ентузијазам. Аплаудираат анемично во случај некој да ги гледа.

5. Ветераните

Партиски легенди. Со пратијата се од почетокот на нејзиното основање и имаат прекар кој почнува со Брат или Другар зависи од која партија се. Другите кон нив се однесуваат со стравопочит и раскажуваат легенди за нив.

6. Домаќинки

Партијата им е занимација меѓу турски серии и расправање со мажот алкохоличар. На митинг разменуваат рецепти.

7. Луѓето со знамињата

Каде ги чуваат огромните знамиња кога не е митинг?

8. Павле Трајанов

Единствениот на митинг на партијата на Павле Трајанов.

9. Верниците

За целото траење на митингот не го тргаат погледот од бината и го пијат секој збор кој доаѓа од кандидатите. Искрено веруваат во партијата и не бараат ништо за возврат.

10. На митинг од досада

Луѓе кои немаат ништо попаметно да прават па се на митинг. Обично се случува во помалите градови каде што митинзите се единствен театар кој гостува.

11. Tрансформери

Секојпат се на митинг на партијата што во моментот е на власт.


Mojo.Mk е вистинско освежување кога станува збор за македонските портали... (y)
 
Прочистување на (избирачки) список

Ако дојде до ситуација да се појави потреба од теренска проверка за да се утврди дали во избирачкиот список има фантоми, вие морате да превземете во свои раце иницијатива да ги лоцирате, а потоа и на терен утврдите тие фантоми.
Почнете од најблиското опкружување. Прво вие предложете луѓе за кои со сигурност знаете дека се членови на противничката партија и кои се активни на терен. Потоа направете брејнсторминг со сопартијците и додајте ги нивните предлози. Ширете го кругот се додека не стигнете до бројката која од централата е одредена како потребна за анулирање. Кога ќе ја добиете таа бројка, морате, повторувам, МОРАТЕ да бидете целосно убедени дека независно од тоа што очите ќе го видат на терен и ушите ќе го слушнат, тие луѓе се фантоми и крај. Тие луѓе не постојат. Само со целосна, до степен на фанатична увереност во таа вистина ќе успеете да се изборите за она што е суштина на битката. За суштината малку подолу.
Значи, излегувате на терен, ѕвоните на ѕвонче, ви отвара, еве да речеме некој господин. Му велите „Господине, имаме информации дека лицето Епса со Презиме, регистрирано во овој стан, е фантом“. Ви вели „па каков фантом, тоа е мојата ценета баба, си гласа на сите избори, секоја зима оди на скијање, скоро секој ден се вози по автобуси“. Ви вели „ене ја на фотељата, повелете да ја видите“. Вие влегувате и независно што ќе видите или нема да видите на таа фотеља, морате на инсистирате дека таму нема ништо. Колку и да е жестоко инсистирањето на домаќинот дека на таа фотеља седи баба, па дури и да чуете глас кој домаќинот тврди дека е гласот на таа наводна баба, морате да останете стоични и да тврдите дека господинот веројатно има некој проблем, дали му недостасува неговата покојна баба или му е потребна помош од професионално лице, ама таму нема никаква баба, но на списокот има фантом. Ако дојде до физичка пресметка или силно навредлив речник од страна на домаќинот, вие напуштете го неговиот дом што побрзо, но и чекирајте го фантомот.
Ова е тежок процес кој бара од вас големи резерви на енергија и издржливост, но е неопходен за да се оствари горепоменатата суштина на процесот како таков. А таа е, дека ако дојде до ситуација да вашата партија сака да одложи/избега од избори, ќе тропнат на вашата врата и вие ќе имате подготвен список од (барем) стотици чекирани фантоми кои потоа вашиот лидер ќе може да ги искористи како аргумент дека нема услови за избори. Со тоа ви се отвара портата и напредокот во партиската хиерархија е неизбежен.

Кол центар(независни анкети)

Во предизборието, постои можност, дали како казна за некоја претходна направена грешка или мискалкулација, или затоа што уште немате решение, да ве стават над телефон и да ви дадат листа од броеви на кои морате да им се јавувате, лажно да се претставувате како независна агенција за прибирање податоци и да ги прашувате оние за кои не сте сигурни за кого ќе гласаат, под закрила на таа наводна неутралност, за нивниот избор, па потоа да знаат габаритните момци кого да го... микротаргетираат.
Немојте оваа задача да ја сфаќате несериозно. Последиците можат да бидат поразителни. За илустрација, авторот би сакал да приложи еден настан од секојдневието, во кој од таков партиски кол центар во помало место каде сите се знаат се случил следниов разговор(се разбира, со променети лични имиња)

- Да?
- Ало, господине, добар ден. Се јавуваме од агенцијата „Шмејтинг“, ние сме независна агенција и моментално вршиме анкета по случаен избор за да...
- Рајно, ти ли си ма?
- ...Молам?
- Оф. Значи, извади го телефонот, види ми го бројот, Митре ма, Митре. После спореди го тој број шо го имаш у телефон со тој шо ти го дале на тоа листата. Ај нив шо не ги боли кур имиња да стават до броевите и да не се брукате, туку ти шо не ми го позна гласот многу ме разочара.
- ...
- Како е Клеме?
- Добар е.
- Поздрави го, па да се видиме.
- Океј.
- Ајде, чао.

Ова е брутално понижување и не смеете да си го дозволите. Морате да го вежбате гласот. Правете гласовни вежби, пробајте да емулирате што повеќе различни акценти и дијалекти. Ако не ги знаете, обидете се да ги научите, затоа што дијалект добро маскира и може да ве спаси од една ваква незгодна ситуација. Вежбајте го распонот на вашите гласовни можности. Ако можете да извадите длабок, рапав глас или писклив глас, а да не звучи тоа комично, супер. Вежбајте брзозборки, за да можете и што побрзо да ги пренесете информациите, за лицето од другата страна на слушалката да биде преплавено со информации и наместо да се концентрира на вашиот глас, да мора да го процесира тоа торнадо од зборови. Пробајте да ставате салфета или тенка крпа до слушалката, за да не може во целост да го долови вашиот глас.
Добро би било повеќе методи да разработите, затоа што на повеќе луѓе ќе се јавувате, па можете да го усовршувате за вас најдобриот метод преку експериментирање со повеќе од дадените(или некој свој, овде можете да бидете и креативни).

Некој ќе рече дека ова е можеби екстремно. Точно, екстремно е, но секогаш треба да се има во предвид потенцијалната опасност од катастрофа како таа опишана во овој прирачник, која потоа има голема шанса да се прошири како пожар во лето и да стигне до ушите на сите кои ве познаваат, па и на тие што не ве познаваат, за на крај да станете предмет на потсмев и да ви потонат сите бродови на патот до вашата партиска, министерка или советничка Недојдија.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom