Полиноми

  • Креатор на темата Креатор на темата 2Goran2
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 октомври 2013
Мислења
30
Поени од реакции
0
Возраст
48
Дали некој може да објасни kако се одредува нзс и нзд на полиноми...
 
Пример за полиномите:
12a^2 b^3;
4a^3 b^4 c^2;
10a^3 b^2

НЗД=2a^2 b^2
НЗС=60a^3 b^3 c^2

Кај НЗД, наоѓаш НЗД за броевите, а буквите ги земаш тие со најмал степен (што ги има во секој полином)
За НЗС, исто, наоѓаш НЗС за броевите, а буквите ги земаш сите (без разлика дали ги има или не во секој полином), но со најголемиот степен.
 

Ако немаш проблем со англиски, имаш на јутјуб многу клипови кај што е убаво објаснето, не само ова, многу ствари шо ќе ти притребаат.
--- надополнето: 22 декември 2013 во 16:55 ---
untitle.JPG


Се чудите после кој го уништи форумот.
 
има разлика од барање помош, и од барање на готово. Дечко кажи ако уште не ти е јасно, ќе помогнеме.
 
Јас знам ако сакаш да ти испланирам траекторија на движење на зглоб од роботска рака со полиноми :icon_mrgr:
 
Nekoj da mi ja objasni ovaa zadaca

a^-5a ; a^-25a ; a^-10a+25
Da najdam НЗС и НЗД
 
А што ти значи тоа ^?
Дека е на квадрат?

Нема онакви записи во математика :D

Претпоставувам првото нешто ти е а-5, втотото а на квадрат - 25, што може да се запише како (а-5)(а+5) и последната квадратна равенка е уствари биномот (а-5) цело на квадрат.
Па НЗС ќе биде (a-5) на квадрат по (a+5), а НЗД е (a-5) :icon_mrgr:
 
А што ти значи тоа ^?
Дека е на квадрат?

Нема онакви записи во математика :D

Претпоставувам првото нешто ти е а-5, втотото а на квадрат - 25, што може да се запише како (а-5)(а+5) и последната квадратна равенка е уствари биномот (а-5) цело на квадрат.
Па НЗС ќе биде (a-5) на квадрат по (a+5), а НЗД е (a-5) :icon_mrgr:

Ако тоа значи дека е a на квадрат ... тогаш ќе треба да се доведат во општ облик.


a^2 - 5a = a(a-5) - со извлекување на а пред заграда
a^2 - 10a + 25 = (а-5)^2 - бином на квадрат

Е сега вториот полином, тој што ти го болдирав неможе да се претстави како разлика на квадрати.
a^2 - 25a
А-то прави проблем, така што и тука ќе биде со извлекување пред заграда а(а-25).
Доколку тоа е запишано по грешка, тогаш ќе биде разлика на квадрати, или како што кажа (a-5)(a+5).

За a^2 - 25a
НЗД = а-5
НЗС = а*(а-5)^2*(a-25)

Или за а^2 -25

НЗД = а-5
НЗС = а*(а-5)^2*(a+5)


Ме интересира како дојде до решението :)
 
Па тоа е муабетот, јас си ја направив задачата како што претпоставувам дека е зададена, пошто неговиот запис некако на ништо не ми личи :icon_mrgr:
Нема логика да има дадно задача со 25, а да не можеш да искористиш разлика на квадрати особено што еден од множителите ќе биде ист со првиот полином :D

Веројатно првиот полином му е а на квадрат - 5а, што како што кажа е а(а-5), вториот како што пишав и во претходен пост, па како што кажа НЗС е а(а+5)(а-5) на квадрат, а НЗД си е (а-5)...
 
A можеби -5а, -25а, -10а се експонентите (степенот)

За да се изгуби минусот може да се запише како:
1/a^5a, 1/a^25a, 1/a^10a+25

И најверојатно тука НЗД ќе биде 1/a^5a, а НЗС 1/а^25a+25


Но не ми се верува дека ваква е задачата.
Најверојатно е како што пишавме погоре, каде што ќе треба прво во општ облик да се доведат со користење на формулите (бином на квадрат, разлика на квадрати) па да се најде НЗД и НЗС.

Да почекаме членот да ни ја дешифрира малку задачава :)
 
Па воглавно ^ означува степен и тоа во продолжение би требало да е експонентот. Затоа го препрашав што му означува, пошто некако ми немаше логика ако степените беа како што напиша ти во последниов пост :D

Кога ќе се уклучи тој што ја отвори темата, ќе ни ги разреши дилемите, вака тешко дека ќе му помогнеме :pos:
 
Абе не му решавајте,нека решава он,мал ли е.
 
Ne sakam da mi resavaat samo sakav da vidam kako e postapkata.Natakaj sam ke si gi resavam...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom