Полесно е да му се отвориш на непознаник?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека е точно ова дека ни е полесно да се отвориме на непознаник...најверојатно нешто во врска со психата е тоа..слаби психички и повредени во моментот полесно е да побараме помош од некој кој не е запознат многу со нашиот живот отколку со некој што е постојано тука!Не знам зошто но го имам приметено ова,дека ми е многу полесно да си се испразнам кај некој кој не знае ама баш ништо за мене.
 
Па, на форумов се отвораме, нели? А ниту знаеме кој чита, ниту ни е гајле. Важно ни е да си ја ослободиме душата од стегите и она што сакаме да го кажеме. И не ни е гајле кој е човекот што чита и кои се неговите проблеми.

Најлесно се отвораат на непознати луѓе оние на кои не им е гајле да се спријателат со таа личност, туку само да си кажат она што го мислат, бидејќи мислат дека она што нив ги интересира, автоматски ги интересира и соговорниците. И сите ние, што пишуваме на форумов, до некаде се однесуваме исто така.

Тоа е така зошто многумина не го знаат твоето вистинско име, како и твојот лик и знаеш дека не можат да ти наштетат.Да го знаеа твоето име и да знаеа повеќето како изгледаш ќе размислуваш поинаку. :)
Што се однесува до психолозите, тие се луѓе кои се платени од нас да ги ислушаат нашите проблеми и да ни помогнат со совети, но исто така обврзани се и тие тајни наши да ги чуваат.За надвор знам дека е така, ако е во Македонија поинаку тоа не знам........
И плус не можете вие да ставите психолог во иста категорија со непознат човек, кога ќе видиш од една страна пак тие луѓе се научени на морал и кодекс, нивниот факултет ги научил на тоа да го почитуваат кодексот што го имаат (ако не сите, повеќето) и знаеш дека си сигурен.Со странецот немаш баш никаква гаранција.
Искрено, проблеми веќе ни на пријатели не им кажувам, во никого немам доверба се имам изгорено еднаш, по втор пат да си го дозволам истото не.
Дури и кога кажувам проблеми на пријатели ( и барам совет од нив за истите тие проблеми), кажувам само проблеми кои знам дека не можат да ми наштетат толку сериозно.
И за крај секој размислува различно, но јас еве пример не се согласувам со тоа дека е полесно да му се отвориш на непознаник.
 
И надвор и тука и секаде - психолозите си зборат меѓу себе и „тајните“ што пациентите им ги кажуваат, тие ги дискутираат меѓу себе. Можеби не спомнуваат имиња (не ги знам техничките детали), но кажано ми е дека 100% ги дискутираат „случаите“ меѓу себе, во обид да најдат подобри решенија.

Размислете - дали е тоа навистина неетички? Ако пациентот доаѓа кај еден психолог, а овој се обидува да му помогне, зарем не е попаметно тој да побара помош од друго место, ако самиот не го знае решението? Тоа во науката се нарекува истражување.

На крајот на краиштата, се покажува дека ако човек својот проблем го изнесе на виделина, луѓето ќе го запознаат вистински таков каков што е, без маски и криење. Оние што им се отвораат на странци, всушност немаат храброст да им се отворат на блиските луѓе и се во принцип скржави, зашто сакаат своите добрини да ги сочуваат само за себе и никого друг.

Со други зборови, ако човек има проблем и не може сам да го реши, треба да побара помош. Ако не може да си помогне преку книги и слично, треба својот проблем да го искаже на трет човек, со сиот ризик што може да се случи. Сепак, јас тоа го гледам вака: ако проблемот се искаже, или ќе се најде начин да се реши, или ќе се најде начин да *не* се реши, т.е. ќе се дојде до погрешно решение. А според Томас Едисон, да најдеш стотици пристапи кон проблемот кои *не* водат до решение е подобро отколку да најдеш нула такви начини, т.е. ќе се здобиеш со поголемо искуство.

Затоа, луѓе, отворајте се, на сите можни начини. Можеби ќе повредите друг, можеби ќе се повредите себеси, но, според мене, тоа е далеку подобро отколку цел живот да се помине во страв - во екстремен случај, смртта доаѓа еднаш, а стравот може да трае цел живот. Па проценете што повеќе ви се исплати.
 
Без разлика Крусер, они ги кажуваат на луѓе во кои имаат доверба и со кои соработуваат, не ги кажуваат на твојот комшија на пример деталите од твојот проблем. И плус и самиот велиш дека не го спомнуваат твоето име, што значи на еден начин ти пак си заштитен.
 
Па да се согласувам, навистина е полесно да се отвориш на некој што не го познаваш, на тој начин од една страна немаш проблем со дискртецијата а од друга страна можеби да добиеш подобар совет од оној што добро не познава.
Мене ми се има случено да се отворам кај пријател и наместо совет добив презир, а за истото сум се отворил на непознат кој и ден денес незнам каде се наоѓа кој многу ми помогна да го надминам проблемот.
Што значи секој индивидуално го доживува тоа.
 
Полесно е да се отвориш и да си ги кажеш проблемите на непознат можеби затоа што ќе бидеш внимателно сослушан и ќе добиеш искрен совет. Кај луѓето што ги знаеме може да наидеме на презир, на омаловажување ете дека незнаеме да си решиме проблемите и слично, но најлошо е тоа што има такви кои ќе се радуваат на лоша положба во која се наоѓаме.
 
Да полесно е и по убаво се осеќам кога ќе му се отворам скроз на некој непознат/а и ќе разговарам за се и сешто секако ако исто така таа личност е доволно паметна бидејќи не можеш со секој еден....иначе ми се има случено и тоа скоро пред 2 месеца со рандом девојка ми се погоди онака се знаеме на фаца ама ни здраво не си викаме и си се отворив првен јас па потоа и таа почна полека полека и ни олесна и чао пријатно.А тоа што го разговарав со таа девојка никогаш со некој познаник не би го разговарал и тоа толку опуштено без напнатост и сл.
 
Да полесно ми е со некој што го знам малку, од разно разни причини. Отсекогаш ми било и ќе ми биде, едноставно можам да си кажам стварно што си сакам.
 
мојата ниска доверба кон луѓето која е во фаза на комплетно исчезнување не ми дозволува да се исповедувам на непонзаници макар биле тоа и на интернет, ако за нешто настне муабет или ме мачи секогаш тоа го сведувам на општ разговор бидејќи и од непознаник (од виртуелниот свет) мојата доверба била изиграна.

незнам како некој може на непознат човек да му се отвори и каже сите свои маки, толку ми е тоа мене недоверливо и веројатно никогаш нема да сватам како некој може...:toe:
 
Ајде чедо кажи ги твоите маки.... шала шала... Па како може некој да ти наштети тука на форумов доколку никој не те знае човече си ги кажуваш маките до одредена мера сигурно нема да кажеш нешто што е премногу лично што ни на родената сестра не би и го кажал т.е. на никој....
 
знаеш како може некој од виртуелниот свет да ти наштети, да ти се претстави на месенџер како непознат и да глуми толку добро да не приметиш и со тек на време си ги кажуеш маките и тој после се испоставува дека те знаел, но добро се додека си ќути и трае, но што ако тоа го злоупотреби?

друго и тотален странец од виртуелниот свет, ќе му се изнакажеш и исплачеш, а тој може да те исмее и понижи...

затоа ќути си, трај си и прај си, никој нема да ти помогне ако му се пожалиш, баш напротив ќе ти одмогне.
 
Секако, повеќе емпатија ќе добиеш од пријателите, ама од непознатиот ќе добиеш објективно мислење.

И јас мислам дека нивото на објективност е во прашање.
Но тука се поставува и друго прашање: Кое ниво на објективност ќе ја има личноста која не те познава доволно тебе ?

Јас мислам дека странецот, реално и пообјективно ќе гледа само на проблемот а не на неговите причинители или оние кои треба да го решат (во овој случај ние - како барачи на совет).

На крај краишта се се сведува на проблемот, од кој зависи каков совет ќе бараш и добиеш.
Според мене најефективен одговор/совет за некој проблем би можеле да добиеме од пријател - не од близок другар или непознаник, бидејќи тој е златна средина - објективно би гледал на проблемот и на обете странки уклучени во него.

П.С.
насловот на темата требало да гласи " Зошто ни е полесно да се отвориме на непознаник? "
 
Niska, duri doverba vo isceznuvanje,apsolutno si vo pravo sepak doverise ako veke treba na nekoj 100% NEPOZNAT NEMA DA TI JA NARUSI INTIMATA PA NE TE ZNAE NELI!
 
шо знам...еве на пример коа ќе напраиш некоја фатална грешка т.е. нешто од што мноогу се срамиш мноогу е тешко да му го кажеш тоа на твојот најдобар пријател јес да тој те знае и ти мисли најдобро ама ќе ти биде срам да го погледнеш у очи затоа што знаеш дека ќе ти го даде оној поглед со кој те осудува или нешо така без разлика што ќе те утеши и шо ќе ти даде совет!
незнам зашто ама мене многу полесно би ми било попрво да му го кажам тоа на непознат отколку на мојот најдобар пријател!
можеби затоа што непознатиот не ме знае каква личност сум едноставно нема да ми биде срам да му се отворам додека пак најдобриот пријател ме знае каква сум и...некако би ми било преееемногу срам...незнам..може до мене е!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom