Подземни објекти, аеродроми, лаборатории...

За она болдираното како речи го Амди Бајрам ти тврдам дека 105,2% нема никаква писта па дури и на друго место во МК може да се каже за тоа. Како прво не сме САД, Русија или некоја држава со воена моќ и пари да одржува такви објекти. Како второ аеродромите и авионите што летаат некој ќе ги видеше на радар и слично. Плус за она на водно позади таму јас имам виќендица и порано ме носеа секој ден и веруј ми нема ништо таму освен шума и куќи плус и теренот не е за тоа добар таму. За скривници да има такви дури и таму позади водно јас лично сум видел на војската што ги користат скривници за складирање муниција и слично па и како гаражи за џипови. Ама тајни писти и слично кај нас тешко.
Баш у таков терен се градат такви објекти за да не може толку лесно да се дое до нив оти ако се градат на толку лесни места сите ке го видат објекто и нема да е скриен
 
На Солунска глава постои воен објект,порано "непослушните" ЈНА војници од МК како казна ги праќале горе :) Сеуште има војска горе,незнам дали спомнавте,ама никакво сликање на објектот не е дозволено...Сите слики се оддалеку.Киднапирања нема :pos: таму планинари одат секојдневно,така да тоа е за киднапирањата е измислица или минато:smir:
reportaza-solunska-2.jpg
<-Скроз горе на врвот,тоа е базата :)

-Гледам спомнувате писти во планините,еве мене ми имаат кажувано дека во некоја планина над Нежилово,Велешко (не верувам дека е Јакупица,Врвот на Јакупица е Солунска глава),селаните некогаш гледале светла како и звук од полетување и слетување на авиони...Исто како вие шо објаснувате-планината се отварала и затварала:smir:


-инаку темава ми е една од најубавите на форумов,денеска ја откопав и прочитав :)
 
Зошто вакви објекти откриваат?Зошто?
-Кога веќе го откриле....
Тајниот град / бункер на Тито








Бункерот почнал да се гради во 1953 година на педесетина километри југозападно од Сараево, до гратчето Коњиц, а бил завршен 26 години подоцна, во 1979 година. Се состои од три дела: првиот се трите куќи на патот, вториот дел се тунелите кои ги поврзуваат куќите со главниот дел и третиот е заштитениот дел кој е во облик на потковица
Во него има 12 блокови: болнички оддел, простории за одмор и за спиење, посебни простории за Генералштабот, конференциски сали, посебен блок за врска, кујна и трпезарија
9EAD32F356062746BFBCDD52276CBC1B.jpg
Мистеријата околу која во изминативе триесет години на Балканот се плетеа разни приказни, полека се отвора кон светот. Подземниот град на Тито, за кој во поранешна Југославија нашите родители со страв зборуваа за да не ги слушне некој, се подготвува за туристичка атракција.
Нема дилема, ниту сомневање, градот навистина постои. Го видов со сопствените очи. Една од најголемите државни тајни на некогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, подземниот бункер со воен назив "Д-0" се наоѓа во Босна и Херцеговина. Во случај да избиела трета светска војна или пак некакво нуклеарно препукување меѓу источниот и западниот блок во кое, според црните сценарија, Југославија би била колатерална штета, бункерот требало да послужи како засолниште на маршалот Тито, неговото семејство и најблиските соработници.
46F4F642740DF941899F05CAF35514B2.jpg
Се наоѓа педесет километри југозападно од Сараево, до гратчето Коњиц, во планината Дедовец.
Благодарение на босанската гостопримливост, минатата недела успеав да влезам внатре. Со претходна дозвола од босанското Министерство за одбрана, до местото стигнав со воено возило и во придружба на двајца војници.
Патот што води до бункерот е неасфалтиран и неуочлив. Објектот се наоѓа веднаш покрај реката Неретва. Од надвор се гледаат само три куќи, кои наликуваат на малку поголеми босански викендички. Но тие се само камуфлажа. Всушност, преку нив се влегува во тајниот град.
Три влеза водат во три големи ходници низ кои може да поминат и воени возила, а се поврзуваат кај две железни врати кои се дебели 15 сантиметри.
273117D18CF5EF439547C19F8AC65459.jpg
Во бункерот нè пречека нашиот домаќин десетарот Алмир Гакиќ. Тој и уште четворица други го чуваат објектот деноноќно.
"Пред вас беа новинари од Словенија. Секојдневно доаѓаат амбасадори, генерали на НАТО, КФОР и сите се воодушевуваат од објектот. Не можат да поверуваат дека во поранешна Југославија било направено вакво нешто", ми вели десетарот Гакиќ.
Пред да влеземе внатре, војниците нè послужија со кафе, кое на традиционален босански начин рачно го сомлеа, додека правевме муабет.
"Бункерот почнал да се гради во 1953 година, а бил завршен 26 години подоцна, во 1979 година. Се состои од три дела. Првиот дел се трите куќи што се гледаат надвор. Вториот дел се тунелите кои ги поврзуваат куќите со главниот дел и третиот е заштитениот дел кој се наоѓа во облик на потковица.
7878AA46F1F37D4C9933E00112B2A823.jpg
Во него има 12 блокови. Болнички оддел, простории за одмор и за спиење, посебни простории за Генералштабот, конференциски сали, посебен блок за врска, кујна и трпезарија.
Најважен е блокот 8. Таму требало да биде сместен маршалот Тито, Јованка и целата Влада", кажува Гакиќ.
Ходниците низ кои влеговме во подземниот град беа огромни. Резиденционалниот блок за Маршалот и неговата свита е проектиран на два ката. Собира 50 луѓе. Тој го зафаќа централното место во потковицата и е најзаштитен.
"Сè друго можело да се уништи, освен претседателскиот блок, таму не смеело ништо да се случи", ми вели десетарот.
На ѕидовите има залепено луксузни тапети. Целиот мебел е покриен со најлон за да се заштити од прашина. Мебелот, сега можеби изгледа обичен, но пред триесет години кога се правел објектот, важел за скап. Столовите и креветите се обложени со сино кадифе.
До работниот кабинет на Тито се влегува преку просторијата за неговата секретарка. Меѓу нив има посебна чекалница со маси и столови. Вратите меѓу просториите се метални. Во секоја просторија во бункерот, без исклучок, виси слика на
AA9ACCF66186E54FB075A7D7582E1B64.jpg
Маршалот.
 
Релјефна карта на Југославија и фамозниот црвен телефон.
Спалната соба на Тито и Јованка е веднаш до кабинетот на Тито. Брачен кревет покриен со најлон, една ламба вградена во ѕидот и комода од полно дрво се единствените парчиња мебел во просторијата.
Во бункерот има и посебна просторија за Јованка Броз. Маса за шминкање со огледало кое се извлекува. На масата стои и телефонски апарат со посебно извлечен микрофон. Засебна бања ја двои спалната од посебната женска соба. Во бањата сè уште се чува оригиналната тоалетна хартија "Маде ин Југославија". И сапуните до скоро биле оригинални, но по толку години се исушиле и испукале зашто не биле завиткани во најлон. Во овој оддел, вели војникот, се чувале и воените планови на ЈНА.
A9E1ECC1CB6614468332306862C83FFD.jpg
"Во мај 1992 година војската на ЈНА во придружба на воена полиција го однесе сефот", ми вели Гакиќ. Го прашувам: Каде?
"Во непознат правец, најверојатно во Белград", ми одговара.
Во објектот има посебна просторија за главниот известувач или Големото уво. Таму се прислушувале и се снимале сите телефонски разговори.
Во блокот 6 е сместена автоматската телефонска централа со 300 броеви. "Сите работи што ги има во бункерот се правени со неколку алтернативи. И за струјата и за водата и за вентилациите и за врските. Во случај едното да откаже, ќе се примени втората алтернатива или третата", тврди војникот.
Во тајниот град постојат три вида врски со надворешниот свет: кабелска воена телефонска врска, дигитални телепринтери и безжични врски преку радиопредаватели кои биле поврзани со главните команди во шесте републики. Радиопредавателите, кои биле сместени на врвовите Кисер и Златар, служеле како врска на бункерот со останатиот дел на светот.
Целиот овој блок има звучна изолација, за да не се слушаат разговорите што се воделе овде.
BCCEFCEB848EC649860634F2B9C0C7C0.jpg
"Телепринтерите се сместени во две простории. Овде требало да се дешифрираат пораките и да се испраќаат, односно да се примаат. На сите документи што излегувале од таму морало да има печат, во зависност од тоа дали информацијата била воена тајна, државна или службена тајна. Таков печат $ се ставал", кажува Гакиќ.
Во Штабниот блок има четири паноа за цртање и за читање карти. Тука требало да се носат сите важни одлуки и планови за Југославија. Во оваа просторија се наоѓа и една посебна централа на која се поврзани сите републики. За секоја република има по еден комплет црвени копчиња. Од тука требало да се остварува врска со сите главни републички команди и со сите воени полигони. Сите тие биле шифрирани со тајни кодови.
3104B9CDC94C444C9D385768A8303870.jpg
Со стискање на едно копче се воспоставувала директна комуникација.
"Еден пензиониран полковник кажува дека од тука била изведена воена вежба во Криволак во Македонија за да се провери врската и целата опрема", вели мојот домаќин.
Во бункерот има две конференциски сали за да може истовремено да се одржуваат два состанока.
Температурата на воздухот внатре се движи меѓу 21 и 23 степени. Нема влага по ѕидовите. Објектот има свој водовод, агрегати за струја, филтри за воздух и сè останато потребно за живот под земја.
На таванот се наместени огромни цевки преку кои се филтрира воздухот. Четири турбини го вртат воздухот.
"Повелете, влезете, да видите како работат турбините", ми вели војникот. Кога влегов внатре целата коса ми летна нагоре. Огромната бучава од турбините се задушува зашто се изолирани во посебни мали простории.
DB0116EFC2B8E04EA978B0774B0ED63A.jpg
Струја има од градската мрежа, но, исто така, има и три агрегата, кои во случај да снема струја се темпирани автоматски да се вклучат за 18 секунди. Едниот агрегат е мал од 25 киловати и служи за резервно напојување со електрична енергија на апаратите за врски. Другите два се од 550 киловати. На двата краја од тунелот има и две трафостаници.
Објектот има трикратна заштита за снабдување со вода.
"Вода има од градската мрежа, има базен за питка вода од 170 кубици и трета варијанта е водата од Неретва до каде има ископано посебен тунел", кажува Гакиќ.
Целиот бункер има еден таен излез, долг 170 метри нагоре. Се излегува во шума, преку една шахта. На секои 20 метри има проширување за одмор. Ѕидовите на тунелот се полнети со еден метар бетон.
Во објектот речиси е сè исто како и пред триесет години. Единствено недостигаат болницата и кујната. Тие биле однесени кога во деведесеттите години во Босна и Херцеговина се случи војната. Болницата била опремена со операциона сала и рендген апарати кои овозможувале и најтешки лекарски интервенции.
"Од кујната ни останаа само шолјите за кафе на Тито. Сега во нив им служиме кафе на гостите што ни доаѓаат", велат војниците.
Тајниот град колку скопската населба Аеродром
B459923D2C89FC4FA65881794F32CC5F.jpg
Можете ли да ја замислите скопската Општина Аеродром под земја? Толку е голем тајниот град на Тито. Со вкупна површина од 20.000 квадратни метри, во бункерот има 6.500 квадратни метри работни простории.
Максималниот капацитет за сместување на бункерот е 350 луѓе. Тие имаат услови за непречено живеење и работење, без контакт со надворешниот свет цели шест месеци.
Херметички се затвора при нуклеарна експлозија
Објектот е отпорен на нуклеарен удар. Ако живата во мерачот на надворешниот притисок покаже удар сличен на нуклеарен, целата планина ќе се затвори херметички. Воздухот што ќе се затекне внатре би се прочистувал низ разни филтри, без да се измеша со надворешниот. Може да издржи нуклеарна експлозија од 25 килотони, што е приближно осумпати посилно од нуклеарната експлозија во Хирошима.
Бункерот е трета најголема инвестиција на ЈНА
B6D55298DD035D45AB7D76A0AF49E3D4.jpg
Бункерот е трета најголема воена инвестиција на ЈНА. Прва е подземниот воен аеродром "Жељава" кај Бихаќ, а втора е сплитското воено пристаниште. Изградбата на објектот заедно со сите негови радиопредаватели во тоа време изнесувала 4,6 милијарди американски долари.
Изградбата најголема државна тајна
Изградбата на воениот објект била најголема државна тајна. Ниту еден сојузен функционер на тогашна Југославија не влегол во него. За оние на републичко ниво пак воопшто не станува збор. По службена дожност знаеле сојузниот секретар на Југославија, началникот на Генералштабот, началникот на Првата управа, која ја водела изградбата на објектот, како и началникот на Управата за врски на Југославија.
Ниту војската што го обезбедувала објектот на површината не знаела што всушност чува. Оние што го чувале подземниот дел, пак, не смееле со никого да зборуваат за комплексот, ниту во него да ги пуштаат дури и офицерите кои заповедале со обезбедувањето на надземниот дел.
Што значи воениот назив "Д-0"?
F02BE5CC7A71444D9A64C07B2118B36B.jpg
Службеното име на објектот "Д-0", кога ќе се дешифрира значи "Ден нула". Тоа покажува колку време е потребно објектот да биде мобилизиран и ставен во функција.
"Има објекти кои се назначени како Д-1 или Д-3. Тие објекти имаат еден или три дена за да се подготват. Воениот објект во Коњиц мораше да биде подготвен во секое време да го прими Тито и Генералштабот. Тоа значи да има залихи за храна, нафта, оружје за минимум шест месеци", велат војниците.
Тајниот код на Македонија бил "Босна"
Тајниот код на објектот е "Истанбул". Ова било главно командно место за цела Југославија. Во секоја република има по неколку вакви објекти во помал размер и по еден што е главен на републичко ниво. Тајниот назив на главното командно место во Македонија бил "Босна". "Малина" е главното републичко командно место за БиХ, "Босут" за Србија, "Херцег" за Хрватска и "Бубало" за Словенија. Сите подземни командни места биле поврзани со воени радиопредаватели.
Ископаната земја од бункерот се мелела
8D1345E00A1F39419F172CA8192522CC.jpg
За земјата што се вадела од планината при изградбата на бункерот, во близина на објектот била направена една воена сепарација, каде земјата се ситнела и се транспортирала во касарните.
Дел од земјата била истурана во реката Неретва во зимски услови кога водата надоаѓала. За да се прикрие големото количество земја што се вадела од утробата на планината, било изградено и вештачкото езеро "Јабланица", каде што се правеле насипи од ископаната земја.
Бил замислен како работилница за оружје
D8E23D29362EA849910E501A6BCF2AFC.jpg
На почетокот овој објект бил замислен и се градел како придружен објект на фабриката за оружје која се наоѓа во внатрешноста на соседниот рид. Називот бил АРК - Алатно - ремонтна калионица (работилница), односно тука требало да се доработува и одржува алатот за изработка на муниција. Но во шеесеттите години, со формирањето на воените пактови, Југославија како тогашна независна држава се испашила од Запад и од Исток и дошла на идеја објектот да го пренамени и прошири. Објектот добил ново име "Д-0".
Работниците доаѓале ноќе
Ваков тип објекти граделе фирми кои биле блиски до Министерството за одбрана. Работниците постојано се менувале и никогаш не се случило истите работници да работат од почеток до крај на изградбата. Се носеле работници од сите републики, и тоа ноќе за да не видат точно каде доаѓаат, а и мештаните од околните места да не забележат голема раздвиженост. Жителите на Коњиц немале поим дека до нивното гратче се гради подземен град за југослов

jna%20bunker%20tito%201.jpg

Службеното име на објектот Д-0,кога ќе се дешифрира значи ДЕН-НУЛА,тоа покажува колку време е потребно објектот да биде мобилизиран и ставен во функција.Има објекти кој што се означени со Д-1,Д-3 итн. тие објекти имаат ден,два да се подготват...
jna%20bunker%20tito%202.jpg
Црвени телефони,за секоја Република во Југославија по еден телефон...со цел да се комуницира со другите воени објекти...пример со Македонија контакт со воениот објект и бункер ЈАСЕН​
jna%20bunker%20tito%203.jpg
jna%20bunker%20tito%204.jpg
Полковник Грабовица го спасил бункерот од ЈНА,со тоа што во 1992 година во бункерот од страна на ЈНА биле поставени 4.5 тони тротил, и требало да се запалат цистерните со 50 тони нафта...сетоа тоа го направила ЈНА со фактот дека објектот е од големо значење...несакала да го остави на БиХ армија...фитилот се палел преку телефон...но до тоа за среќа не дошло поради што жиците ги пресекој полковник Шериф Грабовица...​
Се зборува дека поголем од овој воен БУНКЕР постои на територијата на Република Македонија...под падините на Шар Планина...но поради што бункерот се наоѓа на длабочина поголема од 80/100 метри а лифтот кој што води до него е миниран и разрушен...НАТО силите само го испитаа тоа кога беа во Македонија,само го испитаа тоа и утврдија и немаа намера да копаат...бидејќи доколку се направеше тоа...Македонија ќе добиеше најдобар воен објект...​
jna%20bunker%20tito%206.jpg
Во секоја просторија е забележана сликата на ТИТО​
jna%20bunker%20tito%207.jpg
просторија за прислушкување во тоа време,следење низ целата територија на Југославија​
jna%20bunker%20tito%208.jpg
сопствена трафостаница,5 агрегати за струја со повеќе од 1500 киловат часови моќност​
jna1.jpg
простории за состаноци,простории за генерал штабот,потполна команда во случај на нуклеарен напад врз Југославија​
jna%20bunker%20tito%209.jpg
 
На Солунска глава постои воен објект,порано "непослушните" ЈНА војници од МК како казна ги праќале горе :) Сеуште има војска горе,незнам дали спомнавте,ама никакво сликање на објектот не е дозволено...Сите слики се оддалеку.Киднапирања нема :pos: таму планинари одат секојдневно,така да тоа е за киднапирањата е измислица или минато:smir:
reportaza-solunska-2.jpg
<-Скроз горе на врвот,тоа е базата :)

Да не е некој предавател? :)
 
Солунска глава, Вев на Водно, Сопиште, Јасен.... има многу интересни работи кај нас :) На Солунска глава има неколку предаватели од кои знам дека еден-два се за МРТ (ТВ & Радио) кои моментално се на off
 
Се зборува дека поголем од овој воен БУНКЕР постои на територијата на Република Македонија...под падините на Шар Планина...но поради што бункерот се наоѓа на длабочина поголема од 80/100 метри а лифтот кој што води до него е миниран и разрушен...НАТО силите само го испитаа тоа кога беа во Македонија,само го испитаа тоа и утврдија и немаа намера да копаат...бидејќи доколку се направеше тоа...Македонија ќе добиеше најдобар воен објект...​
Ова озбилно?
 
Ова озбилно?
A што те чуди,сите биле посрани од Студената Војна.Сите се плашеле да не изгинат од нуклеарка...Уште којзнае колку вакви објекти крие нашава ни мила Македонија,ама ако,не е се за откривање,утре може ќе дојдат тешки денови...Јас мислам дека ова сега што го откриваат е само смешна работа во споредба со вистинските работи што се кријат...Колку само парички поебал Другарот Тито на вакви работи...Безбедноста не е заебанција!:salut:
-Дури и Нато пичиња се плашат да ги разгледаат...Ако,ако :)
 
A што те чуди,сите биле посрани од Студената Војна.Сите се плашеле да не изгинат од нуклеарка...Уште којзнае колку вакви објекти крие нашава ни мила Македонија,ама ако,не е се за откривање,утре може ќе дојдат тешки денови...Јас мислам дека ова сега што го откриваат е само смешна работа во споредба со вистинските работи што се кријат...Колку само парички поебал Другарот Тито на вакви работи...Безбедноста не е заебанција!:salut:
-Дури и Нато пичиња се плашат да ги разгледаат...Ако,ако :)


Не знам дали пишува, ама имаше шпекулации дека кај Куманово има подземен аеродром....
 
По сето ова што го прочитав, може да се заклучат повеќе работи.
1.Дека има тајни објекти, бункери, (ваму таму), секако дека има и тоа не е спорно.
2.Ако тие објекти не се чувани на највисоко ниво, веројатно ќе завршат како scrapyard за бабевциве. Сведок за ова ми е полигонот на касарната во Прилеп. Имаше и еден авион најверојатно од Руско производство, кој спретните бабевци го ``сварија ракија``. Има и подземни тунели, кои лично ги поминав, но беше премногу темно, (немавме night vision).При следниот експлоринг ќе се осигурам да качам некое сликче на форумов.Други неми сведоци се: поздемната база за сервисирање и вооружување на најдобрите Советски подморници кај местото Балаклава (Украина), и објектот 221 кој би служел како скривница на тамошните ВИП личности, кој се наоѓа на околу 35 км од Севастопољ. Објектот 221 е комплетен подземен бункер, и е 5 спрата под земја.После распадот на СССР е купен од руската мафија за 5000 $ (!!!!), и е извадено се што е вредно од него.Денес базата во Балаклава е отворена за посета на туристи, но објектот 221 не е безбеден за посета, и е оставен на забот на времето.Гледав документарец за ова, не си измислувам.
3.Кога земјичка како нашава Македонија крие какви ли не тајни објекти, (не се многу, но тука се..), можеме само да си замислиме што се има во земјите на поранешниот Советски Сојуз, како и земјите со стратешко значење за НАТО.
4.Порано или подоцна, сите тајни ќе се откријат, една по една.И како што веќе реков, објекти за кои е потрошена огромна сума на пари, не треба да се оставаат на забот на времето.
5.Подземни аеродроми во Македонија, како оној во Жељава или други можно е да има, зошто да не...Но дека има авиони во нив не верувам, или можеби ’’не сме ги виделе’’.
6.Аеродромот Жељава е приказна за себеси, таков објект со толку можности да биде уништен. ’’Остала је само успомена’’.
7.Интересна тема...
Поздрав :helou:
 
По сето ова што го прочитав, може да се заклучат повеќе работи.
1.Дека има тајни објекти, бункери, (ваму таму), секако дека има и тоа не е спорно.

Тие постојат, ама некој треба да дозволи пристап до нив, и обичниот човек да види што имало таму...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom