Подземни Фреквенции

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemorosus
  • Време на започнување Време на започнување
Од денеска можете да уживате во нашата библиотека на алтернативна музика, било кое време! Ова стапува во официјална важност од 1ви Ноември, но уште сега е пуштен сервер компјутерот и имате можност да слушате на http://0.mk/audio
 
Сакам да ве известам сите дека неколку емисии со рок и електронска музика ќе пристигнат следниве недели на Подземни Фреквенции...

Ако некој е заинтересиран да води емисија, нека го види секторот „Волонтирање“! За било каква соработка обратете ми се мене, или на членот Фајндер.

http://frekvencii.info.tm
 
Дечки, почнуваме вечер да емитуваме во живо! Прикачете се на интернет на оваа следнава адреса:
0.mk/frekvencii (http://0.mk/frekvencii)! Споделете на вашите пријатели! Сега иде рок, па хардкор рап во 8 часот, па од 10 ќе се пушта револуционерна музика! Уживајте. И споделувајте :)
 
Под гранката на ова радио се отвара оваа интернет музичка продавница, што е прва по својот вид во Македонија. Продавницата е место каде ќе можете да ги купите вашите омилени изданија (Дискови, плочи, маички, и останат мерч од бендови и артисти). За прв пат ќе имате можност да купите дигитални изданија во форма на download, и едно изненадување за хип-хоп светот, битови.
Оваа продавница има цел да и помогне на македонската музичка сцена да се крене на повисоко ниво, со што ги подржуваме бендовите со купување на физичко или дигитално издание.
Освен македонски изданија, ќе се продаваат и странски алтернативни и DIY изданија.
http://frekvencii.info.tm/prodavnica/index.php?route=common/home
 
12141778_906608649392661_6109866163584460413_n.png


За сите што не нè следат на други места освен на нашата страна, повелете.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom