Здраво кајгановци, ми треба помош за подочници, некој лек, совет или што и да било поврзано со тоа.
Благодарам.
Најпрво не знаеме за какви подочници станува збор. Ткивото под очите е тенко и чувствително.
Може да е тоа од недоволно спиење, или пак лоша позиција додека спиеш. Во тој случај треба повеќе сон, спиење, но не рамно на стомак, туку на грб и на повисока позиција за да циркулира крвта подобро. Исто така можеш да замрзнеш лажици во фрижидер,а потоа да ги ставиш под очите. Или пак да земеш чај (кој содржи танин и помага за подочници и промена на бојата под очите), да ги ставиш кесичките чај во вода, па исто да ги замрзнеш. Потоа стави ги врз подочниците околу 15-20 минути. Консумација на витамините К и Е исто така може да ти помогне.
Доколку се работи за темни подочници, мезотерапија е техника која е ефикасна за таква проблематика, го стимулира слојот на кожата, внесувајќи витамини и притоа користејќи микроигли.
А доколку се работи пак за вдлабнати подочници, инјeктирањето на хијалуронска киселина би го решила проблемот, но не долготрајно.
Друга, а и поедноставна алтернатива е корективната шминка, коректор на Артдеко на пример, кој одлично прикрива темни подочници.