Подарокот што сте го барале како дете , али никогаш не сте го добиле

hot-wheels-criss-cross-crash-set-cool-deals.jpg
Вакво нешто од секогаш сум посакувал, ама никогаш не сум ја изразил таа желба јавно. Како мал сум бил мн скромно дете и не сум барал мн играчки :)
 
Многу сакав скејтборд ко помала.

Моите кажаа не оти ќе сум си ги сокршела рацете и нозете. :D
Јас само сакав да си бидам во тек со братучедите, затоа и не се сеќавам да имав барбика, али ова многу го сакав. :D
 
Кожната јакна (рокерка) што ја носи Шварценегер во Терминатор. Од дете сакав таква панк/рок јакна... Ја купив пред 4 години кога работев во еден пекарски погон. Ден денес ми е омилена :)
 
Излегоа едно време некои чуда и албум од Jurassic Park, и, и реков на мајка ми да ми ги купи, ми рече немаме пари сега чекај да земеме плата, кога земаа плата ми го рече истото. :pipi:
 
Излегоа едно време некои чуда и албум од Jurassic Park, и, и реков на мајка ми да ми ги купи, ми рече немаме пари сега чекај да земеме плата, кога земаа плата ми го рече истото. :pipi:

У туба шо беа бонбоните ?
 
даааа имаше и некои ствари у туба сеа ме потсети, слабо се сеќавам. :D

Бонбоните зелени,сликичката внатре во тубата, по батак бонбони нити имало нити ќе има али сите ги полнеа албумите :pos:
Ако го најдам албумот ќе ти кажам дај адреса ќе ти го пратам со сите сликички не залепени ти да си ги лепиш :icon_lol:
 
Бонбоните зелени,сликичката внатре во тубата, по батак бонбони нити имало нити ќе има али сите ги полнеа албумите :pos:
Ако го најдам албумот ќе ти кажам дај адреса ќе ти го пратам со сите сликички не залепени ти да си ги лепиш :icon_lol:

хахахаха ако го најдеш ќе ми се исполни желбата после толку години, и гарант ќе се радувам ко тогаш што би му се радувала :pos:и частам пиво нормално :D
 
You name it.
Тоа остави голема лузна на мојата личност.

Главна причина што јас нема да имам деца се додека не сметам дека сум способен да не дозволам да го поминат моето детство.
 
Барбика и Кен со розе куќа на спрат, и кола и чуда други со неа ...Нејќеа моите као што ќе ти е имаш милион барбики и облеки..:D
И коњче пони што може да се чешла гривата (косата) во разни бои виножито :pipi: ..На РТЛ реклами ги гледав али кај нас тогаш не се продаваа...
Е тоа ми се неостварени поклончиња коа бев малечка:)
 
Колку и да се трудам да се сетам, не ми текнува дали сум имала некој таков подарок кој ми бил желба а не сум го добила.
Не дека се што сум посакала сум добила, па затоа не ми текнува, туку бев многу скромно дете. Ретко барав нешто од моите зошто она што ми беше потребно секогаш го добивав без да побарам. Моите биле свесни што ми треба, или што сакам па ми ги задоволувале потребите.
Евентуално, ако нешто сум сакала, сум го кажувала тоа, моите го имале на ум па кога имале можност сум го добивала ако сметале дека треба или можат.
 
Хм... Мене не ми купија велосипед затоа што колениците стално ми биле издраскани и кога ќе сум пораснела немало да имам убави нозе (жити изговорот на мајка ми). Научив да возам земајќи ги велосипедите на маалските деца и пак имав издраскани нозе. А велосипед си купив сама на 17 години :) Whatever Lola want`s, Lola gets ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom