Почина Лазар Мојсов

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Поживеа доста долго. Бог да го прости, така се вели за мртвите. Инаку, мене ме интересира, зошто воопшто се вреви за ова лице, сега покојно. Не беше тајна кој беше Лазар Мојсов, ниту пак, на што се должеше неговата вртоглава политичка кариера и во надворешната политика и во самиот политички врв во СФРЈ.
Оваа лустрација што сега се прави е осудена на неуспех од самиот почеток. Големите фаци, кои го преживеаа распадот на Југославија, сега се починати - Лазар Колишевски, Цветко Узуновски, Страхил Гигов и уште по некој друг. Овие навистина имаа за што да дадат отчет. Тие се вистинските гробари на македонската национална свест и совест. Се друго е ситна риба, вклучувајќи го и Мојсов и Чашуле и Марина и Чемерски и безброј други. На оние поупатените веројатно им е јасно дека во минатиот политички систем имаше специфична хиерархија, која се темелеше на политичка моќ. А моќта не зависеше секогаш од моменталната партиска или државна позиција, туку беше резултат на довербата од југословенскиот врв - Тито, Ранковиќ, Кардељ, Доланц.
За Македонците посебно важни и интересни се (не)делата на тројката што ја спомнав погоре, а таа се извлече неказнето. Да биде посмешно и потрагично, многумина од нас не знаат што, зошто и како направиле овие за да бидат запаметени. Очигледно колективната меморија не ние јака страна. Или се работи за колективен страв, па некој вади кубура од газ на мртов човек?
 
Да Лазо со козите.Само во држава како Македонија особено во ова време кога сме во ваква дипломатска ситуација со Грција,кога се јакнее националната свест на Македонецот,на плоштад го имаме Ченто,а на некои си 200 метри од него го имаме Тито.Само во Македонија може да има споменик на Лазо во Свети Николе.

Во право е членот над мене во врска со лустрацијата.Великаните на македонското предавство си се изнаживеаа одличен живот во Белград и Скопје,а испоцркаа пред лустрацијата.

Лазар Мојсов направи кариера од соништата си умре мирно во Србија,тука е и Колишески,Киро(кај и да е ке отиде)

Интересно е со Чашуле кој заедно со двајцава го осуди Ченто на 11 години,а ја има напишано познатата Црнила.
 
Лазар Мојсов - да не се заборави

Како надополнување на сочувството од Д-р Срѓан Керим во „Дневник“, повикуваме да не се навредува и нашето достоинство преку емотивно манипулирање со цел одредени личности да бидат прикажани во половично светло.

Лазар Мојсов ќе остане запаметен и по тоа што тој е еден од многуте ретки сојузни политичари, а можеби и единствениот од бившата ни држава Југославија кој до последниот негов здив остана верен и лојален граѓанин на Белград. Многумина негови колеги дипломати како на пример хрватскиот политичар и дипломат Будимир Лончар (87) иако помлад само четири години од сега починатиот Лазар Мојсов и со “штанцана“ политичка биографија исто како неговата, со својата богата дипломатска кариера зад него и од стекнатото наследство на пријатели од неговата фела ширум светот беше еден од најактивните во Туѓмановата гарнитура при создавањето и признавањето на независна држава Хрватска, за да во периодот од 2005 па 2009 години иако веќе имал над осумдесет години ја извршуваше функцијата Советниик на Претседателот на Хрватска за меѓународни односи.

За сите овие дваесет поминати години на независна Македонија, Лазар Мојсов не најде за сходно барем еднаш да дојде и да ја посети званично својата независна земја Македонија каде е роден во нашето прекрасно Неготино.

Дел од заслугите на Лазар Мојсов како член на судскиот состав заедно со Панта Марина и Коле Чашуле е пресудата за првиот претседател на Македонија Методија Андонов Ченто, кој беше осуден на 11 години затвор со присилна работа и губење на граѓанските права, освен родителските, затоа што сакал да ја отцепи Македонија од ФНР Југославија и да ја „присоедини кон Егејска Македонија, во федерација со Грција“.

http://www.macedonianspark.com/mk/vesti/mediainternet/623-2011-08-30-11-51-25
 
Не ми е јасно ова последново во федерација со Грција? Кој го има пишувано текстов?
 
Не ми е јасно ова последново во федерација со Грција? Кој го има пишувано текстов?

Се работи за монтираното обвинение со цел да се осуди Ченто, наводно во “бегство“ за Грција. Затоа се употребени „“ во делот кој не ти е јасен.

Тој е обвинет и осуден под изговор дека заедно со уште тројца пријатели сакал да пребегне во Грција а од таму во некоја европска држава како би создал организација која би се борела против тогашната власт а се со цел Македонија да подпадне под протекторат на странска држава.
За целиот случај Андонов ќе рече - Осуден сум за дела кои ниту сум ги мислел а уште помалку сум ги сторил. Судскиот совет составен од Панта Марина, Лазар Мојсов и Коле Чашуле го осудува на 11 години затвор.

Повеќе на темава:

http://forum.kajgana.com/threads/Методија-Андонов-Ченто.3582/
--- надополнето: Aug 30, 2011 12:48 PM ---
Жалба од Методија Андонов Ченто осуденик на КПЗ Идризово

„Борис Загоранлиев изнесе дека сум му рекол дека имам намера да емигрирам, сум му дал копија од предлогот на уставниот проект за да види од кои причини дошло до мојата оставка и до моето решение за емигрирање, потоа дека сум сакал пред Мировната конференција да го изнесам прашањето за обединување на Македонија под протекторат на некоја голема сила. Или, ако тоа не се успее на Мировната конференција, тогаш дека ќе се вратам во Грција, и со насилство, Вардарска Македонија ќе ја соединиме со Грција. И како, по сето тоа, сум му предложил да замине со мене.“

http://mk.wikibooks.org/wiki/Жалба_од_Методија_Андонов_Ченто_осуденик_на_КПЗ_Идризово
 
затворете ја темава, името да му се заборави. да не му даваме на значење...
 
За сите овие дваесет поминати години на независна Македонија, Лазар Мојсов не најде за сходно барем еднаш да дојде и да ја посети званично својата независна земја Македонија каде е роден во нашето прекрасно Неготино.

Не мислам дека си во право за овој дел. Се искараа опасно со Киро Глигоров и Мојсов беше "екскомунициран".

А дека можел да стори многу повеќе , тоа држи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom