- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.667
Поживеа доста долго. Бог да го прости, така се вели за мртвите. Инаку, мене ме интересира, зошто воопшто се вреви за ова лице, сега покојно. Не беше тајна кој беше Лазар Мојсов, ниту пак, на што се должеше неговата вртоглава политичка кариера и во надворешната политика и во самиот политички врв во СФРЈ.
Оваа лустрација што сега се прави е осудена на неуспех од самиот почеток. Големите фаци, кои го преживеаа распадот на Југославија, сега се починати - Лазар Колишевски, Цветко Узуновски, Страхил Гигов и уште по некој друг. Овие навистина имаа за што да дадат отчет. Тие се вистинските гробари на македонската национална свест и совест. Се друго е ситна риба, вклучувајќи го и Мојсов и Чашуле и Марина и Чемерски и безброј други. На оние поупатените веројатно им е јасно дека во минатиот политички систем имаше специфична хиерархија, која се темелеше на политичка моќ. А моќта не зависеше секогаш од моменталната партиска или државна позиција, туку беше резултат на довербата од југословенскиот врв - Тито, Ранковиќ, Кардељ, Доланц.
За Македонците посебно важни и интересни се (не)делата на тројката што ја спомнав погоре, а таа се извлече неказнето. Да биде посмешно и потрагично, многумина од нас не знаат што, зошто и како направиле овие за да бидат запаметени. Очигледно колективната меморија не ние јака страна. Или се работи за колективен страв, па некој вади кубура од газ на мртов човек?