Гладиус
notusually
- Член од
- 14 август 2008
- Мислења
- 5.508
- Поени од реакции
- 1.728
Холивудската легенда Елизабет Тејлор почина денес во Лос Анџелес од срцев удар на 79-годишна возраст. Покрај неа на смртната постела биле нејзините деца - Мајкл Вилдинг, Кристофер Вилдинг, Лиза Тод и Марија Бартон, изјави нејзиниот публицист Сали Морисон.
Елизабет Тејлор, која го помина патот од дете-ѕвезда до апсолутна холивудска дива, минатите шест недели ги мина во Сидар Синај болницата во Лос Анџелес, пишува Msnbc.
Популарната „Лиз“ првата популарност ја доживеа уште на детски години, а се појави во повеќе од 50 филмови. Освои Оскар за нејзините улоги во „Butterfield 8“ и „Who's Afraid of Virginia Woolf?“, а беше позната и по неколкуте култни улоги во филмови како „Cleopatra“ од 1963. година, како и по нејзината исклучителна убавина и бурен приватен живот, во кој имаше дури 8 бракови; на двапати на лудиот камен застануваше со актерот Ричард Бартон. Актерката имаше големо пријателство со починатиот крал на поп-музиката Мајкл Џексон, секогаш следено од папараците и жолтиот печат.
Елизабет Тејлор е родена на 27. февруари 1932 година во Лондон, Англија.
Повеќе.
Лесна нека и е земјата. Остави голем отисок во актерството и токму поради тоа ќе остане запаметена.