За некој период од две недели планирам да го отворам порталот GameZone.com.mk што е воедно и првиот македонски портал специјализиран за игри и за гејминг општеството. Порталот ќе содржи новости, рецензии, најави за нови игри, совети и трикови, фотографии, видео материјал, оддел за мобилен, flash игри и превземања. Доколку некој сака да биде дел од тимот што ќе ги поставува темелите на овој портал, нека ме контактира по пат на приватна порака или нека постира овде. Само да напоменам дека на почетокот порталот нема да има никакви приходи туку тие што ќе сакаат да пишуваат содржини ќе биде „од љубов“, а во случај на порталот да се постават реклами и од истите да има приходи, приходите ќе одат како надоместок за потрошеното време и труд на авторите. Од одамна сакам да ја реализирам оваа идеја, па видов дека на овој форум еден од најактивните подфоруми е „Игри“, каде има одлични рецензии и мислења, па одлучив да си ја пробам среќата и искрено се надевам дека идејата ќе успее и сајтот ќе се здобие со голема посетеност со оглед на гејмингот во Македонија. Па доброволци, навалете и со среќа нека ни е.