Пликови?

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.787
Поени од реакции
4.040
Знам дека има неколку медицински лица на форумов,па ако знаат они (или некој друг случајно) дали и од што се појавуваат пликови по кожа?!
Ми се појави еден пред 2-3 недели,бев на лекар,и ми го дупнаа со стерилна игла,го исчистија местото(требаше да проверат дали е гнојно,ама не беше) и ми го намачкаа со “Енбецин“ и после се направи рана и тоа прилично далабока,уште не е заздравена и гледам дека ќе остане подлабока лузна.
Сега истото ми се појави на другата рака,што и да е неќам да ми остане лузна и на оваа рака.

Инаку откако ми се појави првиот меур,после се појави и црвена дамка,како флека ама се изгуби по два дена.

Ќе одам утре на дерматолог first thing in the morning,ама ако има некој било каква информација и денес,нема да биде на одмет.
 
Штом има знаци дека ќе има лузна купи си Kuterid од Лек, крем 20г (0.05%) 53 ден. е...
ох ама треба да ти го препишат прво...барај таму нека ти го препише докторот

За другото од што излегуват и тн...многу зависи колкава е, каков вид е, до дека не го видам јас не би шпекулирал :jaj:
 
Штом има знаци дека ќе има лузна купи си Kuterid од Лек, крем 20г (0.05%) 53 ден. е...
ох ама треба да ти го препишат прво...барај таму нека ти го препише докторот

За другото од што излегуват и тн...многу зависи колкава е, каков вид е, до дека не го видам јас не би шпекулирал :jaj:
А чудава може да излегуваат на нерва база?или на алергиска?!Можно е да ме каснала бубачка??...
Прв пат во живот ми се појавуваат и мн сум исплашена.
 
Стави борна киселина,за 2 дена ке ти го снема,не е опасно тоа и јас сум имала :smir:
 
Мене ми излезе еднаш плих над петицата во висината на глуждот кога пиев Хиконцил. ми го дупнаја остана сеуште лузна. Најглупо нешто е да се дупнат тие плихови, бидејќи ако после тоа не се лечат како што треба останува лузна.
 
Е борната киселина е антисептик...
гледај таму да не ти загное ако е отворена рана тогаш ставај такви работи...

колку е големо во см?

ох види.... од што може да биде...лоцирано на раката...
дали може да е на нервна основа не верувам..ама сепак се е можно..
генерално земено најмногу лично сметам дека причината е во исхраната најмногу, и помал процент во така да се каже капењето или личната хигиена (сакам да кажам може да не се чисти кожата добро)....

инаку конкретно за кај тебе не знам

вака јас не оправдувам многу дупчење освен во исклучителни ситуации, поготово не ако не е загноено а ти викаш не било, сепак некој доктори си наоѓаат сами работа .... :kesa:
 
и помал процент во така да се каже капењето или личната хигиена (сакам да кажам може да не се чисти кожата добро)
местово кај што ми е пликот го мијам 10 пати дневно минимум...при секое миење на раце,така да не верувам дека е од тоа.
Инаку сеа ми излагаат 2 едно до друго на ногата:(
Ќе умрам?!?

Можно е да е голема сипаница-Варичела?
Наводно од варичелата доаѓа и настинка а јас сум настината приличо долго време.
А можно е да ми се појават пликови внатре во плуќа или било каде внатре во органите?

И да..извадена сум од памет...
 
абе можно е...нека установи тој доктор кај што одиш што ти е...
ама невообичаено е да започнува од шаките и од нозете, ако си прележала веќе, ако си немала контакт со такво лице, ако немаш температура... :nesum:

инаку штом имаш и на раци и на нози нешто не е во ред...

ако правиш нешто ново за твоето тело, невообичаено размисли може тоа да е причината (пушење цигари, нешто во сексот - да не прецизирам, некоја нова храна, нешто ново за пиење, стрес, од нешто да си била исплашена - на пример од куче,........) обично во тоа е загатката за такви работи...

нека кажат други што мислат...
 
мене ми искачаа пликови по стапалата, ми искочиле пошо цело време сум била у патики а беше лето....ми препишаа Хидроциклин.....таа маст лечи све што е на кожа....ако ти искочил и на другата рака можно е сама да ги го пренела ако си се фаќала за раката, мене така ми рекоа дека сум ги рашила пошо сама си ги пукав дома...али сеа ништо не ми е а немам ни белег.
 
Јас пак си ијам мака, па ако некој случајно може да ми помогне би му била благодарна.
Значи ми се појавуваат пликови на десната нога и десната рака и не ме чешаат туку ме печат ко некој да ме гори со цигара.
Ми се појавуваат во текот на ноќта, прво има некоја форма на црвенило а внатре е бело, па таму кај што е белото се појавуваат ситни меурчиња кои многу брзо растат и се прават во еден голем плик.
После коа ќе пукне (или ќе го лупнам негде, или на лекар ми го пукаат и чистат) се прави рана и ептен споро заздравува, месец дена веќе има поминато а уште ијам рана на местото и после тоа се прави црвено-кафена дамка/лузна и со тек на време бледее.
Успеав да најдам слика како изгледаат меурите кога се ситни, еве ја (
report.gif
ако некој се гади нека не клика).
Посетив неколку кожни лекари и не можат да сконтаат од што ми се појавуваат.
Едино што можев да приметам е дека ми се појавуваат кога имам месечен циклус ама не знам дали и како тоа може да влијае.
Пиев амоксиклав за овие, се мачкав со Миробакт и со Адвантан а сега ми препишаа Белогент.
Ми рекоа дека треба да се прави биопсија на ова, тоа би значело да се исече целото парче кај што е меурот и да го носат на анализа, ама тоа ми е некако ептен страшно.
Сега чекам анализа од крвта зашо ми рекоа да направам испитувања.

Ако некој има било каква информација или искуство или било што, нека ми пише или тука или по пп било каде.
Фала многу.
:smir:
 
Ј
Ми рекоа дека треба да се прави биопсија на ова, тоа би значело да се исече целото парче кај што е меурот и да го носат на анализа, ама тоа ми е некако ептен страшно.
Сега чекам анализа од крвта зашо ми рекоа да направам испитувања.

Ајде ајде, стегни заби нека сечат.
Зошто вака те тинтарат од еден лек на друг, од еден кожен на трет итн...
Јас имав пликови и тоа под вратот, апла (ко тевез бев :pos: ) и беше прилично гадно, ама отидов горе во државна на кожен, ми ги испукаа исчистија, брис за на бактериологија ми земаа и се шо треба, испадна ок се, ми дадоа некоја маст и течна крема...чим ми текне ке ти пишам, а може и некој погоре ја залепил...нема везе, реши го одма па макар и најстрашниот начин да е.
support ^.^
 
Ме чуди зошто уште на прва користеле енбецин??

Маги си земала јаки антибиотици(амоксиклав е смрт за бактерии) истите ќе го сменат еко системот во твојот организам,мада и не е важно али чувај имунитет-имаш закана од кандида албенсис.

Ова ќе да е алергиска реакција најверојатно,дали пред да се појави прв пат си користела некои лекови(па и без рецепт) или пак користиш контрацептиви(често додатните компоненти во лековите предизвикуваат алергични реакции) истото важи и за храната,дали додаде евентуално нешто ново во исхраната било конзервирано ил не понатаму дали пиеш кафе од овие автоматите-има случаи на додатоци кои предизвикуваат алергиски реакции-не мора да биде алергиска реакција...ама бактерија НЕ Е бидејќи амоксиклавот требало да ја среди до сега.

И кога печењето е најинтензивно???

Само на десната рака и нога

се прави рана и ептен споро заздравува, месец дена веќе има поминато а уште ијам рана на местото и после тоа се прави црвено-кафена дамка/лузна и со тек на време бледее.

Зарем не користат стерилна газа,нема ли преврска каква и да е после уништувањето на пликовите.

П.С можно е и хормонскиот баланс да е малце променет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom