Playstation 3 или Xbox 360 што да купам?

  • Креатор на темата Креатор на темата aleks2364
  • Време на започнување Време на започнување
^

Сите го знаеме тој муабет верувајме :). Ајде чекаме ето до 2020 можеби ќе биде.
 
А како ќе го флешаш со custom firmware? Види ја секоја игра, се мењаат фирмверите, па едни работат на едната само, други на другата верзија...И верзиите идат 3.41, па 3.42 итн итн...значи ќе се убиеш од флешување и замарање за секоја игра посебно...Ете, ги читам на bitgamer цело време.

А за xbox-ов ти е мање више чиста работа, еднаш годишно ќе треба да го хакнуваш на нов фирмвер, јесда ќе плаќаш, ама бар после све си работи тип-топ од игрите, башка дури и онлајн можеш да се куропецаш, ако ти се плаќа 50 евра за Live. :)

Мац, за мене поголемо замарање е да идам еднаш годишно до Аеродром и да давам 2000 денари, отколку да мењам фирмвер за секоја игра засебно. :)

Моментално кај мене имам фирмвер којшто можеш и од џејлбрејк и од новиве CFW-а да фураш, нема гајле. Башка полесно ми е на надворешен хард-диск да ги ставам, него да режам дуал-лејер двд за секоја игра, кои не се баш ефтинки.
 
Ја лично мислам дека, претставено преку нивните најнови игри, потенцијалот на екс-боксовиот хардвер е блиску до својот врв, додека потенцијлот на плејстејшнот е сеуште далеку од својот врв.
А игрите сега, им се горе-доле на исто ниво.

Но ако гледаш преку призма на моменталната состојба, заради икс работи, подобро е екс-бокс, а ако гледаш во иднина, мислам дека плестејшнот има повеќе неискористен хардверски потенцијал.
Преведено: Во иднина - игрите за ПиЕс 3 би требало да се бољи од своите екс-бокс360 современици.


Тоа нема да се случи со ниедна мулти-платформ игра, бидејќи developer-ите ќе треба да се замараат и да ја конвертираат секоја игра за секој систем. Вака, направи иста верзија која ќе работи на послабата конзола (Xbox360), па загарантирано ќе работи и на двете конзоли.
Мислам, чим досега не почнало да се случува (а PS3-то еве веќе 5 години е појако од Xbox360), тогаш нема ни сега. Едино ексклузивите ќе имаат ебено јака графика, а тоа се докажа со Killzone 3 и God of War 3. Жално, ама вистинито...
 
Јас колку што сум информиран xbox-от има појака графичка од пс3, па не држи вода она пс3 има појак хардвер. Има само појак CPU.

Баш ми е мило што не му одговара никој да си купи ПЦ. хахахахахахахахаххахаха
Јас му препорачав ПЦ :pos2:


Еве уште еднаш, ни xbox ни ps3, туку PC!


А да, има тема Гејминг војни, да се спојат можеби?
 
Па веќе сите знаеме за она црвеникавото копче за иксбоксот но некако плејстејшенот ме влечи повеќе.Бидејќи можам да играм онлајн бесплатно.
Ne mi e jasno sto saka kreatorot na temata da postigne so otvaranje na ovaa tema. Znaci prasuva sto da kupi a pritoa celo vreme vika deka PS3 e podobro da se zeme. Epa sto prasuvas togas sto da kupis ako znaes deka ps3 e podobro. Tema za prepukuvanje sto e podobro PS3 ili 360 ima vise.
 
Јас сметам дека, работата е во ова:

- Факт е дека барем на хартија ПиЕс-от има бољи хардвер. Тоа ваљда никој не го спори.
- Но, исто така факт е дека разликата во хардверот, во изминатиов период не се ефектуираше практично. Игрите на ПиЕс не се толку бољи (или воопшто не се бољи) грубо гледано, од нивните ЕксБокс "колеги". И тоа ваљда никој не го спори.
...и ова ваљда сите го заеме

Причината (главна) за ова, (IMO и пак грубо кажано), е во тоа што хардвер блупринтите на ПиЕс-от се понедостапни за трд парти девелоперите, во однос на хардвер блупринтите на ЕксБоксот, кој за нив (3rdP.Devs) е поотворен.
Ова го кажувам од долгогодишно лично искуство со конзоли. Кога ќе се појави нова конзола, долго време трд парти девелоперите не можат да го искористат целиот нејзин хардверски потенцијал, па "кајмакот" од првокласните наслови, долго време го собира само матичната софтверска дивизија на производителот.
Во ова има влијание и политиката на самата фирма. Кога станува збор за веќе етаблирано име од светот на конзолите, политиката е по ригидна. Но ако станува збор за некој кој штотуку влегол на тој пазар, за очекување е од старт поголема отвореност на производителот кон трд парти девелоперите. Секако сето тоа е во нијанси и постепено.
Така не зачудува тоа што Сони е позатворен од Мајкрософт. Конзолата им е по нова и хардверски понапредна (на хартија) од конкуренцијата, која е име кое што до неодамна не беше на конзоли пазарот.
Можеме да се потсетиме на времето кога Сони се обидуваше да вмеша, како трет играч, војната (во дуелот) каде неприкосновено постоеја само Нинтендо и Сега. Тоа им успеа, меѓу другото, и со веќе спомнатата, по голема хардверска отвореност кон 3рд парти девелоперите.
Ова е груб муабет, затоа што тука има и други фактори...
Но факт е дека најдобрите наслови се јавуваат пред заоѓањето на некоја конзола, кога гледаат секоја можна јота од хардверот да ја искористат и се најотворени кон 3рд парти дев.

Е сега, во целиот овој муабет влегува постот на Мац, поточно болдираниов дел, со кој потполно се сложувам:
Тоа нема да се случи со ниедна мулти-платформ игра, бидејќи developer-ите ќе треба да се замараат и да ја конвертираат секоја игра за секој систем. Вака, направи иста верзија која ќе работи на послабата конзола (Xbox360), па загарантирано ќе работи и на двете конзоли.
Мислам, чим досега не почнало да се случува (а PS3-то еве веќе 5 години е појако од Xbox360), тогаш нема ни сега. Едино ексклузивите ќе имаат ебено јака графика, а тоа се докажа со Killzone 3 и God of War 3. Жално, ама вистинито...
Болдот укажува на фактот, што веќе богами долго време помина и требаше до сега да да видиме разлика. Изгледа како 3рд парти дев. да се изморени од играње мачка и глушец со Сони и идат на црвениот болд, како најпрагматично решение.
Ја кога реков, во минатиот мој пост, дека во иднина се очекува подобри наслови кај Сони, но не толку кај ЕксБокс, го кажав со доза на, веројатно неоправдана надеж. Но, исто така го кажав врз база на досегашното искството со конзоли.
Навистина е чудо, како до сега, сеуште нема помрднување на соодносот во квалитетен софтвер меѓу двеве.
За се што кажав можам да набројам примери од историјата, но постот и онака ми е долг.
 
Ви напиша иначе горе дека планира оригинали да игра ... А мислам и дека веќе се реши што ќе зима.
Се решив..Ќе земам плејстејшн само да ги видам вашите мислења!
 
Се решив..Ќе земам плејстејшн само да ги видам вашите мислења!

Би ти препорачал да видиш во ONE дали сеуште го има моделот со Medal of Honor(320GB) или дали го донеле новиот со Killzone 3
 
Се решив..Ќе земам плејстејшн само да ги видам вашите мислења!
Епа решен проблем, може и да се затвори темава. Многу забегаа повеќето :)

--- надополнето ---

Би ти препорачал да видиш во ONE дали сеуште го има моделот со Medal of Honor(320GB) или дали го донеле новиот со Killzone 3
Најдобро би му било да го земе Killzone 3 пакетот (ако е стигнат се разбира или можеш од Грција). А после за 2 месеци да земеш мув ако си планирал бидејќи тогаш ќе имаш move bundle кој вклучува се (дури и sharpshooter) и плус Socom 4. Се тоа за 150$ (кај нас 150евра веројатно)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom