Една плавуша пишала статус на facebook: - Лелеееее колку сум глупааа
Друга плавуша и коментирала: - Лелеее срцкааа колку ти е тоооп статусооооов ќе ти го крааадам :***
Се вработила плавуша во фризрско студио како помошничка. Затоа што ножиците биле прибрани во три фиоки, еден ден фризерката и рекла на плавуша да ги извади од втората. На тоа плавуша прашала:
- Извинете госпоѓо, ама од втората фиока од долу или од горе?
Пратиле две кучиња и плавуша во вселената. Им се јавуваат од Земјата и им кажуваат: - Шарко - Ав, ав - Притисни го црвеното копче И Шарко го притиснал копчето.
После некое време пак се јавиле од Земјата: - Мурџо - Ав, ав - Притисни го жолтото копче И Мурџо го притиснал жолтото копче. Поминало уште некое време и од Замјата пак се јавиле: - Плавушата - Ав, ав - Не лај многу, нахрани ги кучињата и ништо не пипкај.
Си била некоја плавуша и со чамец веслала на сред поле. Дошле уште две плавуши и едната и вика на другата:
- Ете зошто нас не викаат најглупи.
Другата одговара:
- Е да, да знаев да пливам ќе и отидев и ќе ја удавев.
Си доаѓа маж од работа и гледа во спалната лежи друг маж. Го отвара шкафот, а во него жена му - плавуша. - колку пати да ти кажувам дека тој треба да се крие, не ти!!!
Две плавуши седат на кафе и оговараат друга плавуша:
- Слушна ли, се удавила летото на море?
- Како?
- Паднала од кејот во водата.
- Таа нели знаеше да плива?
- Знаеше, ама некој поставил знак забрането пливање.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.