Плавуши!:)

  • Креатор на темата Креатор на темата Free
  • Време на започнување Време на започнување
Го држи плавушата бебето над лонец врела вода и чита:

„Ако детето не сака да го пие млекото, сварете го!“



Влегува плавуша во продавница за очила и прашува:

„Имате ли наочари?“

Продавачот вели: „За сонце?“

„Не бе, за мене!“



Плавуша седи во кафуле и гледа во менито.

„Извинете, што ви е тоа хибискус?“

„Госпоѓо, тоа е чај“.


„А, добро, дајте ми тогаш еден хибискус од камилица.“


Две плавуши прават сериозен муабет.

„Душо што мислиш, што е поблиску до нас Месечината или Лондон?“

„Хелоооууу!? Се гледа ли Лондон од тука?!“



Заглавиле две плавуши во лифт.
Едната вика: Помоооошшш!
Втората вика: Помооошшшш!
Ајде сега заедно, предложила едната плавуша.
Заедноооооо!!!




 
Плавуша пазарува во земјоделска аптека.
- ве молам дајте ми семе за птици!
продавачот:
- а колку птици имате?
плавуша:
- ниедна, али сакам да засадам неколку!
 
Се шетале две плавуши и едната и вика на другата
- Чекај ма! како е правилно Иран или Ирак?
 
Се пријавила плавуша на популарниот квиз за да освои 1.000.000 евра.
Водителот и ги потстави следниве прашања:
  • Колку долго траеше “стогодишната војна”?
Можни одговори:
  • 116 години
  • 99 години
  • 100 години
  • 150 години
Плавушата го искористила правото да не одговара на ова прашање...
  • Во која земја е основана компанијата Панама-хат?
Можни одговори:
  • Бразил
  • Чиле
  • Панама
  • Еквадор
Плавушата побарала помош од публиката
  • Во кој месец Русите го слават денот на Октомвриската револуција?
Можни одговори:
  • Јануари
  • Септември
  • Октомври
  • Ноември
Плавушата го искористила правото да повика пријател и се јавила на друга плавуша...
  • Кое е вистинското име на кралот Џорџ IV?
Можни одговори:
  • Алберт
  • Џорџ
  • Мануел
  • Јохан
Плавушата побарала пола-пола
  • Од кое име на животно потекнува името на Канарските острови?
Можни одговори:
  • Канаринец
  • Кенгур
  • Стаорец
  • Морско куче
Плавушата испаднала од игра.
П.С.: Ако можеби се насмеа...
Ова се вистинските одговори:
  • Стогодишната војна траела 116 години (од 1337 до 1453)
  • Панама -хат – основана е во Еквадор
  • Денот на октомвриската револуција се слави на 7 Ноември
  • Правилното име на Џорџ IV, е Алберт. Кралот во 1936 година го променил името.
  • Името Канарски острови доаѓа од зборот морско куче. На латински името значи “Островот на морските прасиња”
Дали и понатаму верувате во вицовите за плавуши?
 
Што одговара плавуша на провокација од стилот на " Маче добро газе"
- Па, јеби га!
--- надополнето: Jul 1, 2011 7:05 PM ---
Плавуша прашува едно дете.
-Дете ти кој одд си?
Детето: шестто
Плавушата: Аха, можда и седумсто.
 
Плавуша се јавува во Мат: Ало, колку трае летот од Скопје до Виена? Само момент... Фала, пријатно!
 
Зошто од сите жени, плавушите имаат најубави нозе?
- Па кој нема во глава, има во нозе.
 
умирав од смеење на вицов!

Трпе имал жена – русокоса. Една вечер се вратил од работа покасно и влегува во спалната и што да види, на креветот лежи еден гол човек, а жена му нигде ја нема. Почнал да ја бара и ја нашол во шкафот гола и вика:
- Добро бре жено, сто пати ти кажав дека тој треба да се крие, не ти!!!
 
Плавуша оди на доктор:
- Докторе помогнете ми, ме касна пчела!
- Ништо страшно, сега ќе намачкам…
- Но како ќе ја фатите. Пчелата сигурно отиде некаде далеку!
- Неее, ќе намачкам на местото каде ве касна.
- Аааа. Во паркот на една клупа.
Докторот налутено:
- Ќе го намачкам тој дел од телото каде ве касна и ќе ви помине!
- Така кажете докторе. Пчелата ме касна на лактот на раката. Уф колку ме боли!
- Која точно?
- Од каде да знам, за мене сите пчели се исти…
 
Плавуша оди на посета кај својот маж кој се наоѓа во затвор. Потоа оди кај началникот на затворот и го моли:
- Не можете ли да му најдете на маж ми некоја полесна работа?
- Каде полесна од тоа? Тој им лепи марки на писмата!
- Чудно, мене ми се пожали дека копа подземен тунел...
 
Плавуша и раскажува на својата другарка:
- Си седам дома и одеднаш некој ѕвони на вратата. Отворам, гледам еден младич. Тој ме прашува дали сопругот ми е дома. Јас одговарам дека го нема. Тогаш ме фрли на креветот и ме изработи, а потоа си замина. Уште не можам да сфатам што сакаше тој од мажот ми.
 
Две плавуши си решаваат крстозбор. Едната чита:
- Женски полов орган?
- Хоризонтално или вертикално?
- Хоризонтално!
- Уста! – одговара втората.
:pos:
 
Една плавуша отишла на саатчија за да и ја сменат батеријата на часовникот бидејќи тој престанал да работи. Саатчијата го погледнал часовникот и и` рекол на плавушата:
- Ама, Госпоѓице, овој часовник нема батерија, овој часовник работи со помош на навивање.
Девојката го земала часовникот излегла од продавницата, се свртела кон часовникот и почнала:
- Напред Вардар леале алееее...
 
Пратиле две кучиња и плавуша во вселената.
Им се јавуваат од Земјата и им кажуваат:
- Шарко!?
- Ав, ав!
- Притисни го црвеното копче!
И Шарко го притиснал копчето.
После некое време пак се јавиле од Земјата:
- Мурџо!?
- Ав, ав!
- Притисни го жолтото копче!
И Мурџо го притиснал жолтото копче.
Поминало уште некое време и од Замјата пак се јавиле:
- Плавушата!?
- Ав, ав!
- Не лај многу, нахрани ги кучињата и ништо не пипкај.
:pos:
 
Сообраќаец застанува плавуша и и бара возачка дозвола, а она :

- А што ви е тоа
- Па тоа ви е една пластика на која има ваше име и презиме и слика
- Дали ова е тоа?
- Да тоа е возачката

Ве молам дајте ми и сообраќајна дозвола

- А што е па сега тоа?
- Тоа ви е книшка на која има податоци за возилото
- Дали е ова тоа?
- Да тоа е сообраќајната дозвола.

По неколку секунди преку токи-воки колегата го прашува полицаецот кој ја застанал плавушата:

- Ти ли застана една плавуша сега што не знаеше што е возачка?
- Да, а зашто?
- Побрзо соблакај се и не прашувај зашто.

Полицаецов се соблекол и на тоа плавушата:

- Што? Повторно ли алкотест?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom