Еден истражувач сакал да ги тестира способностите на перцепција на три блондини.При тоа покажувал слика од еден човек. за 5 секунди ја вртел сликата и го поставувал прашањето:
-Кој е вашиот прв впечаток? Дали пак ќе го препознаете овој човек?
Првата блондина вели: - Тоа е лесно, има едно око.
Истражувачот вели на тоа: - Ммм... Тоа е затоа што човекот е во профил прикажан.
Пцуејќи ја во себе, ја покажува истата слика на втората блондина и и го поставува истото прашање:
-Кој е вашиот прв впечаток? Дали пак ќе го препознаете овој човек?
Втората блондина се кикоти ја фаќа косата и ја зафрла позади и вели: - Многу лесно, има едно уво.
Истражувачот вели на тоа налутено: - Што е со вас двете? Се разбира дека човекот има едно уво, пошто е сликан во профил. Тоа е најдобриот одговор што можете да го дадете?
Прилично исфрустриран ја покажува сликата на третата блондина и и вели со сериозен тон:
-Кој е вашиот прв впечаток? Дали пак ќе го препознаете овој човек?, и притоа додава: -Размислете добро пред да ми дадете глупав одговор!
Блондината ја гледа внимателно сликата и вели: -Човекот носи контактни леќи.
Истражувачот запрепастен и без зборови оставен, пошто ни самиот не знае дали човекот навистина леќи носи и и вели:
- Тоа е многу интересна забелешка. Почекајте 5 минути, додека проверам во картотеката, одма ќе дојдам.
Ја напушта собата, ја проверува документацијата на човекот на компјутер, и се враќа насмеан во собата каде што се наоѓа блондината.
- Уау! Не можам да верувам ама имате право, човекот навистина носи контактни леќи. Многу добра работа, како само приметивте?
- Па, тоа беше лесно, одговара блондината: - Човекот не може наочари да носи бидејќи има само едно око и едно уво...!