Полицаец застанува плавуша поради пребрзо возење...
Плавуша: Има ли некаков проблем?
Полицаец: Г-ѓо, возевте пребрзо! Може ли да ми ја дадете возачката?
Плавуша: Немам!
Полицаец: Немате! Тогаш дајте ми ја сообраќајната.
Плавуша: Неможам.
Полицаец: Зошто?
Плавуша: Затоа што колата е украдена...
Полицаец: Ја украдовте колата??!!!!
Плавуша: Го убив сопственикот на колата и му ја украдов, а деловите од неговото тело се во багажот...
Полицацот ја погледнува жената и полека се враќа до својот автомобил и се јавува во станицата да повика засилување.
За 5 минути доаѓаат 5 полициски автомобили и ја обиколуваат колата на плавушата. Командирот со пиштол во раката полека се доближува до жената.
Командир: Г-ѓо, ве молам излезете од автомобилот!
Плавуша: Има ли некаков проблем?
Командир: Еден од моите полицајци ми кажа дека сте го убиле сопственикот на овој автомобил...
Плавуша: Што!!! Сум го убила сопственикот?!
Командир: ДА, ве молам отворете го багажникот.
Плавушата го отвара багажникот, внатре нема ништо...
Командир: Дали е ваш автомобилот.
Плавуша: Секако дека е, еве ви сообраќајна.
Командир: Еден од моите полицајци ми кажа дека сте немале возачка.
Плавуша: Како може да немам, еве ви ја и возачката, не сум луда да возам без возачка!
Командир: Извинете г-ѓо, еден од моите полицајци ми рече дека немате возачка, дека автомобилот ви е украден а сопственикот на автомобилот се наоѓа во багажникот, исечен на парчиња.
Плавуша: Сигурно ви кажал дека и сум возела пребрзо!
:smir::smir::smir::smir: :smir::smir::smir::smir::smir: :smir::smir::smir::smir::smir: