Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
Во авион на сред лет пилотот и се обраќа на патниците:
- Дами и господа, еден од нашите мотори откажа, меѓутоа не грижете се, имаме уште три мотори, едноставно летот ќе трае еден час повеќе.
После половина саат повторно обраќање:
- Уште еден мотор откажа, летот ќе трае два часа подолго... можеме да летаме и со два мотора.
Еден час подоцна, повторно пилотот:
- За жал уште еден мотор откажа, ќе доцниме три часа... не грижете се, се уште имаме еден мотор.
На ова една плавуша се обраќа на човекот до неа:
- Ако изгубиме уште еден мотор, останавме цел ден во воздух!.