Платите во ЕУ (сликовито и детално)

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Некој се потрудил преку примерот од својата плата да даде целосно инфо за начинот на пресметка на бруто-платата ,висината на даноците, придонесите односно неговата нето плата -конкретно за Германија
Човекот има 31 година. нема високо образование. има нешто ко виша од 2 год како технолог машинист. За себе вели дека не е целосно дообразован т.е. не се јавува како ценет елемент но исто така и како необразован неможе да се смета
Работи програмер во создавање програми за (Computerized numerical control machine, CNC machine), за контрола и планирање на производството.
Фирматаа е мала, со само 40 вработени а се наоѓа во Нирнберг -Баварија
Прво и само најважно за него е што во графата Lohnsteuerklasse «даночните класи ».кај него е впишана 3 - што е доста поволно . Тројката се дава ако човекот е женет/мажена, а неговата втората половина се наоѓа во класа 5 (што не е баш завидно).
Второ: Професија. тука се’ е кристално јасно.
Трето: Работен месец. На пример месец јуни кој е прикажан на сликата имал 160 работни часа и 20 работни дена. Најкраткиот месец е со 20 дена а најдолгиот со 23 дена.
Четврто: ислата на трудот во часови.-еден час 18 евра
Има и различни доплати за сменска работа( посебно за втора смена, а посебно за ноќна работа) ,но тоа нема да го објаснува оти е небитно во случајов

868060e68b23e3a2e8995c47a41.jpg

на вкупната сума од 2998 евра тој има данок на платата од 228,33 евра или околу 10% од платата како и помош за развој на источна германија од 12,55.евра или вкупно 240,88евра.
Потоа следат придонесите за осигуруваањата од кои не смее да се откаже - здравствено осигурување а тоа е 245,84 евра : и важи за сите членови на семејството. покрива се со исклучок на козметички операции и протетика на заби .Но лечењето на забите, пломби, наркоза и т.н. е покриено со ова обично осигурување Ден во болница чини дополнителни 10 евра .
Потоа за Пензиско осигурување (RV-Beitrag) 283,32 евра, за невработеноста (AV-Beitrag) 44,97 евра и во случај да ја изгуби работата тој во текот на пола година ќе добива помош во висина од 67%.
Потоа 38,23 евра му одбиваат за нега на болен ( во старост доколку има таква потреба )И така му се собраа 613,36 евра одбитоци . околу 20% од платата.Конечниот резултат е 2198,84 евра кои ги добил на сметка.
33800a9db9dd5663f6ed0e13169.jpg

потоа раскажува за трошоците, но за нив утре:sleep:
 
Алал ти вера друже.
Те чекаме за трошоците...
 
Баш стави ги кул, да ги видиме трошоците од Нирнберг во однос на платата чиста што му е 2198 евра, али внимавај на крај ќе ти речат дека лажеш и измислуваш :D
 
Некој се потрудил преку примерот од својата плата да даде целосно инфо за начинот на пресметка на бруто-платата ,висината на даноците, придонесите односно неговата нето плата -конкретно за Германија
:sleep:

Одличено сликовото прикажан пример за месечна примена плата, би посакал ако има некој ваква пресметка за бруто- плата која би ја користиле за понатамошна дискусија....
 
498 еврa/месечно за кирија на трособен стан од 70кв
112 еврa/месечно Струја + греење
40 еврa/месечно Интернет(100Mb) + Телефон
Мобилен телефон мах. 10 еврa/месечно
Или: 660 еврa/месечно
632 евра/годишно за каско осигурување на автомобил (VW Jetta 1.4 2007)
94 евра/годишно данок за автомобилот
Или месечно би дошло : од 726 евра/год по 60,5 на месец.
ова се задолжителните негови трошоци на кои тој неможе да влијае .
се’ што е останато тој троши за храна, забава, гардероба или пак ги заштедува

Прикажана е само неговата плата. Во семејниот буџет влегува уште и платата на жена му. 1300 евра чисти на рака.
за храна не му одат многу пари оти не се хранат во ресторани , а купуваат во дисконти од типот на ALDI Süd и месечно ги чини не повеќе од 200-250 евра, на облека исто така заштедуваат бидејќи купуваат на попусти
Ова се цени за Нирнберг, што значи во некои градови ко Минхен киријата за стан но и висината на платите се повисоки.
Исто така некои не купуваат свои автомобил туку користат каршеринг , т.е. користат/ изнајмуваат туѓ автомобил
 
Сега црниов петок го разочара :( Он мислеше од 2200 евра на крај нема за леб. А него речиси 1300 евра му остануваат за заштеда или патување. Штета кул.

Незнам само каква корист би имале од тоа да ве излажеме, али вие си знаете големи сте.

Еве за храна да допресметате колку се движи, сами со свои очи од маркетите во кои сите купуваат во секој град:
http://www.lidl.de/
http://aldi.de/
http://norma-online.de/_d_/
http://www.netto.de/Pages/HOME.aspx
http://www.kaufland.de/Home/index.jsp
 
Сите овие бројки се точни, освен за киријата... 500 евра месечно за трособен стан, тоа малце тешко такво нешто да најдеш... Али како и да е, 100-200 евра + не прават разлика, значи генерално таква е состојбата каква што ја објасни..

Али сепак, мора да се напомене дека ова е конкретно за Германија, али смешно е тоа да го генерализираш за цела ЕУ (како што стои во насловот). Демек во Бугарија и Романија вакви се цените.. И не само кај нив, еве и во Италија, Шпанија, Летонија, Полска итн итн можат само да сонуваат за вакви работи.
 
не гледам што ти е смешно - никаде не е пишано дека ова се цени за ЕУ. Случајов е конкретен - за Германија, но темата е општа што значи можеш да пишуваш за било која држава членка и да се направи споредба. ама споредба со ШТО? со Македонија ?! тоа му доаѓа ко да споредуваме велосипед со авион-
во некој нареден пост ќе напишам и за други држави, но мслам дека повеќето ги интересираше Германија, па затоа добро е да се задржиме некое време со дискусијата само на и за неа
 
не гледам што ти е смешно - никаде не е пишано дека ова се цени за ЕУ. Случајов е конкретен - за Германија, но темата е општа што значи можеш да пишуваш за било која држава членка и да се направи споредба.

Тоа е веќе окај, јес да во таков случај си можел тоа во првиот пост да објасниш за да се знае која е целта на темата (дека ќе се пишува за секоја земја). Ти во случајот отвори тема „платите во ЕУ“ (и секој под тоа сфаќа дека ќе направиш анализа на платите во ЕУ) а пиша (само) за Германија (и не спомна дека ќе продолжиш да пишуваш за секоја земја една по една), така да не се чуди ако некој ти пише таков коментар...
 
и мене не ми се допаѓа СЕ’ во едно . можеби заради попрегледност требаше одделно за неколку поразвиени држави односно попопуларните да се отворат теми , но дали форумов (модераторите) би дозволиле е знак ?
 
не гледам што ти е смешно - никаде не е пишано дека ова се цени за ЕУ. Случајов е конкретен - за Германија, но темата е општа што значи можеш да пишуваш за било која држава членка и да се направи споредба. ама споредба со ШТО? со Македонија ?! тоа му доаѓа ко да споредуваме велосипед со авион-
во некој нареден пост ќе напишам и за други држави, но мслам дека повеќето ги интересираше Германија, па затоа добро е да се задржиме некое време со дискусијата само на и за неа

Super, mnogu dobro objasneto iako veruvav i bez ova,
Ako mozes ili nekoj drug ako moze nesto u ovoj stil so detali da kaze za Avstria i UK me interesira najmnogu?
Od mene ogromno blagodaram (y)
 
498 еврa/месечно за кирија на трособен стан од 70кв
112 еврa/месечно Струја + греење
40 еврa/месечно Интернет(100Mb) + Телефон
Мобилен телефон мах. 10 еврa/месечно
Или: 660 еврa/месечно
632 евра/годишно за каско осигурување на автомобил (VW Jetta 1.4 2007)
94 евра/годишно данок за автомобилот
Или месечно би дошло : од 726 евра/год по 60,5 на месец.
ова се задолжителните негови трошоци на кои тој неможе да влијае .
се’ што е останато тој троши за храна, забава, гардероба или пак ги заштедува

Прикажана е само неговата плата. Во семејниот буџет влегува уште и платата на жена му. 1300 евра чисти на рака.
за храна не му одат многу пари оти не се хранат во ресторани , а купуваат во дисконти од типот на ALDI Süd и месечно ги чини не повеќе од 200-250 евра, на облека исто така заштедуваат бидејќи купуваат на попусти
Ова се цени за Нирнберг, што значи во некои градови ко Минхен киријата за стан но и висината на платите се повисоки.
Исто така некои не купуваат свои автомобил туку користат каршеринг , т.е. користат/ изнајмуваат туѓ автомобил

Платата на жена му е 1300?што работи она?разликата меѓу неговата и нејзината е голема.ако е 1300 и ако е сама ,баш и ќе нема што да заштеди со таква плата(зборам за платата на жена му).
 
Teмава ми дојде како кец на десетка.

Thank you cool, leandra и сите слични. :)
 
корисно линкче од 2014 ;) http://www.focus.de/finanzen/steuer...-2013-vom-gehalt-uebrig-bleibt_aid_28104.html
внесете ја бруто платата за да знаете колку би зеле нето, плус имате толковен речник на страната за поимите ко на пример со додатоците, детските додатоци итн Kinderfreibeträge ,Freibetrag
 
Платата на жена му е 1300?што работи она?разликата меѓу неговата и нејзината е голема.ако е 1300 и ако е сама ,баш и ќе нема што да заштеди со таква плата(зборам за платата на жена му).
Вели во текстот 1300 евра му останале чисти за штедење или патување плус платата на жена му. Не вели 1300 е платата на жена му. (ако грешам кул нека ме поправи)

Да е сам со 1300 плата нема да седи во 70 квадрати, ќе седи во помал стан. Помал стан помали трошоци. Храна за еден помали трошоци. И кога истиве пресметки би ги направил за еден би трошел комплетно задоволен околу 1000 евра. 300 евра ќе му останат според некоја груба пресметка, се си зависи од личноста, некој сака да шета, некој е либерте некој е штедлив. Посебна математика за секого поединечно си важи. Сигурно неможеме да се рамниме сите меѓу себе, сите сме различни. Плус секоја Република има свои разлики, не е исто во Дортмунд и Нирнберг, не е исто во Берлин, во Хамбург. Секаде е различно. Некаде е стан 400 евра, некаде истата квадратура може да е 550/600 евра. Некаде градинка за деца е 120 евра, некаде до 300 евра стасува. Значи си има разлики секаде. Овде зборува за Баерн една од најбогатите Републики во Германија и исто така и поголеми трошоци има.

Она за даночните стапка, ако си неженет си во класа еден. Кога ќе се ожениш идеш во класа три. Партнерот кој зема помала плата иде во класа пет. Германија има прогресивни даночни стапки во превод кој повеќе зема, тој повеќе ќе плаќа за јавните добра. Ако се двајца системот верува дека платите им се доволни за живот и партнерот со помала плата иде во петката каде даноците се поголеми. Тој со поголема останува со поголема плата и помали даноци. Плус секоја година со даночната пресметка од даночниот советник, Германија им враќа дел од даноците. Ако работиш на место 10 км од место на живеење, ако се дообразуваш, ако купуваш за дома ствари и безброј ситни работи кои даночниот советник ти ги пресметува во Април ги поднесува и ти враќаат назад пари. Просечно Германец добива назад од прилика 900 евра годишно. Странците првата година добиваат повеќе има некоја ставка за преселба која Германија ја плаќа првата година. И ред други даночни ставки.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom