Платата во Кромбер и Шуберт?

Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Локација
Makedonija
Оваа тема ја отворам со цел да се изврши јавен медиумски притисок со
цел да не се оствари најавата од Кромбер и Шуберт во жабени односно општина Битола,
Во однос на големината на платите.
Најавата е дека општиот работник ќе зема плата од 8600 денари, тоа е малку.
а барем 75 до 85% ќе бидат општи работници.
Сметам дека темата ќе си ја оствари целта.

Иако фабриката ќе вработи повеќе од 2000 луѓе, ако се оствари нивниот план за плата тоа ќе биде како голема текстилна фабрика во однос на платите.
Плата од скоро 150 евра е понижување за Битола и Македонија.
 
колку толку, најавено е со 200 души да почнат , па послем да зголемат на 500, до 2000 треба да се разработи. иначе ако земиш во предвид околу 2000 фамилии ќе живеат.
ако гледаме од друга страна 150 евра во денешно време се малце, само сметките неможиш да ги платиш, ама знајш како викаме ние од битола, земаме плата 150 евра, а во месецот трошиме 200евра ;)
 
А бе роб си за тие пари ти даваат доволно колку да преживееш, која инвестиција кои глупости.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
Тема за плата во фабриката Кромберг и Шуберт нема.
Оваа тема е отворена поради конкретниот проблем,
што ќе се појави, доколку се оствари најавата за висината на платата во фабриката.
Секако каква и фабрика да се отвори е убава работа, но
од тоа бенефит треба да има пред се работникот, значи
народот, јас лично сметам дека нема да успее нивната најава за минимална плата поради тоа што нема да најдат работници
за 8600 денари, ако најдат ќе бидат за месец два.
 
Тема за плата во фабриката Кромберг и Шуберт нема.
Оваа тема е отворена поради конкретниот проблем,
што ќе се појави, доколку се оствари најавата за висината на платата во фабриката.
Секако каква и фабрика да се отвори е убава работа, но
од тоа бенефит треба да има пред се работникот, значи
народот, јас лично сметам дека нема да успее нивната најава за минимална плата поради тоа што нема да најдат работници
за 8600 денари, ако најдат ќе бидат за месец два.

А ти зошто мислиш дека отворија фабрика во Македонија? Дека сме многу лични?
 
Општиот работник самиот ќе си одреди дали плата од 8600 денари е малку. Сам ако не знае да се грижи за себе, никој нема да може да му помогне.
Имајќи ја предвид инвестицијата што ја имаат вложено досега, не верувам дека ќе станат и ќе си заминат ако никој не сака да работи кај нив за 8600. Ама ако некој не зема ни толку, кој смее да му ја одземе можноста да работи и да заработи барем толку.
 
виновна за малите плати и нискиот стандард е безработицата......човечки ресурси има со лопати да риниш и за тие пари ќе биадт пополнети сите места до последно......секако дека вакви проекти ни се потребни многу повеќе за да обичниот човек може да бира каде ќе работи,а не вака кога ова му е последна можност за да опстане

инаку чисто се сомневам дека ќе се вработат 2000 души,верувам дека е тоа маркетинг и шпекулација
 
Оваа тема ја отворам со цел да се изврши јавен медиумски притисок со
цел да не се оствари најавата од Кромбер и Шуберт во жабени односно општина Битола,
Во однос на големината на платите.
Најавата е дека општиот работник ќе зема плата од 8600 денари, тоа е малку.
а барем 75 до 85% ќе бидат општи работници.
Сметам дека темата ќе си ја оствари целта.

Иако фабриката ќе вработи повеќе од 2000 луѓе, ако се оствари нивниот план за плата тоа ќе биде како голема текстилна фабрика во однос на платите.
Плата од скоро 150 евра е понижување за Битола и Македонија.
Еве ти еден пост што го напишав пред неколку дена
Добро мораше тема посебна за ова да отвараш што не ги отвори тие теми ќе видиш дека ја има таа информација што ја бараш.Во Бунарџик Џонсон Контрол ,Џонсон Мети се од 300 евра па нагоре платите , што имам правено муабет со луѓе што се во контакт со Кемет електоринкс, они ќе ја следеле политиката во однос на Џонсон Мети и Џонсон Контрол во однос на платите што ги даваат во Бунарџик. Ван Хол ќе си почекаш не ни до пола изградена фабриката! А фабриките во Битола и Кавадарци ,Кромберт и Шуберти и Дрекслмаер ќе имаат за минимум 30% помали плати за разлика од тие што ги има во ТИРЗ Бунарџик. Бунарџик се смета за технолошка зона која повеќе и треба квалитет , и затоа е стационирана во Скопје зошто може да понуди повеќе квалитет повеќе високо образовани лица поголем број на стручњаци итн. А Скопје има повисока просечна плата во однос на другите градови во Македонија. За другите фабрики што се надвор од Скопје како Дрексламер или кромбер и Шуберт каде што ќе има повеќе трудоинтезивна работа таму повеќе се бара квантитет отколку квалитет тие фабрики ќе видат стационирани надвор од Скопје во внатрешноста, каде што платите се каде каде помали од Скопје и каде што има поголем % на невработеност од Скопје. Таа е политиката околу платите индустирските зони и градовите.
--- надополнето: 20 декември 2012 во 16:22 ---
, јас лично сметам дека нема да успее нивната најава за минимална плата поради тоа што нема да најдат работници
за 8600 денари, ако најдат ќе бидат за месец два.
Ич да не им секираш на германците 20 милиони евра нема во ветер да фрлат да не работи фабриката ако не најдат работници за тие пари што ќе работат ќе покачат плати, а дали ќе прифатите да работите за 8600 или за над 12 000 па нагоре зависи од вас, односно од пазарот на труд, понудата и побарувачката. И никој нема право да и кажува на некоја фабрика колку високи плати да дава тоа е одлука на инвеститорот. Никој никого не тера со сила да работи таму . Кој сака нека работи за тие пари. Кој не сака нека не работи за тие пари. Не е оваа државна компанија па да барате од владата да покачува плати. Ако земате во Битола плати над 10 000-12 000 сега тогаш зошто дигате паника нема да најдат доволен број на работници и ќе покачат плати тоа е тоа. Инаку има една тема отворена не гледам зошто се отвара дупла тема.А уште повеќе ме чуди што бара темава во општи муабети. Поздрав и без препукување
 
Затоа што вест на насловна страна и некаде таму во твојот текст не е исто.
Не е 10000 и 12000 платата во Битола, има 8000. 12000, 18000, 24000, 30000 се до 55000 денари за 2500 луѓе во рек Битола.
 
Аман бе 8600 ден. плата... Еден пријател по потекло од Бродско кога ќе земеше плата во поранешната фирма и ќе му ги запреа сите давачки за кредити викаше Ова али плата е, али социјална помош?
 
Ја незнам колку корист има државата од тие слободни индустриски зони...не би ме изненадило во иднина да почнеме пари да им даваме на инвеститорите (ако не сме почнале) само колку да се каже демек еве имаме странски инвестиции, а од друга домашните компании се повеќе се оптоварени со трошоци и се знае што следи отпуштање на вработени посебно во тие мали бизнисчиња кои се први на удар.
 
Па ако има будали да работат за тие пари, не се газдите криви или некој друг,нека никој не работи па после тие (газдите )
сами нека работат со нивните фамилии, ако некој досега не работел може и отсега да не работи наместо да оди на работа за некоја социална помош, А АКО има некоа будала да работи и за 5000 тогаш не може газдите, Грујо, МУЈО или Сранко да биде крив што некој нема три грама мозок.
 
некој вели 8000 некој вели 13 000 за работниците на погон ...кознае кое е вистина....сите лажат аман...а за тие што се во канцелариите како ќе биде? се знае?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom