Кромберг и Шуберт (Индустриска зона Жабени)

Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Над 150 вработени во фабриката Кромберг и Шуберт

11/12/2012

Проектот Индустриска зона Жабени, кој е еден од најзначајните проекти за развојот на Општина Битола и регионот, ги донесе очекуваните резултати. Во фабриката на светски познатиот бренд Кромберг и Шуберт веќе работат над 150 граѓани, а дел од нив се обучуваат во опремените работилници во СОУ Таки Даскало во Битола.
“Вкупно 153 наши граѓани се нововработени, тие се примени, дел од нив веќе работат во Кромберг и Шуберт, некои од нив се на обуки во други земји, кај другите фабрики на инвеститорот, но последниве 80 новопримени треба да се обучуваат пред да влезат во фабриката за работа со таа најсовремена технологија. Се договоривме да дојдеме овде и да најдеме простор во СОУ Таки Даскало за да се обезбеди обуката, директорот прифати, а обуката се одвива во соработка со Кромберг и Шуберт”, рече градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески.
Вработените ги обучуваат експерти кои ја познаваат технологијата која што се користи во Кромберг и Шуберт, а обуката се спроведува во две смени. Преку овие активности училиштето и фабриката Кромберг и Шуберт истовремено и соработуваат, што ветува нови придобивки и за училиштето.
“Многу ми беше мило што можевме да излеземе во пресрет на една реномирана фабрика како што е Кромберг и Шуберт, моментно обуката се спроведува во просториите на нашето училиште. Во соработка со градоначалникот и Општина Битола излегуваме во пресрет на компанијата. Во натамошниот период сме подготвени да излеземе во пресрет со кадар и простор и за други инвеститори доколку има интерес. Кромберг и Шуберт во интерес на ваквата соработка ќе донира материјали потребни за училиштето”, изјави Владимир Трифуновски, директор на СОУ Таки Даскало.
Со ова се отвара можност и за други институции, кои се очекува понатаму да соработуваат со новите инвеститори. Планирано е до крајот на март 2013 година, во фабриката Кромберг и Шуберт да се вработат околу 500 граѓани.
http://www.bi.mk/над-150-вработени-во-фабриката-кромберг/
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
И што И. До сега немаше соодветна тема се пишуваше за ова во неколку теми а често и во несоодветно теми често се идеше офтопик, како на пример за оваа фабрика се пишуваше во тема за Дрекслмаер. А за компанија што вработила до сега 150 луѓе а до март треба 500 луѓе да се вработат а за 2-3 години кога ќе работи со полн капацитет фабриката ќе има 2500 вработени заслужува посебна тема чим 1000 теми некој и без суштина имаат тема.А оваа фабрика ќе приоденесе доста за развој на економијата во пелагонискиот регион. На оваа тема ќе може да дискутира, да се надоплнува итн се што е поврзано со оваа ивестиција итн.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
И ? читам читам и не пишува што ќе се призведува? белки сигурно не произведува зимски кондоми ?
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.081
Презадоволна сум од заложбите на Владата на Република Македонија што и покрај кризата во регионот успева да ја одржи Република Македонија како лидер по бројот на странски инвестиции. Во време кога сите странски инвеститори го повлекуваат својот капитал од другите земји, кога многу луѓе се отпуштани од работните места токму поради кризата, Владата на Република Македонија со своите напори проследени со издржани и докажани економски стратегии не само што носи странски капитал туку овозможува вработување за над150 души.
Ја имаат мојата целосна поддршка.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
И ? читам читам и не пишува што ќе се призведува? белки сигурно не произведува зимски кондоми ?
Објавено 01 септември 2011, во Дневен весник

КОМПАНИИ / ПАЗАРИ / ФИНАНСИИ
Кромберг и Шуберт доби дозвола да гради фабрика во Жабени

Соња Јованова

Фабриката во Жабени ќе изработува кабелски инсталации, пластична технологија и мехатроника за автомобилски компании од Европа. Инвестицијата се проценува на 20 милиони евра, а се најавуваат 2.500 нови вработувања само во првата фаза
Германската компанија Кромберг и Шуберт од идната недела ќе почне со изградба на фабрика за автомобилски делови во индустриската зона Жабени во Битола. Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, соопшти дека компанијата вчера добила одобрение за градба со што завршиле сите формалности и се создале услови од идната недела да почне подготовката на парцелите на кои ќе се гради фабриката за изработка на кабли за возила.
“Условите што ги понудивме резултираа со доаѓање на фирма-гигант во Битола. Денеска го врачивме првото одобрение за градба и очекуваме инвеститорот да почне со подготовка на локациите овој понеделник, а воедно и да повлече други фирми што ќе се стационираат во индустриската зона Жабени. Оваа и другите фабрики значително ќе го намалат проблемот со невработеноста во нашиот град“, потенцираше Талески.
Фабриката во Жабени ќе изработува кабелски инсталации, пластична технологија и мехатроника за автомобилски компании од Европа. Инвестицијата се проценува на 20 милиони евра, а се најавуваат 2.500 нови вработувања само во првата фаза, со можност за максимален капацитет на вработеност од околу 4.000 луѓе.
Консултантската фирма Иванов од Битола која работи за Кромберг и Шуберт, потенцираше дека магацинскиот дел и просторот за производство на кабли ќе биде изграден до март, а административниот објект и партерот ќе бидат завршени кон крајот на мај идната година.
Германската компанија Кромберг и Шуберт постои еден век, има околу десет илјади вработени низ светот и 30 големи фабрики на сите континенти. Позната е по тоа што изработува и пакува кабли за автомобили од светски познатите брендови БМВ, Ауди и Мерцедес.
Германската инвестиција е прва во Жабени, иако пред неколку месеци 19 парцели со површина од 25 хектари беа продадени на странски и домашни инвеститори.
Градоначалникот на Битола, Талески, тогаш истакна дека Фирмите кои ќе градат се од прехранбената индустрија, односно производство и преработка на млеко, фирми кои се определиле за складирање и преработка на овошје, како и фирми од дрвната и текстилната индустрија.
http://www.kapital.mk/MK/dneven_vesnik.aspx/72998/kromberg_i_shubert_dobi_dozvola_da_gradi_fabrika_vo_zhabeni.aspx?iId=2329
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
До сега немаше соодветна тема се пишуваше за ова во неколку теми а често и во несоодветно теми често се идеше офтопик, како на пример за оваа фабрика се пишуваше во тема за Дрекслмаер. А за компанија што вработила до сега 150 луѓе а до март треба 500 луѓе да се вработат а за 2-3 години кога ќе работи со полн капацитет фабриката ќе има 2500 вработени заслужува посебна тема чим 1000 теми некој и без суштина имаат тема.А оваа фабрика ќе приоденесе доста за развој на економијата во пелагонискиот регион. На оваа тема ќе може да дискутира, да се надоплнува итн се што е поврзано со оваа ивестиција итн.
А така... Значи треба чоек да ве испровоцира за да ви текни наместо да копирате комуњарско/вмровски/незнамтијас чиј срања, да склопите 5 реченици на крс со кој 1.560.989,57 пати појасно, поинтересно и потемелно ја доловувате целта на темата.

Е сега друг муабет е каков кадар е потребен таму и колкави се примањата на вработените, со нагласок дека фабриката е на ~10-15 км оддалеченост од Битола, таму живо пиле не пеј, па вработените треба некако да се снаоѓаат со превоз, кој според моите извори не е вклучен во месечните примања. Мада простата математика вика, ако трошиш по 50 денари во правец, тоа ти е 100 денари во ден, или 2500 денари месечно. Ако земаш 10.000 денари, 1/4 од платата ти оди на превоз до работа. Храната тука не ја ставам.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836

Од кај знаеш ти колку и како ќе земаат,и дали превозот ќе им биде платен.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Од кај знаеш ти колку и како ќе земаат,и дали превозот ќе им биде платен.
Познавам едно 10-тина од тие 150 шо се запослени...

За чоек шо ќе дели кабли на пакување (работа со завршено 8-мо) 8.000 денари плата.
 
Член од
26 декември 2011
Мислења
450
Поени од реакции
278
Познавам едно 10-тина од тие 150 шо се запослени...

За чоек шо ќе дели кабли на пакување (работа со завршено 8-мо) 8.000 денари плата.
Чекај бе прво нека земи плата чоеко полсе ќе кажиш...
Незнам шо така наеднаш се степа тука
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.163
Познавам едно 10-тина од тие 150 шо се запослени...

За чоек шо ќе дели кабли на пакување (работа со завршено 8-мо) 8.000 денари плата.
Крцкај си, не е се така лошо како што е претставено.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
А така... Значи треба чоек да ве испровоцира за да ви текни наместо да копирате комуњарско/вмровски/незнамтијас чиј срања, да склопите 5 реченици на крс со кој 1.560.989,57 пати појасно, поинтересно и потемелно ја доловувате целта на темата.

Е сега друг муабет е каков кадар е потребен таму и колкави се примањата на вработените, со нагласок дека фабриката е на ~10-15 км оддалеченост од Битола, таму живо пиле не пеј, па вработените треба некако да се снаоѓаат со превоз, кој според моите извори не е вклучен во месечните примања. Мада простата математика вика, ако трошиш по 50 денари во правец, тоа ти е 100 денари во ден, или 2500 денари месечно. Ако земаш 10.000 денари, 1/4 од платата ти оди на превоз до работа. Храната тука не ја ставам.
Полека ,полека испи еден хелекс или дијазепам,смири се. Инаку сите фабрики во индустриски зони се одалачени 10-15км од градот затоа се викаат зони! И Бунарџик е одалечен од Скопје 20 км! Инаку за такви зони или компанијата организира превоз или дава пари за патни трошкови. За Бунарџик секоја компанија има автобуси кој ги земаат од дома и го носат на работа и обратно! Инаку сигурно платите нема да бидат од минимум 300 евра па нагоре како што е случајот со фабриките во Бунарџик и факт е дека во оваа фабрика дека платите ќе бидат помали за 25-30% од тие што се во бунарџик. Но во најлош случај ќе бидат просечни плати од 200 евра, па нагоре! и во такви компаниии не добива исто плата некој што работи 6 месеци и што работи 4 години нормално тој вториот ќе има повисока плата нешто. Така да ќе има работни позиции и од 12 000 ама и работни позиции од 15 000 и од 20 000 па повеќе денари. Но треба да сфатиш дека една од причините што ја направија оваа фабрика во Битола а не во Скопје е заради пониските плати што се даваат во Битола во споредба со Скопје. За разлика од Бунарџик каде што максимум по фабрика има вработено по 350-400 луѓе и тоа претежно покфалификуван и побразован кадар, оваа фабрика е за 2500 луѓе со пониски кфалификации каде што повеќе ќе се бара квантитет отколку квалитет. на кадарот. А дека ќе вработат 2500 луѓе за по 8000 денари да им работат и дека ќе останат да работат за 8000 денари мало морген. Инаку пред да покачат плати треба да видат дали тие што ги вработиле заслужуваат да работат или не. Тие што се квалитетни работници не само што ќе доббијат некој денар повеќе туку може и унапредување(и поголема плата) да добијат што кај македонска компанија потешко се гледа тој филм
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.010
Поени од реакции
7.721

Не знаеме како ќе биде..ама многу што се пријавиле на огласот кога слушнале дека 8 илјади е платата веднаш се откажале.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Не знаеме како ќе биде..ама многу што се пријавиле на огласот кога слушнале дека 8 илјади е платата веднаш се откажале.
Пазарот на труд ќе ја одреди платата што ќе се дава ако има во Битола повеќе работни места што се нудат а помалку луѓе што барат работа нормално е да се покачи плата. На која точка ќе се сретнат понудата и побарувачката таа ќе биде минимална плата. Инаку прочитај го уштеднаш мојот претходен пост ќе ми ја сфатиш поентата не сум сигурен дека ја сфати.Поздрав. Инаку некој со основно завршено сигурно дека нема да има иста плата и работна позиција со некој што има електор факултетет. На тој со електро факултет сигурно нема да му понудат 8000 плата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom