Пластичен океан

Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Веб-сајт
www.demirhisar.gov.mk
На главна страна на кајгана прочитав нешто што ме остави без зборови...

Премногу ми е неверојатно за да е вистинито...

Срам да ни е...
Куп ѓубре со големина два пати поголема од површината на САД плови по Тихиот Океан. "Островот" од насобраните отпадоци од пластика на површината се наоѓа на околу 500 наутички милји од брегот на Kалифорнија, а се протега се до Јапонија, преку Северниот Пацифик и Хаваи.

Ѓубрето кое плови и кое е наречено "пластична супа" е полупроѕирно и лежи точно под водената површина.

Поради пластичниот отпад секоја година умираат повеќе од милион морски птици и 100 илјади морски цицачи. Шприцови, запалки, лего коцки и останати делови од играчки - сето ова е пронајдено во желудниците на умрените морски птици.

Ваквото загадување е опасно и за луѓето. Хемикалиите кои се наоѓаат во него многу лесно можат да стигнат во ланецот на исхраната. Се што завршува во океанот, на крајот завршува во желудниците на морските животни, а потоа и на нашата трпеза.

Островот од ѓубре е составен од два дела, а се наоѓа од двете страни на Хаваи. Кога ќе стигне до брегот, плажите ќе бидат прекриени со ѓубре.
okeanskogubre1

okeanskogubre2

okeanskogubre3

okeanskogubre4
 
Кинезите со нивните играчки од по 10 денара го прават.1/5 од ѓубрето е на земјите низ светот другото се е на Кинезите
 
Не се само кинезите, замисли колку земји со ниско ниво на култура за жал имаат излез на океан или море поврзано со овој океан, едноставно немаат никакви сваќања за тоа што го прават.
 
Кина, Мексико, Индонезија, Малезија.. од таму е ѓубрето. Катастрофа!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom