Пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 280 40,6%
  • Златен даб

    Гласови: 188 27,2%
  • Amstel

    Гласови: 67 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 77 11,2%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,7%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,5%
  • Други

    Гласови: 122 17,7%

  • Вкупно гласачи
    690
Колку сакам да работам во некоја пивара :sleep:
 
19201-118742.jpg


:love:

Газда на кафиќот кај што работам е официјален дистрибутер за Лашко по Куманово и делови од Македонија. Ги имам пробано сите видови Лашко, и најубаво ми е црно лашко. Мада и обичното е преубаво, дефинитивно едно од најубави пива.
Пред некој ден добивме Корона да продаваме, 150 ден шише. Кражба. Ама си реков, ајде Корона е, мора да се проба еднаш у живот, може ќе немам друга прилика, и со колега делевме пари да земеме едно шише да пробаме, и кога пробав се разочарав тотално. Првин што ме разочара е белата амбалажа, уште од старт ми руши слика за пиво. Второ, вкусот е тапа, погазирано е од Лашко и е благо, ептен женско пивце. Ич не ми прави ќејф.
Досега сум пиел секакви пива, и поубаво од Скопско и Лашко нема, и уште едно холандско пиво ама му го заборавив името, светло плава боја имаше лименката.
 
Море Златен Даб како нагло да го смени вкусот. Подобро од Скопското ми стана.

Да. Многу е сменето, има многу поубав шмек сега, повеќе личи на пиво, не знам дали ми е поубаво од Скопско, не сум се замарал тоа да видам, али дефинитивно ми е многу поубаво на пиење од стариот Даб, не е лошо пиво за тие пари.
Гледам многу пишувате на темава, Хајнекен, Амстел, Корона, воа било, она било. Се правите курнази? Па можам да се кладам дека сте пробале Корона еднаш и затоа викате дека тоа е најдобро, дека само тоа признавате, ко секој ден да го пиете. Исто и за Хајнекен, тоа е квалитетно пиво, да, ама дефинитивно не е пиво за стандард во Македонија, освен ако не сте пратеници.
Се знае за какво пиво дискутираме овде ние обичните смртници. За нискобуџетното. Ако мериме кое е најубаво пиво у свет, ги има мал милион, а се знае што е квалитетно пиво, Ирско, Чешко и Германско. Мада и Белгијциве вадат добро пиво. За оние што не знаеле Корона за наши простори се произведува и точи во Белгија, главен дистрибутер е фирма од Хрватска, ама се произведува под лиценца и стандарди на Корона Мексико.
 
Досега сум пиел секакви пива, и поубаво од Скопско и Лашко нема, и уште едно холандско пиво ама му го заборавив името, светло плава боја имаше лименката.
:icon_lol:

images
 
Не сум кузнај колку искусен бираџија ама досега што сум пробал Амстелот ми е нај питко...
 
А дали се сеќавате на пивото „Јас и Ти“, од пред некоја година, не успеав да го пробам, што ли беше тоа, некоја заебанција, маркетиншки промашај, или двете?
 
Скопско е многу паднато со квалитетот и горчи, поточно ништо не менуваат ако продолжат вака ќе им паѓа прометот. Пример да ги сменат тапите налик на Златен Даб или да направат некој рефреш на амбалажата или сличен маркетиншки трик, кога веќе составот на пивото не го менуваат.
 
Лашко Црно, Скопско и имам желба да го пробам Никшичко.
NikGold мислам дека се викаше, нема да зажалиш. Пиев пред 3-4 години во Будва, и многу ми се допадна. Доста е пријатно за пиење, добар баланс меѓу јако и слабо пиво.
 
Некој порано да ми кажеше дека дека летово Даб ќе ми е омилено пиво ќе му се изнасмеев, затоа што стариот Даб ми беше толку гаден шо ме потсеќаше на школската хранарина шо ја земав во прво оделение со вкус на 'рѓосан плех. Иако бев голем скептик кога го купив првиот ребрендиран даб, со умисла дека само сменале форма на шише, сепак најпозитивно бев изненаден :D.

Иначе покрај дабот, Пилснер и Старопрамен(второво се почесто го гледам кај нас по кафичи,дискотеки и журки) ми се омилени.

Со лашкото ми се скрши филм кога дознав дека сега е полнето во Косово, а дно дна на сите пива ми е Туборгот...едноставно не го можам .
 
Kaко да не! Даб никогаш нема да биде подобро од скопското.

Даб во стаклено шише и скопско во стаклено шише, абе ај ми доаѓа дабот да го истурам.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom