Pinterest.com

The countess

Аристократка
Член од
2 јуни 2012
Мислења
145
Поени од реакции
82
Социјалната мрежа чија идеја е споделувањето само фотографии, Пинтерест, стана трета најпопуларна мрежа во Америка, зад Фејсбук и Твитер.
Во февруари мрежата ги престигна конкурентите како Линкедин и Гугл +.
Популарноста на новата социјална мрежа, која во прв план ги има фотографиите, донесува и ризик од се поголем број на измами.
Едноставниот интерфејс на Пинтерест, е како златен извор за измамници и за вируси.
Каталин Косои, одговорен за безбедност во софтверскиот гигант БитДефендер, вели дека за разлика од Фејсбук и Твитер каде треба со некоја реченица да ве прелажат, обична фотографија ќе ја заврши работата на Пинтерест.
- На Фејсбук и Твитер треба да инсталирате апликација, или да следите некој линк за да го заразите компјутерот. На Пинтерест, пак, се што треба е да кликнете на фотографија - вели Косои.
Повеќето измами на социјалната мрежа вклучуваат истражувања и анкети, така што доколку забележите некоја од нив, паметно е да не ги пополнувате.
Од Пинтерест велат дека се свесни за зголемениот број на измами, но смируваат дека постојано се трудат да најдат начин да ги искоренат.
Веб-страница наречена Pinterest стана една од најжешките социјални мрежи за жени. Тоа е виртуелна табла за огласување со фотографии, рецепти, идеи за украсување и многу повеќе
Елизабет Фрејзер сака да гледа фотографии на кучиња на Пинтрест. "Таквите како мене кои немаат деца, често ги сметаат за деца домашните миленици. Симпатично е кога луѓето ставаат слики од нив на Пинтрест", вели таа. Фрејзер вели дека станала зависна од од овој виртуелен албум на сешто - од патувања, мода, идеи за домот.

Иако е онлајн веќе две години, како последниве неколку месеци да направија бум за Пинтрест, правејќи го една од најбрзо растечките веб-страници воопшто.

Фрејзер вели дека особено ие' се допаѓа што Пинтрест е лесна за користење. Сее' што ќе видите на кое било друго место на Интернет, едноставно го "закачувате" на "таблата" што сте ја креирале на различни теми.

Ребека Колман е писателка од Мериленд. Таа вели дека се "закачила" за Пинтрест кога сфатила дека може да се искористи како средство за маркетинг. На Пинтрест ја промовирала нејзината најнова книга, "Кралството на детството". "Следниот ден откако ја закачив страницата, продажбата скокна. Сигурна сум дека тоа е причината", вели таа.

Пинтрест дури ие' испраќа електронски пораки кога луѓето ја "прикачуваат" нејзината книга.

Таа вели дека Пинтрест е одличен за публицитет. "Слично како вербално ширење на вест, само што е визуелно и може да стигне до многу луѓе", објаснува Колман.

Џејми Брансон е домаќинка. Со пријателка започнала проект, каде во блог пишуваат за нивното искуство со Пинтрест: Мислевме дека ќе е забавно да ги пробаме нештата што ги закачуваме. Да им кажеме на луѓето што излегло добро, а што не".

Тие боеле волница со овошни пијалоци во прав, направиле капа за ќерката, направиле фотографии да изгледаат старински... да им дадат карактер. Многумина ги следат, судејќи по посетеноста на нивниот блог.

А дали Пинтрест е тука да остане? Никој не може да каже. Но засега е - мошне "жежок".


Пинстаграм - комбинација од Пинтерест и Инстаграм

Што ќе се случи доколку Пинтерест и Инстаграм, двете водечки апликации и програми за фотографија, се спојат во едно? Токму тоа се обиделе двајца пријатели да го пробаат.
Па така, тие го добиле Пинстаграм. Кога ќе се вклучите со корисничкиот профил на Инстаграм, вашите фотографии и пинови се гледаат како на Пинтерест. Можете да коментирате и лајкнувате фотографии, а во исто време да пинувате.

Па, имате профили? :)
 
H

HoT IcE

Гостин
Типична социјална мрежа за нафурани девојчиња на кои им е битно да го покажат ново парче облека, или новите плочки во купатило.:icon_mrgr:
Додека машките, место каде што може да се изрекламира набилданиот бицепс и еден куп тегличиња протеини и глупости..:icon_lol:
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Не е нешто толку јако дефинитивно (n) Имам профил но не мие интересно... мада за некои интересно и е да мањачат работи машки/ женски :)
 

SadisticPancake

Fluent sarcasm speaker
Член од
2 јуни 2012
Мислења
3
Поени од реакции
2
Типична социјална мрежа за нафурани девојчиња на кои им е битно да го покажат ново парче облека, или новите плочки во купатило.:icon_mrgr:
Додека машките, место каде што може да се изрекламира набилданиот бицепс и еден куп тегличиња протеини и глупости..:icon_lol:

Е зошто така генрализираш?
Знаеш ли колку надежни фотографи кои заслужуваат просперитет се на Пинтерест?


Јас имам и задоволен сум.
Интересно е многу. :)
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
Имам профиче и добра е мрежата за почеток. Понекогаш се наоѓа нешто интересно иако на твитеров му нема замена
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Интересно е, не дека истиве работи ги нема со гуглање...ама барем делува дека има некаков филтер.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
И мене ми е интересно и ептен забавно. Јас лично го користам за "крадење" идеи :D.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.555
Добар е за разно разни идеи.

На таа социјална мрежа најдов доста интересни идеи за облекување, за украсување за нова година,, гледав доста интересни фотографии кој те инспирираат и ти да фотографираш. Ми се допаѓа што покрај сликата може и да се направи текстот како линк да биде од некој сајт, блог или друга социјална мрежа па кога кликаш те води до таму.

Како што пиша burn84 не дека истиве работи и со гуглање не може да се најдат но тука е доста попрегледно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom