Пинџур

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Едно од најпознатите, а и највкусните Македонски традиционалини јадења е пинџурот. Речиси во секоја Македонска куќа пинџурот е едно од најчесто готвените јадења, посебно во лето.

45a4104d209d9cade79ab8d4c7bbce6f_view_l.jpg


Пинџур од патлиџани

4 патлиџани
зејтин
оригано
ловоров лист
вегета
сол
бибер

Патлиџаните се лупат, се сечкаат на коцкички и се ставаат во едно тенџере. Останатите состојќи се додаваат во тенџерето и се промешуваат. Тенџерето го ставаме на оган некои си 15-20 минути и пинџурот е готов.

Летен пинџур


Потребни состојки:
- 1 кг. зелени пиперки
- 1 кг. домати
- 1 модар патлиџан
- 3 чешниња лук
- масло
- сол


Подготовка:
Измијте ги пиперките, избришете ги и ставете ги да се печат. Доматите исто така измијте ги и ставете ги во рерна да се печат. Испечете го и модриот патлиџан. Пиперките излупете ги и исецкајте ги. Лукот со малку сол истолчете го и додајте ги пиперките. Доматите излупете ги и ситно исецкајте ги заедно со модриот патлиџан. Додајте сол и убаво измешајте. Превријте го маслoто и додајте гo во пинџурoт.


Епа Кајганџии дали пинџурот е дел од вашие омилени јадења?
Како вие го подготвувате пинџурот?
Споделете рецепти за подготовка на пинџур.... Слики од пинџурот кој вие сте го подготвиле...

:)
 
За првпат пробав пред една-две години. Не ми се допадна.
Морам да ставам еден тон сол за да личи на нешто.
И пак не мии се допадна.

Не ги сакам многу ваквите македонски специјалитети, Ниту ајвар не јадам.
не знам, лигаво е, кашасто, не ми се допаѓа.
 
Back
На врв Bottom