Пилешки специјалитети

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
114
ПИЛЕШКО СО КАРАМЕЛИЗИРАН СОС ОД КРОМИД

Потребни состојки:

- 1 пиле од 2 кг
- 5 главици кромид
- 6 страка праз
- 100 гр путер
- 100 гр зрна од пченка
- 50 гр свежи шампињони
- 2 кафени лажици зачин ц
- 50 мл хопла
- 1 пилешка коцка за супа
- 25 гр шеќер
- вода
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка:

На даската за сечење пилето го сечеме на парчиња. На чинија ги ставаме сите преостанати парчиња освен копаните и пилешките гради. На копаните им ги отсрануваме коските. Пилешките гради ги сечкаме на парчиња. Парчињата пилешки гради ги ставаме на чинија. Копаните и поткопаните ги толчиме со дрвен чук. Врз истолчените копани наросуваме мелен црн пипер. Парчињата месо ги ставаме на чинија. Шампињоните ситно ги сечкаме. Исечканите шампињони ги додаваме на чинијата со исечканите пилешки гради. Додаваме 1 кафена лажица зачин ц. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Мешаме со рака. Едниот истолчен пилешки копан го ставаме на даската за сечење. Врз него нанесуваме од филот од бело месо и шампињони. Од вака подготвеното месо свиткуваме ролат. Истата постапка ја повторуваме и со вториот копан. Ролатите ги зацврстуваме со готварски конец. Го ставаме едниот ролат на парче Фино алуминиумска фолија. Го попрскуваме со Брилијант масло за јадење. Го свиткуваме ролатот во фолијата. Истата постапка ја повторуваме и со вториот ролат. Зовриената вода во тенџере на оган ја посолуваме. Врз тенџерето ставаме цедалка. Во цедалката ги ставаме ролатите. Покриваме со капак. Оставаме ролатите да се подготвуваат на пареа десет минути. Во второто тенџере со зовриена вода на оган додаваме масло за јадење. Посолуваме. Празот го сечкаме на долгнавести парчиња. Парчињата праз ги ставаме да се обарат во тенџерето на оган. Во тава за пржење на оган ставаме путер да се растопи. На растопениот путер ги ставаме зрната пченка да се испржат. Во цедалката во која се подготвуваат копаните ги додаваме крилцата и малите копанчиња да се варат на пареа. Тавата со пченка ја тргаме од оган и ја ставаме на работната маса. И тенџерето со праз го тргаме од оган. На ситната страна од рендето во поголем длабок сад ги рендаме главиците кромид. Изренданиот кромид го истураме во цедалка. Потоа го гмечиме со лажица. Содржината од тенџерето во кое се вареше празот, ја истураме во цедалка. Ги оставаме парчињата праз да се исцедат. Во тенџере на оган го ставаме шеќерот. МеШаме за време на пржењето. Потоа во тенџерето додаваме околу 200 мл вода. Ја додаваме и коцката за супа. Откако шеќерот ќе се растопи во тенџерето го додаваме сокот од кромидот. Додаваме уште 200 мл вода. Тенџерето во кое пилешкото месо се подготвуваше на пареа го тргаме од оган. Го вадиме месото од цедалката и го ставаме на даската за сечење. Ја отстрануваме фолијата од ролатите. Во тенџерето на оган додаваме путер. Во тава за пржење на оган ставаме путер да се растопи. На ролатите им го отстрануваме готварскиот конец. Ролатите, крилцата и копанчињата ги ставаме да се пржат во тавата со растопен путер на оган. За време на пржењето парчињата месо ги превртуваме. Наросуваме зачин ц. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Ја тргаме тавата од оган. Ги вадиме парчињата пилешко од тавата и ги ставаме на даската за сечење. Во тенџерето на оган ја додаваме хоплата. Промешуваме. Го тргаме тенџерето од оган.
Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови зелена салата. Ролатите ги сечкаме на парчиња. Парчињата ролат скалесто ги редиме на чИнијата за сервирање. Потоа на чинијата ги сервираме преостанатите парчиња пилешко. Претходно сварените моркови ги сечкаме на тенки долгнавести парчиња. Парчињата моркови ги редиме од другата страна на чинијата за сервирање. Потоа на чинијата ги сервираме парчињата претходно сварени компири. До нив ги сервираме парчињата обарен праз. До празот ги сервираме зрната пченка. Со црпалка Пилешкото го преливаме со сосот од кромид. Декорираме со цвет од лушпа од домат, гранчиња француски магдонос и перца од млад кромид.
 
Пилешки крилца со сусам

Потребни состојки:

- 8 пилешки крилца
- 1 лажица сусам
- 3 чешниња лук
- 1 лажица густин
- 1 пилешка коцка за супа
- 2 лажици шери
- 2 врзопа млад кромид
- 2 лажици соја сос
- 1 лажица црвен пипер
- 1 лажица шеќер
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка:

Во тенџере со зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа. Во поголем длабок сад ги ставаме соја сосот, црвениот пипер, шерито и густинот. Мешаме со лажица. Го додаваме шеќерот. Чешнињата лук ги гмечиме со алатка. Потоа ги додаваме во длабокиот сад. Мешаме со лажица.
На даската за сечење на крилцата им ги отсекуваме краевите. Потоа крилцата ги сечкаме на парчиња. Парчињата ги додаваме во длабокиот сад. Мешаме со лажица за месото да ги впие зачините. Во вок тава на оган го ставаме сусамот да се пржи. Промешуваме и ја протресуваме тавата. Откако сусамот ќе порумени ја тргаме тавата од оган. Ја враќаме тавата на оган и во неа ставаме Брилијант масло за јадење. На загреаното масло ги ставаме парчињата месо да се пржат. Мешаме за време на пржењето. Откако ќе поруменат парчињата пилешко ги вадиме од тавата.
Младиот кромид го сечкаме на поголеми парчиња. Во друга вок тава на оган ги ставаме парчињата млад кромид да се пржат. Промешуваме. Во тавата ги додаваме претходно испржените парчиња пилешко месо. Промешуваме. Потоа со црпалка во тавата ја додаваме супата од коцка. Ја покриваме вок тавата со капак и оставаме да се вари 5 минути. Во вок тавата ја додаваме маринадата во

која стоеја парчињата пилешко месо. Промешуваме. На едната страна на чИнијата за сервирање во форма на тараби ги сервираме парчињата претходно сварени моркови. Од едната страна на морковите ја сервираме претходно сварената брокула. Од другата страна го сервираме обарениот карфиол. Ја тргаме вок тавата од оган. Од другата страна на чинијата за сервирање ги сервираме пилешките крилца. Со лажица крилцата ги преливаме со сосот во кој се подготвуваа. На крајот крилцата и зеленчукот ги наросуваме со сусам.
 
Пиле на марокански начин (Tadjin - така се вика {додадено од Macedalien})

Состојки:

- 1 пиле
- 3 моркова
- 200 гр. ориз
- 30 гр. бадеми
- 50 гр. суво грозје
- 1 чешне лук
- 3 лажици мед
- 1 кафена лажица цимет
- 1 кафена лажица кари
- половина лажица шеќер
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка..

На даската за сечење пилето го посолуваме и го наросуваме со мелен црн пипер и од внатрешната и од надворешната страна. Го ставаме пилето во огноотпорен сад. Го полеваме пилето со вода и додаваме масло за јадење. Огноотпорниот сад го ставаме во рерна. Печеме 1 час на температура од 250 степени.
Бадемите ситно ги сечкаме. Чешнето лук го гмечиме со нож и ситно го сечкаме. Исечканиот лук го додаваме во садот со бадемите. Ги додаваме карито и медот. Додаваме 2-3 лажици врела вода и промешуваме.
Во тенџере налеваме вода и го ставаме на оган. Посолуваме и го додаваме сувото грзоје и циметот. Во тенџерето го додаваме и оризот. Морковите ги сечкаме на кругови.
Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло ги ставаме морковите да се пржат. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Додаваме половина лажица шеќер. Во тавата налеваме околу 300 мл. вода. Вариме додека морковите не омекнат. За време на варењето оризот го промешуваме. По 50 минути печење го вадиме огноотпорниот сад од рерна. Пилето го премачкуваме со смесата од мед и бадеми. Го враќаме огноотпорниот сад во рерна. Кога оризот ќе се свари го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Во тенџерето ги додаваме морковите од тавата. Промешуваме.
Огноотпорниот сад го вадиме од рерна. Го преливаме пилето со сосот во кој се подготвуваше.
 
ПИЛЕ ФРИКАСЕ ВО СОС ОД ПЕЧУРКИ


- 1 пиле
- 200 гр. свежи шампињони
- 250 гр. макарони
- 200 гр. павлака
- 2 моркови
- 1 главица кромид
- 100 гр. путер
- 1 пилешка коцка за супа
- корен и листови од целер
- магдонос
- мајчина душичка
- 50 гр. брашно
- сол и црн пипер


Коренот од пашканат го сечкаме на поголеми коцки и го оставаме во сад настрана. Главицата кромид ја сечкаме на четвртинк, па и неа ја ставаме во сад настрана. Морковите ги сечкаме на кругови и ги оставаме настрана. И коренот од целер о сечкаме на коцки и го ставаме на чинијата со листовите целер.
Потоа го земаме пилето. Го сечеме на парчиња и го оставаме на чинија настрана. На оган ставаме тенџере со вода и во него ги додаваме коренот од пашканат, коренот и листовите од целер, кромидот, морковите и пилешката коцка за супа. Потоа во тенџерето ја додаваме мајчина душичка , магдоносот и парчињата пилешко месо. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер, го покриваме тенџерето со капак и оставаме да врие. Откако месото е варено со лажица решетка парчињата пилешко ги вадиме од тенџерето и ги ставаме во тава за пржење. Потоа со црпалка во цедалка, во еден поголем длабок сад го ставаме зеленчукот. Го притискаме зеленчукот со црпалката. Во тенџре со зовриена вода на оган ги ставаме макароните. Посолуваме. Зеленчукот од цедалката го ставаме во блендер и го пасираме.
На оган ставаме тава за пржење и во неа путерот да се растопи. На даската за сечење шампињоните ги сечкаме на парчиња и ги ставаме во тавата да се пржат. Промешуваме, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Потоа во тавата го додаваме брашното и со црпалка налеваме од супата во која се вареа месото и зеленчукот. Промешуваме и во тавата ја додаваме павлаката. Повторно промешуваме и го додаваме испасираниот зеленчук од блендерот.
Убаво промешуваме и во тавата ги додаваме парчињата пилешко месо. Сварените макарони од тенџерето ги истураме во цедалка и ги плакнеме со студена вода.
На оган ставаме тава за пржење и во неа путер да се растопи. Потоа во тавата ги додаваме исцедените макарони. 6инијата за сервирање ја украсуваме со листови зелена салата. На чинијата ги ставаме макароните, а врз нив парчињата пилешко месо. Пилешкото го преливаме со сосот во кој се подготвуваше, а на чинијата ги вадиме и шампињоните. Еден лимон го сечеме на кругови, а потоа круговите на половина и со нив ја украсуваме чинијата за сервирање. Декорацијата ја завршуваме со гранчиња магдонос.
 
ПИЛЕШКИ МЕДАЉОНИ ВО МУТАРД СОС

- 200 гр. пилешко месо
- 50 гр. путер
- сенф
- нишесте
- црвена пиперка
- копар
- 200 гр. мешан зеленчук за гарнир
- масло за јадење
- сол и црн пипер

На оган ставаме една тава и во неа ставаме путер и масло за јадење. Парчињата пилешко на даската ги толчиме со чук, а потоа на неколку места ги засекуваме со остар нож. Вака подготвените парчиња месо ги ставаме во тавата да се пржат. Посолуваме.
На оган ставаме уште една тава и во неа ставаме путер и масло за јадење. Потоа во тавата го додаваме претходно обарениот мешан зеленчук. Парчињата месо во тавата ги превртуваме за да бидат убаво испржени од сите страни. Во садот со сенфот налеваме вода и убаво мешаме со лажица додека не се соединат сенфот и водата. Испржените парчиња месо ги вадиме на чинија. Потоа во истата тава го додаваме сенфот. Промешуваме, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Потоа во тавата додаваме малку нишесте претходно разредено во вода за да се згусне сосот. Црвенат пиперка ја сечкаме на триаголни парчиња со кои ја украсуваме чинијата за сервирање. Помеѓу парчињата пиперка редиме гранчиња копар.Потоа чинијата ја наросуваме со мелен црн пипер. Мутард сос низ цедалка го ставаме на чинијата за сервирање и со помош на цедалката го размачкуваме по средината на чинијата. Врз сосот ги редиме пилешките медаљони, а околу нив пропржениот мешан зеленчук.
 
Pile za gurmani

6 pileski stekovi
5 dl creme fraiche ( pavlaka)
3 lazici senf
2 lazici tecna soja
biber sol po vkus

Se topli pavlakata senfot i sojata na tivok ogan dur zovrie .
Se stavai pozacinetite pileski stekovi .
Se renda malce kaskaval i ni pola cesne luk i se stava relna na pecenje na 175 edno sat i pol .
Meraci
se servira so kompirce ili oriz zelena salata belo vino i mnogu smek :D
 
Крем канелони со пилешко

потребни производи:

- 2 пилешки копани со поткопани
- 225 гр. канелони
- 175 гр. шунка
- 220 гр. свежи шампињони
- 450 гр. спанаќ
- 40 гр. пармезан
- 175 гр. сирење
- 80 гр. путер
- 2 лажици брашно
- 150 мл. павлака
- 100 мл. бело вино
- 1 пилешка коцка за супа
- неколку гранчиња босилок
- половина кафена лажица сува мајчина душичка
- 3 чешниња лук
- масло за јадење
- сол и црн пипер

подготовка

На пилешките копани им ја засекуваме и им ја отстрануваме кожата. Копаните ги ставаме во тенџере. Во тенџерето налеваме вода. Потоа тенџерето го ставам на оган. Водата во друго тенџере на оган ја посолуваме. Додавам масло за јадење. Водата во тавата на оган ја посолуваме. Канелоните ги ставаме да се варат, во тенџерето со вода, сол и масло. Во посолената зовриена вода во тавата го ставаме претходно исчистениот спанаќ да се обари. Листовите спанаќ ги притискаме за да бидат покрини со вода. Тенџерето со канелоните го тргаме од оган. Содржината ја истурам во цедалка. Ги плакнеме канелоните со студена вода. Откако ќе се исцедат ги ставаме канелоните во поголем длабок сад. Тавата со обарениот спанаќ ја тргаме од оган. Содржината ја истураме во цедалка. Го плакнеме спанаќот со студена вода. Го цедиме спанаќот притискајќи го со рака. Исцедениот спанаќ го ставам во подлабок сад. Во тенџере налевам вода. Тенџерето го ставаме на оган. Во тенџерето ја додаваме коцката да се вари супа. Шампињоните ситно ги сечкаме. Користиме шампињони од производството на Бонум. И чешнињата лук ситно ги сечкаме. На оган ставаме тава за пржење и во неа масло да се загрее. На загреаното масло ги ставаме исечканите шампињони да се пржат. Додаваме уште масло во тавата. Во тавата го додаваме исчканиот лук. Промешуваме. Спанаќот уште еднаш го цедиме со раце. Потоа го сечкаме спанаќот. Исечканиот спанаќ го додаваме во тавата на оган. Во тавата додаваме путер. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Промешуваме. Ја тргаме тавата од оган. Шунката ја сечкаме на коцки. Тенџерето со свареното пилешко месо го тргаме од оган. Содржината ја истураме во цедалка. Го плакнеме месото со студена вода. Ги враќаме копаните во тенџерето. Во тенџерето налеваме вода. На оган ставаме тава за пржење и во на путер да се растопи. Во тавата додаваме и масло за јадење. На загреаната мрснотија го ставаме брашното да се пржи. Мешаме за време на пржењето. Во тавата со црпалка додаваме од супата од коцка. Продолжуваме да мешаме со жица за матење. Го додаваме и белото вино. Во Бешамел сосот ја додаваме павлаката. Мешаме со жицата и го исклучуваме огнот. Мајчината душичка и босилокот ситно ги сечкаме. Потоа ги додаваме во Бешамел сосост. Пилешкото мсо го чистиме од коските. Месото ситно го счкаме. Исечканото месо го додаваме во тавата со Бешамел сосот. Во тавата ја додаваме шунката. Промешуваме. Во тавата го рендаме сирењето. Промешуваме. Ја ставаме тавата на работната маса. Тавата за печење ја попрскуваме со масло за јадење. Со четка ја намрснуваме целата внатрешност на тавата. Во тавата ги ставаме шампињоните со спанаќ. Смесата од пилшко и шунка ја полниме во готварски шприц. Со помош на шприцот ги полниме канелоните. Потоа ги редиме во тавата за печење. Преостанатото сирење го рендаме во тавата со преостанатото пилешко и шунка. Го додаваме пармезанот. Промешуваме. Во тавата додаваме една црпалка супа. Со овој прелив ги преливаме полнетите канелони. Во тавата за печење ја налеваме преостанатата супа. Ја затвораме тавата со висококвалитетна Фино алуминиумска фолија. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 35 минути на температура од 200 степени. Ја вадиме тавата од рерна. Канлеоните со пилшко ги вадиме од тавата и ги ставаме на чинија за сервирање.
 
Леле, цел ден не сум јаден - веќе е 20:13/14 минути....
Дома имам тавче ориз со пилешко за ручек. Немаш појма како ме настрвија рецептиве! Баталувам форум и идам да јадам! :twisted:
 
Не беше намерно :P

Полнети пилешки батаци


- 4 пилешки батаци
- 200 гр чадена сланина
- 50 гр сирење
- 8 до 12 моркови
- една чешна лук
- една китка магдонос
- 50 гр зелени маслинки
- 2 домата
- масло за јадење
- сол и бибер



Во ова јадење ви подготвуваме еден специфичен прилог кон полнетите батаци кој можете да го служите и како посебен оброк.

Во длабок сад ги ставаме исчистените моркови за да се варат полнејќи го садот со вода колку да се покријат морковите.

Пристапуваме кон подготовка на батаците за полнење.
Ги одвојуваме коските од месото на карабатакот, а самиот батак го расекуваме на средина. Месото од карабатакот го рашируваме со рака а потоа го толчиме. Батаците убаво ги посолуваме од двете страни. Потоа им додаваме мелен бибер по вкус.

Подготовка на смесата за полнење.
Половина од количество исчистени маслинки ги ставаме во посебен сад. Им додаваме ситно сецкан лук. Од доматите ја симнуваме лушпата, ги сецкаме на ситни парчиња и ги ставаме во истиот сад. Истот го правиме и со магдоносот. На целата смеса и го додаваме целото количество на сирење кое го дробиме со рака. Смесата ја мешаме и и додаваме бибер по вкус. Со ова смесата за полнење е подготвена.

Во текот на варењето, морковите повремено ги превртуваме.

Батаците ги полниме на делот од карабатакот. Месото го затвораме со чепкалки.


Морковите се полуварени. Еден од нив го сечеме на три дела по должина. Од крајот на половинката правиме фигура по избор.

Загреана скара ја полеваме со масло за јадење и ја посолуваме за да подоцна батаците не ни се лепат за скарата. Најпрвин батаците ги печеме од внатрешната страна, а потоа и од другата се додека не се испечат убаво. При превртувањето треба да внимаваме да не ни истече смесата со која ги полневме.

Варените моркови ги обвиткуваме со парчињата сланина и ги тргаме на страна. Батаците се готови и ги ставаме на чинија со која ќе ги служиме. Потоа на скарата ги потпекуваме морковите обвиткани со чадената сланина. Во текот на печењето повремено ги превртуваме за да убаво се испечат од сите страни.

По кусо време морковите се печени. На крајот од секој морков за декорација му ставаме дршки од магдонос.

Декорацијата ја надополнуваме со неколку гранчиња свеж француски магдонос И неколку кришки свеж лимон.
 
Пилешки копани на италијански


- 4 пилешки копани
- 1 пиперка бабура
- 1 домат
- 1 главица кромид
- 50 гр. доматно пире
- рузмарин
- босилок
- мајчина душичка
- 100 мл. црвено вино
- масло за јадење
- сол и црн пипер


Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. Кромидот ситно го сечкаме и го оставаме во сад настрана. Секој копан од сите страни го посолуваме и го наросуваме со мелен црн пипер. Вака подготвените копани ги ставаме да се пржат во тавата на оган. На бабурата и ги отстрануваме рачката и семките. Потоа ја сечкаме на парчиња. Парчињата бабура ги оставаме на чинија настрана. За време на пржењето копаните ги превртуваме во тавата. На доматот му ја отстрануваме рачката и го лупиме. Излупениот домат го сечкаме на парчиња и го оставаме во сад настрана. Копаните во тавата ги превртуваме и ја покриваме тавата со капак. Босилокот и рузмаринот ситно ги сечкаме и ги оставаме во сад настрана. Го тргаме капакот од тавата, повторно ги превртуваме копаните и тавата ја покриваме со капак. Откако копаните ќе порумент од сите страни во тавата го додаваме исечканиот кромид. Промешуваме. Откако кромидот ќе се испржи во тавата го додаваме црвеното вино. Додаваме и 100 мл. вода, исечканата бабура, исечканиот домат, доматното пире, исечканите зачини и промешуваме. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ја покриваме тавата со капак и оставаме да се динста 20- тина минути. Ја тргаме тавата од оган.
На чинијата за сервирање ги редиме претходно сварените парчиња компири, а потоа пилешките копани. Врз копаните го додаваме зеленчукот од тавата, а украсуваме со гранче рузмарин.
 
Пилешко со кикирики на кинески


- 400 гр. пилешки стек
- 50 гр. кикирики
- 1 црвена бабура
- 1 главица кромид
- рендано морско оревче
- не знам, а и не се појавува натаму?
- 100 гр. ориз
- 1 свежа зелена пиперка
- брашно
- соја сос
- рендан ѓумбир
- 1 лажица шери
- масло за јадење
- сол и црн пипер


На даската за сечење пилешкото месо го сечкаме на коцки. Парчињата пилешко месо ги ставаме во керамичка тава. Месото го полеваме со шери. Потоа го зачинуваме со ренданото морско оревче. Зачинуваме и со ренданиот ѓумбир. Промешуваме.
Зовриената вода во тенџерето на оган ја посолуваме. Потоа во тенџерето го ставаме оризот да се вари. Промешуваме. Го покриваме тенџерето со капак. Кромидот ситно го сечкаме. На бабурата и ја отстрануваме рачката. Потоа бабурата ја сечкаме на тенки кришки. И на зелената пиперка и ги отстрануваме рачката и семките. Потоа ја сечкаме на поголеми парчиња. Во тава на оган ставаме масло за јадење. Во тавата ги ставаме излупените кикирики да се пржат. За време на пржењето промешуваме. Потоа во тавата го додаваме соја сосот. Промешуваме и ја протресуваме тавата. Ја тргаме тавата од оган.
На оган ставаме друга тава. Во тавата ставаме масло за јадење да се загрее. Претходно исечканиот кромид и пиперки ги собираме на чинија. Потоа ги ставаме во тавата на оган да се пржат. Промешуваме. Посолуваме. Зачинуваме со мелен црн пипер. Повторно промешуваме. Ја покриваме тавата со капак.
Потоа во тавата ги додаваме претходно испржените кикирики во соја сос. Промешуваме. Ја тргаме тавата од оган. На оган повторно ја враќаме првата тава. Во тавата додаваме масло за јадење. Во загреаното масло го ставаме пилешкото месо да се пржи. Промешуваме. Ја покриваме тавата со капак. Го тргаме капакот.
Ги превртуваме парчињата месо за да се испржат од сите страни. Повторно ја покриваме тавата со капак. Во тавата со испрженото месо го додаваме преостанатиот соја сос. Промешуваме. Ја протресуваме тавата. Потоа во тавата додаваме 1 лажица брашно. Повторно промешуваме. Налеваме малку вода. Повторно промешуваме. Уште еднаш налеваме вода. Промешуваме. Во тавата ги додаваме испржените пиперки и кикирики. Промешуваме. Ја покриваме тавата со капак. Откако оризот е сварен го тргаме тенџерето од оган. Потоа и тавата ја тргаме од оган и ја ставаме на работната маса. Со црпалка во форма на куп на средината на чинијата го ставаме оризот. Околу него со голема лажица во форма на венец го ставаме пилешкото со кикирики на кинески начин. Украсуваме со гранчиња француски магдонос. Парче домат го сечкаме на ситни коцки. Парчињата домат ги ставаме врз купот од ориз. Декорацијата ја завршуваме со ситно сечкан магдонос.
 
Пилешко соте во сос од лимон

- 800 гр. пилешки стек
- 200 гр. сланина
- путер
- млад кромид
- 2 зелени пиперки
- магдонос
- 200 гр. маринирани шампињони
- 2 главици кромид
- зачин ц
- 2 лимона
- лук
- 200 гр. павлака
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Потребно време за подготовка на овој јадење е 40- тина минути.
На даската за сечење најпрво ситно го сечкаме пилешкото месо. Парчињата месо ги собираме во чинија. Потоа ситно го сечкаме кромидот, па и него го собираме во еден сад.
На оган ставаме една тава за пржење, а во неа масло за јадење и 50 гр. путер. Пиперките ситно ги сечкаме, а исто така и сланината. Во тавата го ставаме исечканиот кромид и пиперките. Скарата ја попрскуваме со масло за јадење и на неа го ставаме исечканото пилешко месо. Месото го попрскуваме со масло за јадење и го промешуваме за да биде рамномерно испечено. Потоа ја промешуваме содржината во тавата и го додаваме испеченото месо. Тавата ја враќаме на оган и во неа ги додаваме сечканата сланина и сечканите шампињони. Промешуваме, посолуваме и зачинуваме со мелен црн пипер. Во тавата додаваме и 1 лажичка зачин ц и ситно сечкан лук. Младиот кромид ситно го сечкаме, а исто така и магдоносот. Ситно рендаме кора од еден лимон и ја додаваме во тавата. Половина лимон го цедиме во цедалка, а сокот го додаваме во тавата. Потоа во тавата ја додаваме павлаката и се убаво промешуваме. На крајот во тавата го додаваме младиот кромид и ја тргаме тавата од оган. Пилешкото соте од тавата го вадиме на чинија за сервирање и го украсуваме со ситно сечкан магдонос и 2 кришки домат на двата краја од чинијата.
 
Пилешко соте со печурки

- 220 гр. пилешко месо
- 100 гр. сечкани маринирани шампињони
- магдонос
- краставица
- путер
- половина главица кромид
- ротквички
- 200 гр. мешан зеленчук за гарнир
- 100 мл. хопла
- масло за јадење
- сол и црн пипер


На оган ставаме една тава и во неа ставаме путер и масло за јадење да се загрее. На даската за сечење кромидот го сечкаме и го додаваме во тавата на оган. Потоа на долги парчиња го сечкаме пилешкиот стек и го додаваме во тавата. Промешуваме. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Повторно промешуваме и оставаме месото да се пржи.
На оган ставаме уште една тава и во неа ставаме путер и масло за јадење да се загрее. Во тавата го додаваме претходно обарениот мешан зеленчук. Тавата со месото ја протресуваме. Промешуваме и ги додаваме шампињоните. Магдоносот ситно го сечкаме. Тавата со зеленчук ја протресуваме, а магдоносот го додаваме во тавата со месо. Уште еднаш промешуваме и оставаме да се пржи. Тавата со зеленчук повторно ја протресуваме и ја тргаме од оган. Во тавата со месото ја додаваме хоплата. Промешуваме и ја тргаме тавата од оган.
На даската з асечење сечеме 3 круга краствица и ги редиме на еден крај од чинијата за сервирање. Врз нив ставаме еден цвет од ротквичка. Потоа на средината на чинијата го сервираме пилешкото соте со печурки. По краевите на чинијата го сервираме пропржениот мешан зеленчук. Декорираме со гранче магдонос на средината на чинијата, а за крај наросуваме мелен црн пипер.
 
Pecenini pileski kopani so oriz

Obrok za 4 osobi

Potrebno e:

4 Pileski kopani
250g Oriz
2 Morkova
2 Glavi kromid
10g Vageta
Zejtin
Sol i crn biper

Pripremanjeto trae 2 casa, a od toa za predpripremanje ke vi treba 1 cas.

1.Kopanite se mijat so mlaka voda i se secat na polovina.

2.Se stava 750 ml voda vo eden golem lonec, se stavaat kopanite vo lonecot i se dodava Zejtin i malku sol.Toa se vari na sreden ogan okolu 40 minuti, za vremetoto na varenjeto na kopanite im se vadi penata so lazica.

3.Morkovite se mijat i se iseckuvat na sitni krugovi, i odkoga ke pomina 30 minuti od varenjeto na kopanite se dodavat morkovite.

4.Kromidot se secka sitno, i stava vo golema tava podmackana so zejtin za da istiot se proprzi.

5.Se dodava vo tavata orizot, vegeta i sol i se przi uste 2 minuti so stalno mesanje.

6.Se prefrluva masata so orizot vo golema keramicka tepsija, i se dodavaat kopanite i seto toa se peci okolu 35 minuti na 225°C, se dodeka ne se ispecat kopanite i orizot.

7.Koga ke se ispece se vadi tepsija od rernata i se stava
 
Пилешко со темјан и дуња
потребни состојки:

- 2 пилешки филети
- 2 дуњи
- 1 пилешка коцка за супа
- 200 мл. хопла
- темјан
- 150мл. бело вино
- масло за јадење
- сол и црн пипер

подготовка:
Дуњите ги лупиме и ги миеме со студена вода. Потоа на даската за сечење дуњите ги сечеме на кругови и им ги отстрануваме семките. Во тенџере налеваме вода и го ставаме на оган. На оган ставаме и тава за пржење, а во неа масло да се загрее. На загреаното масло ги ставаме круговите дуњи да се пржат. Во тенџерето со вода ја ставаме пилешката коцка да се вари. Пилешките филети ги посолуваме и ги наросуваме со мелен црн пипер.
Ги превртуваме парчињата дуњи во тавата. На оган ставаме уште една тава за пржење и во неа масло за јадење. Во тавата ги ставаме пилешките филети да се пржат. Откако ќе се испржат од едната страна филетите ги превртуваме во тавата. Потоа со црпалка во тавата налеваме од пилешката супа. Во тавата го додаваме белото вино и ја покриваме тавата со капак. Откако течноста речиси ќе испари го отвораме капакот и во тавата ја додаваме хоплата. Го промешуваме сосот и ги превртуваме филетите. Потоа во тавата го додаваме темјанот и повторно промешуваме. Ја додаваме преостанатата хопла и оставаме сосот да се згусти.
Од двете страни на чинијата за сервирање ги редиме круговите испржени дуњи. На средината на чинијата редиме листови зелена салата. Ја тргаме тавата од оган и на чинијата за сервирање врз листовите зелена салата ги ставаме пилешките филети. Со црпалка и филетите и дуњите ги преливаме со сосот од тавата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom